МАРИОВО
Во јужниот дел на Република Македонија, помеѓу падините и билата на Селечка Планина, Ниџе, Козјак и Дрен Планина во долината на Црна Река е сместен ридско - планински предел – Мариово.
Низ целата област Мариово протекува Црна Река (средното течение) каде што всушност се наоѓа и најдолгата клисура во Република Македонија, 100 километри долгата Скочивирска Клисура која е исто така една од бесценетите природни убавини на оваа област.
На запад Мариово се граничи со Пелагонија, на југ со Грција (околината на градот Воден и областа Меглен) , на север со регионот Раец (долината на Раечка Река) и на исток со висорамнината Витачево односно Тиквешката Котлина.
Целата област Мариово зафаќа површина од 1 251 km² и е поделено на 3 помали (етно) географски целини Битолско Мариово (поранешната општина Старавина), Прилепско Мариово (поранешната општина Витолиште) и Тиквешко (Кавадаречко) Мариово (западните и средишните делови на поранешната општина Конопиште).
Села во Мариово
Битолско Мариово: Старавина, Маково, Рапеш, Зовиќ, Градешница, Будимирци, Груништа, Орле, Брник, Ивени и Петалино.
Прилепско Мариово: Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Живово , Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште и Гуѓаково
Тиквешко Мариово: Рожден, Клиново, Р'жаново, Мајден и Галиште.
За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по долги размислувња, заминала во харемот на турскиот бег и се жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување. Другата легенда говори за истата Марија, која се вљубила во турчин, но нивната љубов завршила трагично оти таа била христијанка а тој муслиман, а има и многу други легенди.
Мариово е познатo по специфична култура, носии, обичаи, културно и фолклорно наследство, рудни богатства, едемични растенија и др. Ќе се задржиме на неколку од овие карактеристики:
Во мариовскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има во Алшар. Талиумот, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Научниците се обидуваат и ако успеат да го одвојат неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Ако во тоа успеат, човекот, ќе може да произведува мали сонценца, коиќе можат да се пал ат и да се гасат. Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената. Рудникот Алшар се наоѓа триста метри од малото село Мајден, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест километри со калдрма. Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат, најголема тајна на човештвото, бидејќи во него се крие тајната на создавањето на вселената и на Сончевиот систем.
На двесте метри од Алшар има еден постојано зелен рид на кој не смее да оди ниту човек, ниту животно. Во таа има талиум, отров многу поопасен и од арсенот кој, ако се внесе во организмот го соборува дури и крупен добиток што се напасува таму. Лево од Алшар и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Терен околу Алшар, познат како Црвена Долина, содржи многу минерали: аргонит, арсенолит, арсенопирит, калцит, долоит и многу, многу други минерали.
Мариово е значаен флористички локалитет којшто се карактеризира со присуството на растителните видови: алшарска темјанушка (Viola allchariensis) и арсенската темјанушка (Viola arsenica), кои претставуваат македонски ендемити. Локалитетот, под името Алшар, е запишан во Списокот на CORINE биотопи за Македонија.
„Легендите велат дека Алшар ја крие тајната на непобедливоста на фалангата на Александар Македонски. Имено, војската го користела аурипигментот за да ги премачкува своите штитови. На сонце тие давале силен блесок, со што ја заслепувале противничката војска. Затоа, Александар секогаш се борел дење и успевал и со помалобројна војска да победи многу посилни противници.“
Мариово е дом на белоглавиот орел. Најчесто одбира карпести предели со пештери за гнездење, какви што има во изобилство на кањоните на Градешка, Бела и Црна Река. Тој има посебен начин на исхрана, јаде само мрши. Бидејќи не мора да лови, нема снажни канџи како преостанатите грабливци, но затоа има широки големи крилја кои му овозможуваат да прелета огромни простори користејќи ги воздушните термали и ветерот. Од четирите видови мршојадци кои некогаш се гнезделе во Македонија, брадестиот и црниот мршојадец веќе се исчезнати, а преостанатите два, белоглавиот и египетскиот, се пред истребување,