петак, 2. децембар 2011.

ЗЕЛКА


МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
 
ЗЕЛКА
Пред многу илјади години зелката како неполезно растение ратело по должината на морските брегови во разни краиштана Европа. Имала истакнато жолти цветови и набрчкани лисја. Од тоа диво растение се одгледани над 150 подвидови.  Најпознатите подвидови се обичната зелка, кељот, карфиолот, келерабата и др. 
Обичната зелка има една средишна пупка или корен, околу кои растат и се свиткуваат листовите во голема цврста главичка. Црвената и белата зелка имаат мазни листови. Како што знаеме, свежата зелка се јаде сурова како салата, се готви како зеленчук, се кисели и тн.
Кељот личи на дива зелка зошто сите лисја му израснуваат до полна големина и остануваат одделени еден од друг.
Прокељот е некаде на средина, како подвид помеѓу зелката и кељот. На средишното стебло се создаваат мали главички, слични на зелката, а над нив израснуваат крупни лисја што стојат одделно.
Кај карфиолот ги јадеме нежните, вкусни пупки на цветовите, а не лисјата. Тие пупки прават цврста маса, околу која растат неколку листови. Келерабата има топчесто здебелено стебло веднаш над земјата и тие здебелени делови се јадат кога се млади и нежни. 
Зелката има мала енергатска вредност. Во 100 g зелка има  25 килокалории, а киселата 22 килокакории. Нејзината најголема вредност е богатството со минерални состојки и со витамини. Најбогата е со калиум, магнезиум, сулфур и бакар. Според содржината на витаминот С, може да се мери со лимонот и со портокалот (во100 g зелка има 50 mg витамин C). Не се занемарливи ни витамините B, A, K и други, како и разните ферменти. 
Зелка како лек
Во свежа состојба или како кисела зелка покажува лековити својства во лекувањето на чир на желудникот, ја штити слузокожата, го јакне имунитетот од многу болести, го зголемува хемоглобинот во крвта и ја лекува малокрвноста, влијае врз нормализирањето на крвниот притисок, ги лекува хроничниот запек и ревмата, ја намалува опасноста од рак на дебелото црево.  
Диета со зелка:
Сварете супа од 5 големи главички кромид, 2 зелени пиперки, 1 или 2 конзерви домати, 1 китка целер, сол, 1 поголема главичка зелка, магдонос, бибер, по желба можете да ставите и лути пиперчиња.
Подготвување:
Исечканите зеленчуци прелијте ги со вода и варете додека зеленчукот не омекне. Оваа супа се јаде кога се почувствува глад и колку што се сака. Колку повеќе се јаде, повеќе се слабее. Со оваа супа може да се јаде и следново: 
ПРВ ДЕН: Секаков вид на овошје освен банани. Се јаде само супа и овошје. За пијалок може незасладен чај и незасладено црно кафе и вода.
ВТОР ДЕН: Секаков вид на зеленчук освен боранија, грашок, пченка. За вечера изедете еден голем печен компир со путер. Не јадете овошје и не заборавајте да јадете од супата, минимум една дневно. 
ТРЕТ ДЕН: Јадете супа, овошје, зеленчук колку што сакате. Не јадете печени компири. 
ЧЕТВРТИ ДЕН: Изедете до три банани во текот на денот, супа и пијте немасно млеко колку што сакате.
ПЕТТИ ДЕН: Изедете 300 - 600 g говедско месо и  6 домати. Обидете се да испиете 6 до 8 чаши вода и барем една чинија супа. 
ШЕСТТИ ДЕН: Можете да изедете колку што сакате говедско месо и зеленлук. Се разбира јадете и од супата.
СЕДМИ ДЕН:  Можете да изедете колку што сакате кафеав ориз и зеленчук, а задолжително јадете ја и супата. 

ЗАБРАНЕТО КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ И ЛЕБ.
ДОЗВОЛЕНО: Вода, незасладени чаеви, црно кафе, незасладени сокови и немасно млеко. 

УШТЕ ЕДЕН НАЧИН ДА ГИ ЗАГУБИТЕ КИЛОГРАМИТЕ, ДА ГО ИСЧИСТИТЕ ОРГАНИЗМОТ, А ПРИТОА ДА СТЕ ПОЛНИ СО ЕНЕРГИЈА
Пробајте го овој рецепт: Исечете ја зелката на парчиња и исцедете ја. Две третини од овој сок измешајте со една третина сок од лимон. Ке добиете сок богат со хлор, железо и магнезиум што предизвикува слабеење.
 ОБИДЕТЕ СЕ ДА ЗГОТВИТЕ:
МУСАКА ОД КАРФИОЛ
Потребни состојки:
1 главичка карфиол, 1 главичка кромид, 1 kg јагнешки или телешки изнутрици, 1 јајце, 1 лажичка брашно, малку млеко, 50 ml масло за јадење.
- Еден поголем карфиол го вариме во солена вода и цедиме. Во 30 g масло пржиме една главичка ситно исечкан кромид и 1kg иситнети јагнешки или телешки изнутрици, ги посолуваме и побиберуваме по вкус.Еден плех за печење го помастуваме и редиме ред карфиол, ред изнутрици водејќи сметка одозгора да биде карфиол.  Едно јајце матиме со малку млеко и 1 лажичка брашно. Изматеното јајце го прелеваме преку мусаката и попрскуваме со малку масло. Мусаката ја печеме 20 минути во претходно загреана рерна.

САРМА ОД КИСЕЛА ЗЕЛКА
Потребни состијки за 10 порции:
2 главички кисела зелка, 1,2 kg мелено месо, 0,1 kg ориз, 0,2 kg кромид, 0,05 kg брашно, 0,5 kg сува сланина или суви свински ребра, мелен бибер, сол, 2 јајца, магдонос, црвен пипер и суви лути пиперки. 
- Ситно сечкан кромид се става да се пржи, во него се додава ситно сечкана сува сланина, а потоа мелено месо. Месото малку се пржи и се тргнува од оган. Во него се додава ориз сол, мелен бибер, ситно сечкан магдонос, јајца и црвен пипер. Со овој фил се полнат листови од кисела зелка на кои претходно им е отстранет коренестиот здебелен дел. Завитканите сарми се редат во сад на подлога од кисела зелка сечена на резанки. Над секој ред се става парче сува сланина или суви ребра. Се додаваат суви лути пиперки, лорбер, се налева со вода и се става на тивок оган да се вари најмалку 4 до 5 часа односно се подготвува за наредниот ден. Кога сармата е готова се запржува со тенка црвена запршка. Кога се сервира се додава и парче суво месо или сува сланина која се варела заедно со сармата. 



Нема коментара:

Постави коментар