Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 18. март 2016.

РАБОТА и ЕНЕРГИЈА

Прашања и задачи:


1. Што е механичка работа?


2. Кога потенцијалната енергија на едно тело во однос на Земјата е  еднаква на нула?


3. Како ја дефинираме единицата мерка за работа – 1 џул?


4. Како њутн го има дефинирано Законот за акција и реакција?


5. Како гласи Златното правило на механиката?


6. Колкава маса има телото што се наоѓа на висина 15 m и има потенцијална енергија од  600 Ј?


7. Во хидроцентрала со висина од 60 m на турбината паѓаат 3m3 вода во секунда. Колкава е моќноста на турбината ако ја прима сета енергија на водата?


8. Телата што паѓаат слободно имаат се поголема  брзина. На крај од првата секунда телото има брзина од 10 m/s, на крај од втората секунда 20 m/s, на крај од третата секунда 30 m/s. Колкава кинетичка  енергија има каменот со маса 5 kg при крај на втората секунда од паѓањето?


9. Од бунарот се вади сад со вода со волумен од 50 литри. При тоа се врши работа од приближно 10 kJ. Колку е длабок бунарот?


10. Колкав коефициент на полезно дејство има  хидроцентрала во која во секоја секунда паѓаа 250000 kg вода од висина 50 m  и дава електрична струја со моќност 100 МW?


11. Кога велиме дека телото поседува енергија?


12. Во кои случаи еластичните тела можат да поседуваат потенцијална енергија иако не се поткренати на некоја висина?


13. Што претставува коефициент на полезното дејство на машината?


14. Како Њутн го има дефинирано Законот за инерција?


15. Кога моќноста има вредност од 1 W?


16. Колкава е потенцијалната гравитациска енергија на тело со маса 8 kg ако се наоѓа  на висина од 12 m?


17. Колкава работа ќе изврши електромотор со моќност од 3 kW за половина час?


18. Колкава сила употребува работникот  при кревање на буре со маса 180 kg на висина од 1,5 m со помош на наведнатата (закосена) рамнина со должина 4,5 m?


19. Со пумпа треба да се подигне вода со волумен 5 m3 на висина од 5 m за  време од 0,5 минути. Колкава е моќноста на оваа пумпа?


20. Ученикот добил задача да ја исече дрвената штица со ширина од 8 cm. Ученикот ја движел пиличката напред и назад за 50 cm  и дејствувал со сила од 6 N . Колкава работа треба да изврши ученикот за да ја пресече штицата ако при секое  движење со пиличката навлегува по 2 mm во дрвото.