недеља, 16. септембар 2012.

ВОДА

ВОДА
Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот.
Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор.
Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини.
АНОМАЛИЈА НА ВОДАТА
Аномалија на водата. На температура од + 4°С, водата има најголема густина. На пониска температура, волуменот на водата се зголемува, а густината се намалува. Така, мразот има поголем волумен од иста маса течна вода, што значи помала густина. Сите други супстанци се однесуваат обратно (во цврста состојба супстанците имаат поголема густина отколку кога се во течна). Поради тоа ова својство на водата се вика аномалија на водата. Како полесен (со помала густина), мразот плива на површината на водата и не дозволува водата под него да замрзне. Ова својство на водата е многу важно за одржување на животот во природните води, при ниски температури. Од друга страна, оваа неправилност е причина за ронењето (ерозијата) на карпите и пукањето на водоводните цевки.
ВОДОРОДНИ ВРСКИ
Разликите во јачината на водородните врски во течната вода и во мразот се причина за аномалијата на водата. Течната вода има поголема густина од мразот, поради што мразот плива на површината на водата. Ова се должи на послабите водородни врски во мразот во однос на течната вода, што значи дека молекулите во мразот се на поголемо меѓусебно растојание отколку во течната вода. Тоа, пак, од друга страна значи дека иста маса мраз во однос на течната вода зафаќа поголем волумен , односно има помала густина.
ПЛОДОВА ВОДА
Амнионската течност или плодова вода, е течност што го штити бебето од надворешни повреди, удари и бучава, му овозможува слободно движење и создава предуслов за симетричен развојот на скелетот (коските) и мускулите на плодот.
Што е амнионската течност и која е нејзината улога?
Ако стомакот на мајката го замислиме како базен на бебето, тогаш водата во која тоа плива е плодова вода или амнионска течност. Таа е бистра, малку жолтеникава течност, а нејзината улога е повеќекратна: го штити бебето од надворешни повреди, удари и бучава, му овозможува слободно движење, со што се создава предуслов за симетрични развојот на скелетот (коските) и мускулите на бебето. Обезбедува соодветна развојот на белите дробови, бубрезите и гастроинтестиналниот тракт. Амнионската течност циркулира постојано - така бебето ја голта и вдишува, а со издишувањето и мокрењето ја исфрла во својот мал базен.
Како се создава амнионската течност и колкава е нормалната количина?
Амнионска течност се создава во бубрезите и белите дробови на фетусот, особено по 18 недела. Во текот на бременоста, волуменот се зголемува. Најголем е околу 34 недела од бременоста, кога е 1000 - 2000 милилитри, а пред раѓањето (во термин) 800 - 1200 милилитри. Количеството на амнионската течност не треба да биде ниту зголемена ниту намалена. Тоа може да биде показател за одредени пореметувања во развојот на плодот.
Од што се состои амнионската течност?
Аминионската течност се состои главно од вода, протеини, шеќер, натриум и калиум, антибактериски елементи итн. и до почетокот на раѓањето е стерилна. Таа содржи клетки на плодот (обично тоа се клетки од кожата).
 Што е дехидрација?
Дехидрација е состојба која се јавува кога некој ќе изгуби повеќе течност од што прима со што ја пореметува рамнотежата на минерали во телото. Се јавува аномалија со која клетките на телото се без потребната количина на вода.
Водата секојдневно се губи со дишење, потење, уринирање и со пробавата, затоа мораме да ја надоместиме со конзумирање на течности и со храна која содржи вода ( супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).
Просечен возрасен човек, кој живиее во земја со блага клима излачува со урината 1,5 л вода. Додатен литар вода губи со дишење, потење и со пробавата. Храната обично содржи приближно 20% од сите течности кои ги внесуваме. По тие пресметки 2л дневно е доволна количина на течности која треба да ја внесеме во телото.
Препораките на експертите за прехрана се дека мажите треба да внесат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно. Вообичаено (ако го имаме во предвид горниот пристап) знак дека сте внеле доволна количина течности е реткото чувство на жед и излачувањето на приближно 2 литри светло жолта урина.
 РИБАРСКА ПРИКАЗНА Двајца рибари отишле на риболов. Едниот бил искусен рибар, а другиот не. Секојпат, кога искусниот рибар ќе фател голема риба, ќе ја ставел во голема кутија со мраз, за да ја одржува свежа. А кога неискусниот рибар ќе фател голема риба, тој ја враќал назад во водата. Искусниот рибар го набљудувал тој ритуал цел ден, па на крајот од денот, уморен од гледањето како неискусниот рибар ги враќа големите риби назад во водата, го прашал: „Зошто постојано ги враќаш назад во водата сите големи риби, кои преку денот ги фаќаш?“ Неискусниот рибар одговри: „Затоа што имам мала тава!“. ............ Понекогаш и ние самите личиме како тој неискусен рибар, ги отфрламе нашите големи планови, големи сништа, големи работи и големите можности, кои ни се нудат во животот. И сето тоа, само затоа што нашата тава е премала за нашата риба.

субота, 15. септембар 2012.

РУБИН


    РУБИН
    Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

    петак, 14. септембар 2012.

    Чоколадо

    Светски ден на чоколадото - 11 септември
     Чоколадо
    Мешавина од какао паста, шеќер и какао путер, во различни пропорции во зависност од типот на чоколадото (горчливо, слатко-горчливо, црно, бело и тн). Црно чоколадо, има најголема содржина на какао, тоа е мешавина од какао маса, додатен шеќер и какао путер. Млечно чоколадо, претставува мешавина од какао паста, шеќер и млеко. Бело чоколадо се прави од какао путер, шеќер и млеко. Страста за чоколадото не познава возраст. Во државите каде се произведуваат најпознатите трговски марки, чоколадото било издигнато како култ. Таму се изградени музеи на чоколадо, хотели од чоколадо и безброј продавници кои нудат само чоколадо. Во некои градови може да сретнете фестивали на чоколадото, а во други да научите за историјата на ова слатко задоволство. 
    Реклама за македонско чоколадо од 1953 год.:
    Македонија 
    Македонците годишно јадат околу 22000 тони чоколадо, бонбони, вафли и други слатки производи. Годишно увезуваме 11000 тони слатки производи, додека уште толку се произведуваат во Македонија. Најстара македонска фабрика за чоколадо и слатки производи е  ,,Европа". Формирана е 1882 година како занаетчиска работилница за производство на бомбони, локум и слични производи од шеќер, а денес е фабрика со врвен квалитет која своите производи ги пласира во и надвор од Македонија. 
    Швајцарија
    Швајцарија е татковина на некои од најпознатите марки чоколадо, достојно познати како првенци за квалитет во оваа област. Швајцарија е земја со нависока потрошувачка на чоколадо по глава на жител (12 килограми годишно).
    Во 1819 година се отворила првата фабрика за производсво на чоколадо во близина на градот Веве (која денес е во сопственост на “Нестле“). Во 1826 година се појавила фабриката “Сушард“, која од 1884 година почнува да го прави чоколадото “Милка“. Во 1908 година во Берн почнла производството на “Тоблероне“ - добро познатото триаголник блокче со мед и бадем.
    Белгија
    Жителите на оваа земја веруваат дека белгиското чоколадо е храната на шампионите, афродизијак за интинмите парови, слабост на богатите и омилено лакомство на сите други. И кој би можел тоа да го оспори. Белгја е дом на повеќе од 15 фабрики за чоколадо, 16 музеи за чоколадо и на над 2000 продавници за чоколадо. Белгија произведува чоколадо над 170.000 тони годишно. 
    Франција
    Покрај тоа што е позната по производството на облека, вино и сирење, Франција е позната и по чоколадната индустрија. Во малото лозарско гратче Тан Лермитраж кој се наоѓа во близина на Лион, е централата на „Valrhona“. Основан во 1922 година од францускиот мајстор - слаткар, денес оваа марка е една од водечките производители на чоколада во светот, и претежно се фокусира на првокласни, луксузни и декоративни производи. „Valrhona“ има и сопствено училиште за професионални готвачи, мајстори за чоколадо и кетеринг.
    Шпанија
    Малото крајбрежно гратче Villajoyosa - чоколадниот град. Овде се наоѓа седиштето на најстариот производител на чоколадо „Valor“. Градот станува прочуен во 18 - от век, кога почнува да увезува какао зрна од Еквадор и Венецуела. „Valor“ почнува со производство на чоколадо во 1881 година и за кратко време тој бренд станува познат не само во Шпанија туку и во цела Европа. Една од привлечни работи во Villajoyosa е чоколадниот музеј, каде што ќе можете да видите како се приготвува слаткото задоволство.
    МУЗЕИ НА ЧОКОЛАДОТО
    1. The Chocolate Museum, Köln, Германија Сместена на реката Рајна, оваа футуристичка зграда на три ката нуди цела историја на чоколадото, а најголема атракција е познатата чоколадна фонтана. За добредојде на своите гости нуди вафел стапче замотано во топло чоколадо.
     2. Musee les Secrets du Chocolat, Geispolsheim, Франција Содржи театар, соба за чај и гифт шоп во кој може да се купат разни чоколадни производи меѓу кои и чоколадно пиво.
    3. Pannys Amazing World of Chocolate, Phillip Island Chocolate Factory, Newhaven, Phillip Island, Викторија, Канада Е ова е вистинска туристичка акција. Таму можете да видите како се изработува чоколадото, а ќе ве воодушеви и скулптурата на Давид направена од чоколадо и цел чоколаден град.
    4. Choco-Story Chocolate Museum; Bruges, Белгија На 4 ката овој музеј на посетителите нуди информации за производството на чоколадо, може да погледате и филмови во кино салата, а за крај останува дегустирање на чоколадните производи.
    5. Museu de la Xocolata; Барселона, Шпанија Скулптурите во овој музеј се толку импресивни што ќе заборавите да гледате во чоколадото. Скулптурите се од сериозни дела па се до цртани ликови.

    Мешунки какао

     Плодот од каковото дрво ги содржи зрната какао. Мешунките какао висат надоле од стеблото и може да достигнат во дожина и до 30 cm. За секоја мешунка се потребни 4 до 5 месеци за да созрее и содржи 30 до 40 какаови зрна.

    Историја на чоколадото

    Чоколадото започнува да се прави пред околу 2000 години во Централна Америка, во пределот на дождовните шуми. Маите и Ацтеките ги мешале семињата за да добијат помалку горчлив церемонијален напиток, кој бил наменет исклучиво за членовите на кралството. За дрвото се верувало дека е божествено (поради тоа Маите го нарекувале ’какао’ или ’Храна на боговите’), а неговите зрна дури се користеле како средство за размена (со 100 зрна се добивало една мисирка или роб). Популарноста на какото се ширело со цивилизацијата на Ацтеките и веќе доминирало парче од површината на Месоамерика насадена со какаово растение. Но, сеуште во Европа никој незнаел ништо во врска со тоа, се додека Хернандо Кортез не им претставил на шпанците засладена форма позната како "xocoatl". "Хocoatl" набрзо станало познато како "chocolat", сеуште скапо високо популарно за увоз и кое останува во наредните 300 години заштитен симбол за елитен напиток и општествен стасус на европските високи класи.

    Во почетокот на 17-от век, шпанците извезувале чоколадо во прав (иако зрната какао ги чувале за себе како тајна) низ Европа. Како и со шеќерот, така и ова било скапа стока која само малкумина привелигирани можеле да си ја дозволат. Навистина, во Франција чоколадото бил државен монопол и можело да се конзумира само од страна на членовите на кралскиот суд. Како и Маите и Ацтеките пред нив, така и Европејците развиле сопствени ритуали за конзумирање на овој статусен симбол – дизајнирање на украсни порцелани и сребрени сетови за сервирање со цел понатамошно втемелување на нивното богатство и моќ.

    Дури во 19-от век започнува масовно производство на чоколадото. Новите технолошки пронајдоци како што се парната машина, машината за обработка на какаото овозможиле да се произведуваат големи количини на чоколада и тоа ефтино и брзо. Слатки, кремирани, цврсти чоколадни бонбони за јадење биле сега достапни во однос на цената за многу поширока јавност. Денес, обработката на какаото во основа останува иста како од времето на Ацтеките. Но модерните машини и техники кои се применуваат доста го имаат подобрено како квалитетот на чоколадото така и квалитетот на различните варијации на вкусови и форми кои произлегуваат од него. После Втората Светска Војна, забележан е голем напредок во правењето на квалитетно чоколадо од страна на оние кои произведувале чоколадни производи во земјите како што се Франција и Белгија. Резултатот од она што е чоколадото во денешна Европа е секојдневен производ со задоволство во конзумирањето.
    фустани од чоколадо

    четвртак, 13. септембар 2012.

    Ѕуница (виножито, божилак)

    Ѕуница (виножито, божилак)
    Народни објаснувања:
    Кога по дождот ќе се појави ѕуницата (божилак, ѕунка, виножито) народот верувал дека наскоро нема да заврне дожд. Исто така верувал дека оној што може ѕуницата да ја прескокне или да помине под неа, може да го смени полот: машко да се престори во женско и обратно. 
    Тамо каде што краиштата на ѕуницата паѓаат, народот велел дека таа пие вода, а некои верувале дека таму било закопано благо. Народот ги толкувал и боите не ѕуницата: за црвената велел дека е вино, зелената - сеидбата (посевите), жолтата кожурци (чаури ), сината - пари. Која боја преовладувала, тоа ќе го имало во годината во изобилство. Другите бои на ѕуницата народот не ги препознавал.
     Научни објаснувања:
    Ѕуница (уште наречена Божилак или Виножитото) е оптички и метеоролошки феномен кој се базира на принципот на дисперзија на светлината.
    До појавата на Ѕуницата доаѓа поради појавите на прекршување на светлината, како и појавата на тотална рефлексија. Сите тие појави настануваат во ситните капки вода, кога истовремено врне дожд и грее Сонце. Во секоја капка доаѓа до разложување на белата светлина како во мали призми. Во водата, како и во стаклото светлината со различни бранови должини има различни брзини на ширење. Тоа значи дека различно се прекршуваат. Светлината која има најкуса бранова должина (виолетовата) најмногу се прекршува, а тие со подолгите бранови должини се прекршуваат помалку. Црвената светлина има најголема бранова должина и таа најмалку се прекршува. Во илјадници ситни дождовни капки даѓа до вакво разложување на белата сончева светлина во нејзините бои создавајќи прекрасн лак од боите на спектарот (црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, виолетова)