недеља, 31. јул 2016.

МУДРЕЦОТ И ДЕТЕТО

МУДРЕЦОТ И ДЕТЕТО
Едно момче дошло кај познат мудрец со цел да го изигра. Момчето ги ставило рацете зад неговиот грб и го прашало мудрецот да му одговори на едно прашање. 
Дали врапчето што го држи во рака е мртво или живо? 
- Мртво, по кратко размислување одговорил мудрецот. 
Момчето се насмевнало и ја отворила раката и врапчето летнало. 
- Гледаш не погоди, рече момчето.
- Точно не погодив, но ако ти кажев дека врапчето е живо ти ќе го стегнеше и ќе го убиеше, но не сакав тоа да се случи и затоа кажав дека е мртво. 
Одговорот сепак се криеше во твоите раце.

СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ

СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ
Според житието Свети Прохор Пчињски потекнувал од некое село од Овчеполието. Родителите, татко му Јован и мајка му Ана биле чесни и побожни луѓе што долго немале деца. Поради тоа биле несреќни и секогаш го молеле Бога да им даде пород. И по многу години Бог ги дарувал со машка рожба на која и ставиле име Прохор. Му се радувале и го воспитувале во христијански дух, а кога пораснал сакале да го оженат, да формира семејство и да го наследи имотот. Но Прохор сакал да му се посвети на Бога. Еднаш во црквата ги слушнал овие зборови од светото Евангелие: „Кој го сака својот татко, или својата мајка повеќе од мене, не ми е достоен, кој ја сака жената или децата повеќе од мене, не ми е достоен; кој сака да го земе својот крст и по мене да дојде - стопати ќе биде примен и вечниот живот ќе го наследи“. По излегувањето од црквата Прохор се упатил кон планината и започнал испоснички живот. Најпрвин живеел во една пештера во близината на селото Старо Нагоричане, Кумановско. Се хранел со зелје и корења од трева, живеел во пост и молитви, зиме на мраз, лете во пот. На тоа место без да види човек, а дружејќи се само со дивите ѕверови минал 32 години.Тука имал средба и со Роман Диоген, идниот цар на Византија, на кого му ја претскажал иднината. Имено, житието раскажува дека еднаш кога Диоген бил на лов во овој крај бркал една срна. Срната дошла пред пештерата и легнала пред нозете на светецот. Потоа по неа дошол и Диоген кој се исплашил од глетката и се засрамил од старецот, поради што почнал да бега од местото. Но и се изненадил кога старецот го повикал по име: „Диогене, немој да бегаш, но врати се, и јас сум човек“. А кога се вратил кај старецот барајќи прошка и благослов овој му рекол: „Диогене, речено е да одиш во Цариград и да бидеш цар, но кога ќе дојдеш на престолот спомени ме мене, старецот, поради пророштвото што ти го изреков“. Диоген навистина станал цар на Византија во периодот 1067-1071 година, и тогаш го заборавил светиот Прохор. Овој пак монашкиот живот го продолжил во планината Козјак во една пештера во близината на реката Пчињ,а каде што и умрел на 14-тиот ден од месецот октомври, а неговото тело долго не се распаднало. Царот Роман Диоген навистина заборавил на светиот старец но еднаш тој му се јавил во сонот и му рекол: „Ја заборави твојата облека и мене старецот“. Тогаш тој тргнал да го бара на местото каде што ја имал чудната средба со него и со срната. А кога не го нашол, за спомен изградил убава црква што и денес ги восхитува случајните и намерните посетители на селото Старо Нагоричане. А кога сакал да се врати во Цариград пак во сонот му се јавил светецот и му рекол дека ако го бара ќе го најде во планината. Царот со придружбата тргнале низ планината и на едно место виделе како бел орел излегува од една пештера. Во таа пештера го нашле телото на светецот уште нераспаднато. Царот и придружбата се поклониле пред светите мошти, и ги понесле кон реката со намера да ги положат во манастирот посветен на неговиот спомен. На едно место ковчегот со светите мошти застанал и не можеле да го помрднат, а светецот во сонот му рекол на царот: „Нема да ме однесеш оттука“. Тука е изграден манастирот што го носи името на Свети Прохор Пчињски, а неговите свети мошти и денес лежат во црквата од десната страна на олтарот. Царот Диоген по овие настани среќен се вратил во Цариград. Свети Прохор Пчињски починал на 14 септември (с.с.), но поради тоа што на овој ден се празнува големиот празник Воздвижение на чесниот крест (Крстовден) празнувањето на преподобниот Прохор е пренесено на 15 јануари (с.с.). Најстариот портрет на Свети Прохор Пчињски заедно со портретот на Свети Јоаким Осоговски се среќаваат во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане (по обновувањето) завршени во 1318 година, како единствени претставници на локалниот култ.

РАЗГОВОР СО ГОСПОД

РАЗГОВОР СО ГОСПОД
Значи ти би сакал да разговараш со мене?”-рече Бог
Ако имаш време” реков.
Бог се насмевна “Моето време е вечност. Што сакаше да ме прашаш?”
Што најмногу те изненадува кај луѓето?
Бог одговори:
- Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа посакуваат повторно да бидат деца.
- Што го трошат здравјето да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето.
- Што толку многу размислуваат за иднината и забораваат на сегашноста. На тој начин не живеат ни во иднината ни во сегашноста.
- Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат е како никогаш да не живееле.
Бог ме фати за рака. Останавме на момент во тишина.
Тогаш прашав:
Како родител кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?
Насмевнувајќи се, Бог одговори:
- Да научат дека не можат никого да присилат да ги сака, можат само да сакаат.
- Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во животот.
- Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
- Да научат дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој што најмалку му треба.
- Да научат дека се потребни само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.
- Да научат да простуваат….така да самите простуваат.
- Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат, но тоа не можат да го кажат или покажат.
- Да научат дека со пари може да се купи се’, освен среќата и љубовта.
- Да научат дека две особи може да гледаат во иста работа, но да ја видат различно.
- Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив….а сепак ги сака.
- Да научат дека не е доволно само другите да им простат. Мораат и самите себеси да си простуваат.
Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си направил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил.

НЕ Е СЕ ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА

НЕ Е СЕ ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА
Два Ангели патувале и решиле да застанат и да се одморат кај едно семејство. Семејството било доста богато, но безобразно, така што на Ангелите им дозволиле да преноќат и да се одморат, но не во гостинската соба, туку ги сместиле во мало собче во ладен подрум. Кога почнале да си ги местат постелнините, постариот Ангел на ѕидот видел дупка и ја поправил. Тогаш, младиот Ангел го прашал зошто ја поправа дупката, на што стариот одговорил: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.
Следната ноќ, Ангелите го продолжиле патот и дошле во ново домаќинство, но многу сиромашно. Љубезното семејство, со нив ја поделило својата вечера и им дозволило да преспијат во нивните постели, за да може добро да се одморат од напорното патување. Кога сонцето изгреало утрото, Ангелите ги виделе домаќинот и неговата сопруга, како плачат. Нивната единствена крава, нивниот единствен извор на храна, лежела мртва на нивата. Младиот Ангел, вистински бесен, му се обратил на стариот Ангел: „Како можеше тоа да го дозволиш, првиот домаќин имаше сè, а ти сепак му помогна. Другиот домаќин имаше толку малку и спротивно на тоа, тој не нахрани и ни дозволи да спиеме во неговата постела, а ти дозволи неговата крава да умре?“ Стариот Ангел му одговори: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.„Кога бевме во ладниот подрум забележав дека во онаа дупка на ѕидот се крие злато. Бидејќи домаќинот беше многу лаком и не сакаше да го дели своето богатство, јас ја поправив дупката за да не може никогаш да го види златото“.„Минатата ноќ, кога спиевме во постелата на добриот домаќин, Ангелот на смртта дојде по неговата жена. Јас му ја дадов кравата наместо неа“.

ДЕДО И ВНУК

ДЕДО И ВНУК
Еден слаб старец живеел со неговиот син, снаа и четири-годишен внук. Рацете на стариот човек трепереле, видот му бил матен и не можел убаво да се движи. Целата фамилија јадела заедно, на истата маса. Но, старецот не можел да јаде како што треба. Грашок се тркалал од неговата лажица на подот, а млеко му капело на чаршавот. Синот и снаата се нервирале поради нередот. "Мораме да направиме нешто во врска со стариот", рекол синот. "Доста ми е од неговото истурено млеко, гласно јадење и храна на подот". Така мажот и жената му наместиле посебна мала маса во аголот од собата и дедото јадел сам, додека остатокот од фамилијата уживале во вечерата заедно. Бидејќи дедото скршил чинија или две, синот му направил дрвена чинија. Кога фамилијата гледала накај дедото, понекогаш можеле да забележат солзи во неговите очи дури јадел сам. Сепак, единствените зборови кои парот ги имал за него биле острите прекори кога истурал храна. Четиригодишното дете го гледало сето ова молчејќи. Една ноќ, пред да вечераат, таткото го забележал неговиот син како игра на подот со дрвени парчиња. Го прашал детето мило: "Што правиш?". Исто така мило, детето му одговорило: "Ах, правам мала чинија за тебе и мама, за да јадете кога јас ќе пораснам.". Се насмевнал и продолжил да се занимава со дрвото. Неговите зборови многу ги погодиле родителите. Таа вечер, мажот го фатил дедото за рака и му помогнал да дојде до фамилијарната маса. Во остатокот од неговиот живот тој го јадел секој оброк со фамилијата. И поради некоја причина, ниту мажот, ниту жената веќе не изгледало дека се грижат кога ќе му падне лажица, или кога ќе го извалкал чаршавот. Децата се исклучително перцептивни. Мудрите родители сфаќаат дека секој ден градат темели за иднината на нивните деца.

ТРПЕНИЕ ПРОЈАТЕЛЕ, ТРПЕНИЕ

ТРПЕНИЕ ПРОЈАТЕЛЕ, ТРПЕНИЕ
Интервју со банкар-милионер: 
- Која е тајната на Вашиот успех? 
-Трпение, пријателе, трпение! 
- Но, јас можам да набројам илјада нешта, за коишто трпението е апсолутно бескорисно. 
- Например? 
- Да носиш вода во решето ... 
- Не сте во право, просто треба трпеливо да ја дочекате зимата.

ПАРАДОКСОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

ПАРАДОКСОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ
Парадоксот на нашето време да имаме поголеми згради, а пократки нерви. Широки патишта, а кратки видици. Трошиме повеќе отколку што имаме. Купуваме повеќе, уживаме помалку. Имаме големи куќи, а помали семејства. Повеќе удобност, а помалку време. Имаме повеќе дипломи, а помалку разум. Повеќе знаење, а помалку расудуваме. Повеќе стручњаци, а уште повеќе проблеми. Повеќе знаење во медицината, а се помалку здравје. Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме помалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, предоцна легнуваме, стануваме преуморни, помалку читаме, премногу гледаме ТВ.... Ги зголемуваме нашите поседи, а ја намалуваме нашата вредност. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Му додаваме на животот години, ама не и живот во годините. Патувавме на месечината, а проблем ни е да преминеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед. Загосподаривме со надворешниот простор, ама не и со внатрешниот. Направивме големи, ама не и подобри работи.Го прочистивме воздухот, ја загадивме душата. Го разбивме атомот, но не и нашите предрасуди. Пишуваме повеќе, ама учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку. Научивме да се брзаме, ама не и да чекаме. Имаме поголема заработувачка, ама понизок морал. Имаме се повеќе храна, а се повеќе сме неблагодарни. Произведуваме компјутери со се поголема меморија, ама разговараме се помалку и помалку. Преферираме квантитет, а го забораваме квалитетот. Ова се времиња на брза храна и споро варење, големи луѓе, а мали карактери, брза заработувачка и површни односи. Ова е време на мир во светот, а војна во куќата. Многу време, малку уживање. Време на разновидна храна, но на лоша исхрана. Се повеќе финансиски проблеми во семејството, а се повеќе разводи. Се повеќе луксузни куќи, но поделени домови. Ова се денови на брзи патувања, луксузна облека, низок морал..... Запомнете: Поминувајте се повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете некој убав збор на оној што ве гледа одоздола со доза на стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе замине. Не заборавајте да го прегрнете оној кој е покрај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое можете да го подарите на своето срце, а ништо не ве чини. Не заборавајте да кажете ТЕ САКАМ на вашиот партнер и на вашите сакани, но највеќе од се е тоа искрено да го мислите. Бакнежот и прегратката ќе ја излечат секоја повреда, ако доаѓаат длабоко од срцето. Не заборавајте да се држите за рака и да ги цените миговите кога сте заедно, бидејчи еден ден таа личност нема да биде тука. Најдете време да се сакате, најдете време да разговарате и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите. Смејте се често, долго и искрено. Смејте се се додека не изгубите здив. Издржете, одболувајте, преживејте. Во секоја прилика кажете им на луѓето кои ги сакате дека ги сакате, бидејќи животот не се мери со бројот на вдишувањата, туку во моментите кои ни го одземаат здивот.

КОЛАЧИЊА

КОЛАЧИЊА
Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи. Седна во чекалницата за да не ја вознемирува никој. До неа беше столицата со колачите, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: "види молим те", да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев... Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче. Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната. Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста. Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед !

ДЕЦАТА УЧАТ ОД ОНА СО ШТО ЖИВЕАТ

ДЕЦАТА УЧАТ ОД ОНА СО ШТО ЖИВЕАТ
Ако детето живее со критики, учи да осудува. Ако детето живее со насилство, учи да се тепа. Ако детето живее со страв, учи да биде загрижено. Ако детето живее со сожалување, учи да се сожалува. Ако детето живее со потсмев, учи да се срами. Ако детето живее со љубомора, учи што е завист. Ако детето живее со срам, учи да чувствува вина. Ако детето живее со охрабрување, учи самодоверба. Ако детето живее во толеранција, се учи на трпение. Ако детето живее со пофалби, учи да цени. Ако детето живее со прифаќање, се учи на љубов. Ако детето живее со одобрување, учи да се сака. Ако детето живее со признавање, учи дека е добро да имаш цел. Ако детето живее со споделување, учи за великодушност. Ако детето живее со чесност и праведност, учи дека постојат вистината и правдата. Ако детето живее со безбедноста, се учи на верата во себе и на оние околу себе. Ако детето живее со пријателство, учи дека светот е пријатно место за живеење. Ако живеете во мир, вашето дете ќе живее во мир. 
Со што живее вашето дете?

СОВРШЕНО СРЦЕ

СОВРШЕНО СРЦЕ
Едно момче имаше совршено срце. Немаше ниту една рана или лузна на него. Сите се сложуваа дека неговото срце е најубаво. Момчето беше среќно и со гордост го покажуваше своето преубаво срце. Одненадеш се појави еден старец и рече: - Зошто твоето срце не е толку убаво како моето? Срцето од старецот силно чукаше, но беше полно со лузни. На некои места имаше преместени делови, а на други места составени, но не одговараа комплетно. А имаше и места на кои недостасуваа цели парчиња. Луѓето го гледаа старецот со чудење - како може да помисли дека неговото срце е поубаво од на момчето? Момчето го погледна срцето од старецо и се насмевна: - Се шегуваш со мене. Спореди го своето срце со моето, моето е совршено, а твоето преполно со лузни. - Гледаш, секоја лузна е личност на која сум и дарувал љубов - вадев по едно парче од срцето мое и и го подарував. Најчесто тие мене ми подаруваа парче од своето срце, кое не баш совршено прилегаше на празното место во моето. А некогаш подарував парче срце, а не го добивав назад друго. Тука се создадоа големи празнини и вдлабнатини. Иако се отворените празнини болни, ме потсетуваат на љубовта која ја делевме. И за тие луѓе имам надеж дека еден ден ќе се вратат еден ден и ќе ја пополнат празнината. Момче. гледаш ли сега што е вистинска убавина? Момчето се подзамисли малку. Му пријде на старецот, посегна по своето младо и совршено срце и откина парче од него, па со растреперени раце му го даде на старецот. Старецот го прифати парчето од срцето на момчето, извади парче од своето и го смести во раната на срцето од момчето. Момчето го погледна своето, веќе не така совршено срце, но поубаво од било кога.

СИРОМАШТИЈА

СИРОМАШТИЈА
(Вистинско богатство)
Еднаш еден добро ситуиран човек отпатувал со својот син во некое село. Причината поради која човекот решил да го одведе синот на село, е синот да види што значи сиромаштија и како некои луѓе се мачат за корка леб. Така двајцата стигнале во селото и посетиле едно семејство кое живеело во една мала куќа. Домаќините биле љубезни и ги поканиле да ноќеваат во нивниот дом, па така гостите можеле повеќе да научат за животот на луѓето во селото и нивното секојдневие. Откако си заминале дома таткото го прашува синот: "Што мислиш за животот на село?" На тоа детето одговорило: "Мислам дека не беше лошо кај нив." Тогаш таткото повторно го праша: "Дали забележа колку се тие сиромашни и дека немаат ни дел од она што го имаш ти?" Синот на тоа одговил: "Да! И тоа го забележав." Таткото продолжил да го прашува синот: "Што научи додека престојувавме кај нив?" На ова детето одговорило: "Ова патување беше една голема лекција за мене. Ние имаме едно куче во дворот, а тие имаат четири. Исто така имаме и убава мермерна фонтана со убави мермерни украси, а тие имаат повеќе извори на вода со безброј цвеќиња како украс. Тие извори формираат една река која тече до недоглед. Ние имаме неколку вградени светла во нашиот двор, а тие имаат милиони ѕвезди. Нашата градина се простира до оградата што не дели од соседите, а тие имаат широки хоризонти." Откако доби одговор, таткото не можеше повеќе да прозбори, а синот му рече: "Многу ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни".

МАЈКА

МАЈКА
Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев... беше срамота за мене. Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас. Еден ден додека уште бев во тоа основно школо, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав и упатив поглед полн со омраза и побегнав. Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Блјак твојата мајка има само едно око! Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема... Кога повторно ја видов станав и и реков: - Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш. Мајка ми ништо не ми одговори.. Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините осеќаи.. Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа. Во касниот живот учев многу и тешко.Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам... Бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свој деца.Бев среќен со својот живот,со своите деца иако живеев во друга земја. Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети...Ме немаше многу години видено,а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета. Се дерев: - Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам! Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина... После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан сум на матурска. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од радозналост свратив до стариот дом. Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Нитu една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа... 
„Мил мој сине мислав на тебе цело време. Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде. Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам. Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет. Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око. Како мајка неможев да поднесам да растеш со едно око. Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно.Тогаш јас ти го дадов моето.. Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око.. 
Со љубов, 
Секогаш за тебе Твојата мајка.
Заклучок - Сакајте ги вашите мајки! Тие се најголемото богатство!!

СЕДУМ СВЕТСКИ ЧУДА

СЕДУМ СВЕТСКИ ЧУДА
Седум Светски Чуда Во едно основно училиште на децата од 3-то одд. им била зададена задача , од понудени одговори да означат седум светски чуда. По некое време се појавила оваа листа: 
1. Египетските пирамиди, 
2. Таџ Махал, 3. Гранд Кањон, 
4. Панамскиот канал, 
5. Емпаер Стејт Билдинг, 
6. Базилика Св. Петар во Ватикан, 
7. Кинески ѕид. 
Учителката собирајќи ги задачите приметила дека едно девојче сеуште размислува, и го прашала да не има проблем да ја состави листата. Девојчето одговорило: 
- Да, неможам да се одлучам во потполност. Има толку многу чуда. 
Учителката ја охрабрувала со зборовите: 
- Па добро кажи ни го барем тоа што досега го имаш напишано. Можеби ќе можеме да ти помогнеме. 
Девојчето се двоумело малку на почетокот, но сепак на крајот проговорила: 
- За мене ова се седумте светски чуда: 
1. Да видиш, 
2. Да чуеш, 
3. Да допреш, 
4. Да помирисаш, 
5. Да осетош, 
6. Да се смееш, 
7. Да љубиш. 
Во училницата завладеал молк...... Сите секојдневни нешта кои се подразбираат, а кои ние не ги остваруваме се навистина чуда. Најдрагоцени нешта во животот се всушност оние кои неможат ни да се купат, изградат, ниту продадат....

ОД ЛОШО ПОЛОШО

ОД ЛОШО ПОЛОШО
Некогаш одамна, тргнале луѓе на крстарење со брод. Патувале така извесно време, кога на отворено море ги зафатила силна бура. Огромните брановите си поигрувале со бродот како со лушпа од орев. Патниците биле крајно вознемирени, а помошникот на капетанот со сите сили се трудел да ги смири. Во целата таа напната ситуација, најмногу се трудел околу еден патник, човек во своите најдобри години, кого не само што бил вознемирен, туку го фатила паника и хистерија. Вриштел на цел глас, кукал над својата судбина, плачел, се тресел од страв и трчал по бродот како без глава. Со своето однесување уште повеќе ги вознемирил останатите патници и помошникот на крај незнаејќи што повеќе да прави со него, отишол кај капетанот и му ја објаснал целата ситуација. Капетанот смирено му рекол дека сам ќе ја среди ситуацијата. Отишол кај морнарите, им наредил да му облечат сигурносен елек и им рекол: -Фрлете го в море! Неколку секунди морнарите го гледале уплашено, но го послушале , му облекле елек и го фрлиле в море. Се случило уште полошо. Очајно мафтајќи со рацете патникот уште повеќе почнал да урла на цел глас барајќи помош. Капетанот повторно издал наредба: -Извлечете го на палуба! Морнарите го извлекле избезумениот патник, и на големо чудење на сите патници...овој конечно смирен, се стуткал во еден ќош занемен без да испушти и глас. Помошникот збунет, го прашал капетанот како знаел дека патникот ќе се смири на тој начин, а капетанот му одговорил: ЧОВЕКОТ Е НАЈГЛУПАВОТО НЕШТО ОД СИТЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА...НИКОГАШ НЕ ЗНАЕ КОЛКУ Е СРЕЌЕН СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ВО ПОЛОША СИТУАЦИЈА!!!

МОРКОВ, ЈАЈЦЕ ИЛИ ЗРНО КАФЕ?

МОРКОВ, ЈАЈЦЕ ИЛИ ЗРНО КАФЕ?
Една млада жена отишла кај мајка си, за да и раскаже за својот живот, како работите станале премногу тешки за неа. Таа не знаела како да се справи и сакала да се предаде. Била изморена од постојаната борба. И изгледало дека само што ќе реши еден проблем, на неговото место се појавувал друг. Мајка и ја однела до кујната. Наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на ...шпоретот. Наскоро водата во нив зоврела. Во првото тенџере ставила моркови, во второто јајца, аво третото зрна кафе. Седеле и гледале како продуктите се варат, без да проговорат ниту збор. По 20 минути го исклучиле шпоретот. Мајката ги извадила морковите, јајцата и зрната каде од тенџерињата и ги ставила во чинија. Се завртила кон својата ќерка и и' рекла: “Кажи ми што гледаш” “Моркови, јајца и кафе” – одговорила ќерката. Мајката и дала знак да се приближи до чинијата со морковите. Девојката забележата дека се меки и примиле многу вода. Потоа се доближала до јајцата. Откако допрела едно, забележала дека е тврдо варено. Конечно мајката побарала ќерката да се напие од кафето. Ќерката се насмевнала откако го вкусила богатиот мирис. Потоа прашала: “Што имаш на ум со сето ова мамо?” Мајката објаснила дека секој од производите се судрил со истото – врела вода. Но сепак секој реагирал на различен начин. Морковите растат силни, здрави и бескомпромисни. Но откако ќе ги ставиме во врела вода – омекнуваат. Јајцата се многу нежни и кршливи. Танката лушпа ја заштитува течноста внатре, но откако ќе ги ставиме во врела вода, внатре стануваат цврсти. А зрното кафе е уникатно – тоа ја промени врелата вода. “Ти што си? Морков, јајце или зрно кафе?” – прашала мајката. Помислете и Вие што претставувате.
 Морков ли сте, кој изгледа здрав, но болката и неволјите го истоштуваат, а тој омекнува и ја губи својата сила? 
Или пак јајце, кое се раѓа со меко срце, но се менува со топлината. Дали духот Ви е во форма на течност, што по искусениот тежок момент ќе стане тврд. Лушпата ќе остане иста, но внатре ќе има тврд дух и неуништиво срце! 
Или сте зрно кафе? Тоа всушност ја менува врелата вода, онаа која ја носи болката. Кога водата ќе стане врела тоа ја ослободува својата арома. Ако си како зрно кафе, кога работите се најлоши, ќе се промениш себе и нештата околу тебе.

ЖИВОТ

ЖИВОТ
Еден ден, некој човек со својот син се шетал во шумата. Одеднаш момчето застанало бидејќи било изморено и извикало: „Ахх...“Ненадејно се слушнал глас кој доаѓал од планината: „Ахх...“Момчето било обземено од љубопитноста па прашало: „Кој си ти?“ Ама, одговорот кој го добило, бил: „Кој си ти?“ Ова го налутило, па повторно извикало: „Кукавицо!“ Гласот одговорил: „Кукавицо!“ Момчето го погледнало својот татко и го прашало: „Тато, што се случува?“„Сине“, рекол таткото, „Внимавај подобро...“
Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам! “Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“ Таткото повторно викнал: „Прекрасен си!“ Гласот рекол: „Прекрасен си!“ - момчето стоело изненадено, ама сè уште не сфатило што се случува. Таткото му објаснил: „Луѓето ова го нарекуваат ехо”. Но, тоа всушност е живот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Животот е огледало на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, пружи повеќе љубов. Ако сакаш повеќе добрина, пружи повеќе добрина. Ако сакаш разбирање и почитување, тогаш имај разбирање и почит.
Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела!“

ЖАБИ

ЖАБИ
Си била една група на жаби кои сакале да се натпреваруваат. Сакале да се искачат на висока кула, па се насобрале доста гледачи да им дадат подршка... Натпреварот  започнал... арно ама... никој од присутните не верувал дека некоја жаба ќе се искаче на врвот од кулата. Цело време климале со главата и зборувале: "Леле тоа е многу напорно, никогаш нема да успеат!" или "Ма нема да успеат кулата е многу висока!"  Жабите почнале да заостануваат ...... освен една, која брзо лазела, се качувала се повисоко и повисоко... гледачите повторно почнале да викат: "Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искаче!" Една по една жабите се откажувале се завртувале и се враќале назад... освен една која упорно одела напред... и воопшто не сакала да се предаде!На крај упорната жаба, со најголеми амбиции се искачила на врвот од кулата! Останатите жаби како и гледачите сакале да дознаат како успеала баш таа да го стори тоа што другите не можеле да го направат - да се искачат на кулата. Еден од гледачите се приближил до жабата за да ја праша како успеала да се искаче на врвот и што ја мотивирало за да успее. Тогаш се дознало дека всушност жабата - победник е глува!!! 
НАРАВОУЧЕНИЕ: Никогаш немој да ги слушаш оние луѓе кои се негативни и песимисти!

МАМА

МАМА
Си беше едно дете кое се припремаше да дојде на свет. 
Еден ден тоа го запраша Бога:  ,, Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку ситен и немоќен, како ќе живеам таму? ´´
Бог му одговори: ,, Од сите ангели ти избрав еден само за тебе. Тој ќе те чека и чува. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што ќе ја почувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен´´,, Добро, а како ќе ги разберам кога нешто ќе ми кажат кога не го знам нивниот јазик?`` запраша детето.
,, Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови кои ќе можеш да ги чуеш во светот и така што внимателно и со љубов ќе те научи да зборуваш´´
,,Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе,кој ќе ме штити од нив?´´загрижено продолжи детето.
Бог се насмевна и рече: ,, Твојот ангел ќе те штити за било што, па макар и по цена на неговиот живот.´´
Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: ,, Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам.
´´На тоа Бог му одговори: ,, Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене.´´
Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до него. 
Детето сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: ,, Господе кога веќе морам да одам, кажи ми како се вика мојот ангел? ´´
Господ му одговори со голема насмевка: ,, Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА ´´

ДОБРИ ЛУЃЕ

ДОБРИ ЛУЃЕ
Двајца мажи, многу болни заедно лежеле во болница.
Едниот од нив секој ден имал можност да седи во својот кревет поради вадење вода од неговата плуќа. Неговиот кревет бил покрај прозорец.
Другиот маж морал постојано да лежи на грб.
Брзо се запознале и разговарале по цели денови. Разговарале за својата фамилија, своите домови, работата, каде биле во војска, и каде на одмор. Секој ден, мажот кој седел покрај прозорецот, му ги опишувал на другиот маж работите што ги гледа надвор.
Мажот на другиот кревет почнал да живее за моментите кога неговиот пријател седел и раскажувал за случувањата и боите на надворешниот свет. Низ прозорецот се гледал парк покрај  езеро со лебеди.

Гуски и лебеди си играле во водата, а малите деца ги спуштиле своите чамци во вода.
Млади парови во прегратка се шетале со цвеќе од сите бои. Големо, старо и јако дрво го разубавувало пејсажот, а во далечина се гледал светлиот град.
Кога мажот покрај прозорецот детално објаснувал, неговиот пријател на другиот кревет ги затварал очите и ги замислувал сите тие живописни сцени.

Еден ден човекот покрај прозорецот ја опишувал парадата, која се движела покрај езерото. Без оглед што неговиот пријател не ја слушнал музиката, тој ја видел во своите мисли. Така минувале денови и недели.
Едно утро медицинската сестра донела вода за миење на прозорецот , пронаоѓајќи го мртвото тело на човекот, кој мирно починал кога спиел. Растревожена повикала медицински персонал за да го пренесат телото во мртовечница.
Веднаш по тоа, другиот човек замолил да го преместат покрај прозорецот. Сестрата со задоволство му ја исполнила желбата, се погрижила да се смести удобно, па го оставила сам.

Со голем напор полека се подигнал на лакти, за прв пат да го види надворешниот свет.
Конечно имал прилика сам да ужива во убавините на надворешниот свет. Погледнал низ прозорецот и видел празен ѕид.
Човекот ја прашал сестрата зошто покојниот пријател толку убаво ги опишувал работите во надворешниот свет. Сестрата му одговорила дека бил слеп и не можел да го види ѕидот пред прозорецот. Рекла: „А можеби сакал да ве усреќи Вас?“

МУДРИОТ ПЕС

МУДРИОТ ПЕС
Еден стар овчарски пес бркал зајаци низ шумата, кога во еден момент забeлежал дека е предлабоко во шумата и се има изгубено. Се нашол покрај еден куп коски, кога слушнал чекори на диво животно. Леопард кој полека му се приближувал.
Што ќе правам сега – помислил во себе ... и тогаш бргу дофатил една од коските кои биле покрај него и момент пред да го види леопардот, рекол на глас:
- Баш е вкусен овој леопард, кога би можел да најдам уште еден.
Откако го слушнал ова леопардот, се повлекол и преплашен избегал во шумата.
Меѓутоа, сето тоа го гледал еден мајмун седејќи на една гранка и решил да го издаде стариот пес на леопардот. Скокајки од дрво на дрво побрзал кај леопардот да му ја соопшти измамата.
Гледајќи како брза мајмунот, стариот пес се посомневал во неговите намери и решил да го следи. Видел како му објаснува на леопардот во што е финтата, а леопардот почнал да испушта лути звуци поради начинот на кој бил насамарен ... и секако тргнал во одмазда.
Стариот пес, сфаќајќи дека леопардот повторно тргнува кон него, само се свртел и мирно го следел секој чекор на леопардот.
Кога му се доближил доволно за да може да го слушне, стариот пес, свртен со грб кон леопардот рекол на глас: - Аман каде е оној мајмун до сега, уште пред еден час го пратив да ми донесе леопард и уште го нема...
Прва поука: Не се задевај со стар пес, знаењето и мудроста се стекнуваат низ годините.
Втора поука: Што и да направите, секогаш ќе се најде некој мајмун во околината кој ќе биде сведок на тоа.

ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА

ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА
Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно.
Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал:
„Колку ви должам?“
„Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“
Тој кажал:
„Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“
Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа.
Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание.
После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот. Почнала да ги чита следниве зборови:
Исплатено во целост со една чаша млеко.

РИЗИК

РИЗИК
Во плодната почва биле засадени две семиња едно до друго.
Првото семе рекло:
- Сакам да растам! Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор. Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта. Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња. И така тоа пораснало.
Другото семе рекло:
- Се плашам. Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот. Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата. Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде? А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно. И така почекало да види што ќе се случи.
Но случајно една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла семенцето, кое чекало да види што ќе се случи, но за жал бргу било проголтано од кокошката.
ПОУКА: ОНИЕ ОД НАС КОИ НЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ ДА РИЗИКУВААТ И ДА РАСТАТ ВО ЖИВОТОТ И ЧЕКААТ ШТО ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ ИСТИОТ, СЕ ПРОГОЛТАНИ ОД ЖИВОТОТ!
Затоа ризикувајте, истражувајте, и почуствувајте ја топлината и радоста на животот.

Кралеви во картите

Секој крал во картите претставува по еден голем крал:
 
Баклава - Крал Давид,
 
Срце - Карло Велики,
 
Детелина - Александар Македонски,  
 
Лист - Јулие Цезар.

МАТИЦА - КРАЛИЦА НА ТЕРМИТИ

 Инсект со најдолг век на живеење е матицата (кралицата) на термитите. За неа се знае дека живее подолго од 50 години. За тоа време таа може за снесе околку 30,000 јајца секој ден, со што ако таа живеее 50 години, таа би родила пола милијарда деца!

Леблебија

Леблебијата е градинарска култура, која најмногу се одгледува во нашата земја и во Далматинска загора. Таа е мешункаста белковинска билка и високовредна намирница за исхрана на човекот. Нејзиното семе, слично на семето на сојата или на сушеното зрно
грашок, има светлокафена боја, а се користи како вариво или како додаток на друг зеленчук за приготвување на вкусни и здрави јадења. Од леблебијата се прави и брашно, кое е многу здраво.

Од него може да се приготвуваат разни пецива. Леблебијата е одличен извор на витамини и минерали. Од минерали, леблебијата содржи доста железо. Дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо. Содржи и големи количини на калицум, кој ги јакне коските, магнезиум, манган, фосфор, цинк, витамини од Б групата и други корисни состојки. Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи 17,4 - 23,3 % белковини, 53,5 - 63,6 % јагленохидрати, 4,1 - 5,5 % растителни масла, 3,3 - 5,5 % целулоза и 3,2 - 3,4 % минерални материи. Леблебијата е многу здрава намирница. Таа го регулира нивото на шеќерот во крвта, па затоа често им се преопрачува на дијабетичарите. Големата количина на железо која ја има леблебијата, ја прави погодна за исхрана на слабокрвните лица. Магнезиумот во леблебијата ги релаксира нервите и мускулите, го регулира крвниот притисок, го јакне инунитетот и го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабет. Леблебијата им се препорачува на срцевите болни и на болните од дијабет. Леблебијата е природен лек против овие заболувања, но и го намалува ризикот од нивното настанување. Леблебијата е нискокалорична намирница, па затоа често се препорачува при диети, бидејќи долго време дава чувство на ситост.

Hummingbird

 Hummingbird ” – Е името на птицата која е единствениот вид во светот што може да лета назаечки. Можеби звучи неверојатно но оваа птица е способна да го ротира секое од своите крилја во круг. Потег со кој си дозволува да биде уникатна во своето движење нанапред , наназад , нагоре , надолу во дијагонала или едноставно лебдење во воздух. За да лета оваа птици ги движи своите крилја напред назад во повторувачки ротирачки осмици од 15 – 80 пати во секунда нешто слично како да пливате делфин. Птицата може да се движи во било која насока и од самиот почеток може да постигне максимална брзина и нема потреба од намалување за да слета. Може да лета на кратки релации и наопаку т.е. со грбот свртен кон земјата и да се превртува во воздухот непрекинато, маневр што го користи за избегнување на напад. Овие птици живеат највеќе на американскиот континент и на Карибите .

ХИМНА НА ПАЛЕСТИНА

Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Македонија има 34 планини и 53 езера - природни и вештачки. Најстаро во Европа е Охридското езеро  кое е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години, а во него има 200 ендемски видови кои се со светска важност.

Првите карпести гравири

Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000. Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметноство светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

Најстар предок на човекот

Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот,т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

Апостол Павле

50-та година по Христа, Апостол Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13“ пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите: Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.

Кокино

Кокино
Според НАСА, Кокино е четврти на листата најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat, Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

Крстот на кој е распнат Исус Христос

                Крстот на кој е распнат Исус Христос  
Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

ОПИУМ

ОПИУМ  
Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. Македонскиот е замислете 14 морфиски единици.

Месојадни растенија

Nepenthes deaniana
2009 година ботаничарите пронашле едно од најголемите карнивора (месојадни) растенија во Југоисточна Азија. Новото откритие има 30 сантиметри во дијаметар и има форма на голема шолја, исполнета со ацидни ензими. Пленот се привлекува со помош на сладок нектар, откако ќе биде фатен во шолјата се заробува со лигави, восочни лисја се додека не се удави. Откриени се околу 20 варијации на оваа растение. Растението Nepenthes deaniana за прва пат е откриено во 1907 година, а потоа било изгубено откако филипинскиот национален хербариум во Манила бил бомбардиран во текот на Втората светска војна. МекФерсон верува дека тој и неговиот тим успеале да го пронајдат растението за прв пат по сто години.
Nepenthes deaniana создава спектакуларни, црвни „фрлачи“ во големина од фудбалска топка кои може да фатат инсекти и мали животни. Ботаничкото друштво на Америка вели дека постојат околу 600 видови на „фрлач“ растенија. Најверојатно најпознат е типот Venus Flytrap. Nepenthes attenboroughii и Nepenthes northaina се поголеми видови кои може да заробат животни во големина на стаорци.

АЛШАР

Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” - мрежата за заштита на природните реткости.