понедељак, 12. август 2013.

УРМИ



Постојат околу 100 вида урми, во минатото се нарекувани „лебот на пустината“.Тие се плод на палма која се одгле­дува на Сред­ниот исток повеќе од 5.000 години. Ста­нува збор за слатко овошје кое по формата  многу наликува на маслинка, а се состои од плод и семка. Се кон­су­ми­раат суви, полу­суви и свежи. Се смета дека овој плод потек­нува од Северна Африка, а денес се одгле­дува во сите тро­пски и суптро­пски кра­и­шта. Един­ствено нешто што ѝ пречи на урмата е голе­мата вла­жност, па затоа пло­до­вите во тро­пските кра­и­шта се многу помали. Една план­тажа се наоѓа во Европа, во бли­зина на шпан­скиот град Елче. Урмите се кон­су­ми­раат на различни начини. Некаде се гла­зи­раат со сируп од шеќер и се слу­жат како брз оброк. Може да бидат полнети со бадеми, ореви, кора од лимон, пор­то­кал или мар­ци­пан. Во многу земји тие се дел од бројни оброци. Во пуди­зни, торти, пре­ливи, сирупи, оцет или алкохол. Урмите содр­жат големо коли­че­ство на танин и во меди­ци­ната често се кори­стат за про­чи­сту­вање на орга­ни­змот. Сиру­пот или пастата од урми може да се кори­сти при болно грло, настинка, нама­лу­вање на болки при грип. Коре­нот од палмата се кори­сти при забоболка. Урмата има голема хранлива вредност. Тие содржат 80 отсто јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави. Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се најактуелни за време на божикните празници. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум. Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии. Оксидансите од урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак.

недеља, 21. јул 2013.

Камилица



Камилица
Камилицата (matricaria chamomilla) се користела како лек уште во стариот век.  Лекарите од тоа време ја употребувале камилицата во терапија на болни, а нејзината употреба се задржала и до денес. Најделотворно е етерското масло од камилица. Етерското масло е многу богато со корисни состојки, меѓу кои и хамазулен, бисаболол и сескви терпени. Етерското масло од камилица има многу широк спектар на фармаколошки својства, како што се антисептичните својства (ги уништува микроорганизмите предизвикувачи на заболувања) и антивоспалителните својства. Камилицата е една од најчесто употребуваните билки против воспаление на слузницата на устата и грлото. Чај од билката се дава при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на крајници и на грло. При овие состојби може или да се прави гаргара или да се инхалира пареата од концентриран чај. Многу поголема е ефикасноста кога за инхалација се користи чисто етерско масло, кое се додава во затоплената вода и потоа се инхалира три до пет пати на ден. Етерското масло од камилица има голема моќ за омекнување на секретите од воспалените дишни органи и со тоа придонесува за полесно искашлување. Затоа етерското масло се употребува при бронхит, астма, грип и настинка. Се користи при астма и други алергии со исклучок на алергиите предизвикани од поленов прав. Чајот од камилица предизвикува засилено потење и затоа е препорачливо да се пие при грип и настинка. Потењето е природен механизам на организмот за намалување на телесната температура и за исфрлање на токсините. Многу често камилицата се комбинира со други билки за да се добијат ефикасни билни препарати за искашлување. Таков пример се и таблетите "бронхал". Покрај камилица, тие во својот состав содржат и екстракти од бозел, ленено семе, ѓумбир, сладок корен (слатко дрвце) и босилек.
Екстрактите од камилица имаат и други фармаколошки дејства - против гасови во црева, диуретично дејство (го забрзува исфрлањето на течности) и спазмолитичното дејство (против болки и грчеви во внатрешни органи). Ваквите дејства се должат не само на присуството на етерско масло, туку и на флавоноиди, кумарини, смоли, слузи и танини. Поради спазмолитичното дејство, камилицата помага за ублажување на менструалните и другите стомачни болки. Се употребува при гастрит, чир на желудникот, дванаесетпрсно црево, воспаление на дебело црево, гасови во цреварта и воспаление на жолчката.
Кај новороденчињата камилицата се користи против грчеви во стомак. Надворешно, компреси од концентриран чај (2 големи лажици во 200 ml вода) од камилица лекуваат воспаленија на кожата, чиреви, апсцеси (насобран гној во ткиво), фистули во пределот на анусот, хемороиди и слично.
Покрај антисептичното и антивоспалителното дејство, за надворешната употреба е значајно и епителизантното својство (го обновува епителот). При изгореници и егземи најдобро е да се употребуваат компреси од ладна камилица. Камилицата може да се употребува и во купки за
релаксирање на болните и заморени мускули.
Во козметиката камилицата се употребува за чистење и омекнување на кожата и за нега и хигиена на косата. Екстрактите од камилица се додаваат во разни козметички препарати,
,шампони  масти, кремови, лосиони и др.

ГРОЗЈЕ

Македонија - ризница на здрава храна

ГРОЗЈЕ
Грозјето е топчест плод на виновата лоза, кој се одгледува низ целиот свет. Уште во античкиот период, Египќаните, Феничаните, Грците и Римјаните ја одгледувале и облагодарувале виновата лоза поради лековитото дејство на неферментираниот сок од грозје. Првите податоци велат дека винова лоза се одгледувалa уште пред 8.000 години на територијата на денешен Иран. И египетските хиероглифи покажуваат одгледување на грозје. Се одгледува на подрачја на кои има изобилство од сончеви зраци. 

Денес се одгледуваат голем број видови грозје, од кои 12 се основа за производство на најголем дел од вината во светот. Грозјето може да го поделиме на десертно и винско грозје, а во тие рамки на црно и бело грозје. Cabernet Sauvignon, Merlot, Nebbiolo, Pinot, Syrah и Sangiovese се најпознати сорти црно грозје. Од белото грозје ќе ги издвоиме Chardonnay, Traminec, Rizling, Semillon. Грозјето се користи како индустриска суровина за производство на сок, вино, вински оцет, коњак и други пијалоци. Од семките на грозјето се произведува ароматизирано масло. Грозјето е многу вкусно и здраво овошје. Тоа не само што освежува, туку се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии. Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно хранливо овошје. Содржи околу 20% шеќер, па е енергетска намирница. Грозјето е важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство. Поради разните антиоксидаси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите. Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на старењето, односно ја спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести. Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје. Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“ холерстерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести. Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул.
 СУВО ГРОЗЈЕ
Од одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите. Истражувањата покажуваат дека сувото грозје помага во ублажувањето на голем број на тегоби.
Сувото грозје поволно делува на срцето и мозокот, содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул и штити од срцев удар.
Сувото грозје превентивно делува против ракот. Помага во спречувањето на малигните заболувања, па дури може и да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.
Сувото грозје ги одржува здрави забите. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина. Сувото грозје е извор на енергија и помага при губиток на килограмите, се препорачува како ужина меѓу главните оброци, бидејќи брзо не заситува. Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ни помогне полесно да го издржиме физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе не засити и нема да чувствуваме глад. Сувото грозје ја подобрува работата на цревата, се покажало како идеален лек за проблемите со органите на варење. Ја подобрува работата на цревата и го забрзува нивното празнење, па е природен лек против запекот и сличните болести, кои го зафаќаат системот за варење. Сувото грозје помага при напнатост и нервоза, може да ни помогне да ја намалиме напнатоста и нервозата.
Сувото грозје има антивирусно дејство, состојките во сувото грозје имаат и антивирусно дејство. Тие го зајакнуваат природниот имунитет на организмот и му овозмозуваат поефикасно да се бори против вирусите и другите микроорганизми, се покажало особено ефикасно при инфекции со полиовирусот и херпес симплекс вирусот.
 Вински оцет
Винсиот оцет лади и стега, го смирува проливот и крварењето. Од вински оцет се приготвуваат облоги за разни заболувања. Повременото миење на целото тело со смеса од оцет и вода ја чисти кожата и ги отвара порите, ја подобрува циркулацијаата, а со тоа организмот станува поотпорен на разни болести и штетни влијанија од надворешната средина.

среда, 10. јул 2013.

КОЛАЧ СО СЛИВИ (ВИШНИ)

КОЛАЧ СО СЛИВИ

Потребно: 6 јајца,12 лажици шеќер,12 лажици брашно, 3 лажици масло за јадење,1 прашок за печиво, 250 грама сливи или вишни, 1 ванилин шеќер или кора од 1 лимон.

1. Сливите се чистат од семките и сечкаат (вишните не се сечкаат).
2. Шеќерот заедно со јајцата убаво се изматува со миксер.
3. Се додаваат останатите состојќи (но не и сливите, односно вишните) и продолжуваме да матиме со миксер додека не се добие хомогена смеса.
4. Смесата се лее во плех подмачкан со масло за јадење и набрашнет или во калапчиња.
5. Одозгора се расфрлаат исечканите сливи или вишни.

6. Се пече со загреана рерна на 200 степени целзиусови додека не се вцрви.

Се служи со или без додатоци.