РАЗГОВОР СО ГОСПОД
“Значи ти би сакал да разговараш со мене?”-рече Бог
“Ако имаш време” реков.
Бог се насмевна “Моето време е вечност. Што сакаше да ме прашаш?”
“Што најмногу те изненадува кај луѓето?
“Бог одговори:
- Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа посакуваат повторно да бидат деца.
- Што го трошат здравјето да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето.
- Што толку многу размислуваат за иднината и забораваат на сегашноста. На тој начин не живеат ни во иднината ни во сегашноста.
- Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат е како никогаш да не живееле.
“Бог ме фати за рака. Останавме на момент во тишина.
Тогаш прашав:
“Како родител кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?
“Насмевнувајќи се, Бог одговори:
- Да научат дека не можат никого да присилат да ги сака, можат само да сакаат.
- Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во животот.
- Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
- Да научат дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој што најмалку му треба.
- Да научат дека се потребни само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.
- Да научат да простуваат….така да самите простуваат.
- Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат, но тоа не можат да го кажат или покажат.
- Да научат дека со пари може да се купи се’, освен среќата и љубовта.
- Да научат дека две особи може да гледаат во иста работа, но да ја видат различно.
- Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив….а сепак ги сака.
- Да научат дека не е доволно само другите да им простат. Мораат и самите себеси да си простуваат.
Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си направил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил.