Оценување по физика и хемија
Оценување е процес на прибирање и интерпретирање информации за учење и постигнувања на учениците.
Оценување на учењето и постигнувањата на учениците по предметите физика и хемија се применува според стандардите во наставните програми по овие предмети во предметна настава изготвени од БРО. Тие произлегуваат од претпоставените цели и конкретните цели на наставните програми дефинирани во компоненти на изучување на овие науки. Тие претставуваат основа на која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната примена претставува почитување, придржување и примена на принципите на поучување, примена на актуелните методолошки и методски решенија и упатства кои се научно издржани и проверени во изучувањето на овие науки.
1. Стандардите претставуваат прифатени описи на нивоата на квалитет и квантитет на знаењата што се очекува учениците да ги постигнат на крајот на определен период (наставна година; наставен циклус) на образованието.
2. Стандардите претставуваат конкретизирање и диференцирање на постигнувањата на учениците по нивоа. Тоа овозможува објективно и валидно гледање на нивните постигнувања и го олеснува нивното мерење, вреднување и оценување.
3. Нивоа на знаења и способности:
I ниво – помнење
II ниво – разбирање
III применување
IV анализа, синтеза, вреднување
Формативно оценување во текот на наставата.
1. Во формативното оценување ги користиме следните
методи (техники):
- разговори наставник / ученик
- презентации
- повратна информација (усна или писмена);
- набљудување и следење на активностите на ученикот за
време на часовите ;
- домашни задачи;
- експерименти;
- портфолио. . . .
2. Инструменти за следење и проверување на постигнувањата на учениците: вежби, чек листа; холистичка листа; аналитичка листа; анкета за самооценување.
Сумативно оценување на тримесечие, прво полугодие и на крајот од учебната година.
1. Критериуми за оценување на постигнувањата на учениците изготвени од БРО:
- za ocenka dovolen dva - nad 50% do 70% na I i II nivo i do 10% od III nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 26% do 39% od nastavnata programa.
-za ocenka dobar 3 - nad 70% do 90% na I i II nivo i nad 10% do 50% na III nivo i do 10% na IV na nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 39% do 63 % od nastavnata programa.
-za ocenka mnogu dobar 4 - nad 70% do 90% na I i II nivo i nad 50% do75% na III nivo i nad 10% do 40% na IV nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 63% do 76 % od nastavnata programa.
-za ocenka odli~en 5 - nad 90% na I i II nivo i nad 70% na III nivo i nad 40% na IV nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno nad 76 % od nastavnata programa.
2.Нивоа на знаења
Тип 1 задачи | Тип 2 задачи | Тип 3 задачи |
-основни детали и процеси - релативно лесни | -посложени идеи и процеси -заклучуање на нешто што не е толку очигледно - потешки | -знаење што го надминува поучуваното -оргинално заклучување или примена -тешки |
3. Видови знаења:
- декларативно знаење ( знаење на информации): основни поими, факти: искази со примери/предвидување; оргинални заклучоци.
- Процедурално знаење (ментални процедури): правила, процедури, одлуки, решавање проблем, истражување.
4. Во сумативното оценување ги користиме следните методи
(техники):
- есејски прашања,
- усни одговори на поставени прашања,
- усни презентации,
- тестови ( најчесто тематски),
- демонстрации.
5. За изведување на сумативната оценка за една тема треба:
- примена на методите на оценување,
- утврдување на поени за секој метод,
- интерпретација на поените,
- формирање на оценка,
- известување за оценката.
6. За потребите на сумативното оценување треба да се
подготви табела на спецификација со:
- застапеноста на нивоа на знаења ( типови задачи, вид на
знаење) во конкретната тема;
- методите за утврдување, мерење на применетите нивоа на
знаења.
Декларативно-информации ментални процедури % на
застапеност
Тип 1 | Тип2 | Тип 3 | Тип 1 | Тип 2 | Тип 3 | ||
% на застапеност | 40 | 30 | 10 | 10 | 5 | 5 | |
Објективни тестови | 35 | 15 | 3 | 2 | 55 | ||
Проблемски прашања | 15 | 5 | 10 | 2 | 3 | 35 | |
Усни одговори | 2 | 3 | 3 | 2 | 10 |
7. Изведување на сумативна оценка од оценките за повеќе независни теми. Пред да се пресметува просекот, треба да се пондерираат оценките според важноста / застапеноста на конкретните теми.
тема | уделот на темата во проценти % | добиена оценка | пондирање | сумирање |
Тела, супстанци, физички величини и мерења | 30 | 3 | 3 х 0,30 | 0,9 |
Движње и сили | 30 | 4 | 4 х 0,30 | 1,2 |
Енергија | 20 | 3 | 3 х 0,20 | 0,6 |
Бнатрешна енергија | 20 | 4 | 4 х 0, 20 | 0,8 |
100 | 3,50 |
8. Описното оценување е аналитичко оценување на постигнувањата на учениците: расчленување на делови, утврдување на еден или повеќе показатели кои ги поврзуваме со вредносни критериуми.
1. Описно и бројчано оценување на постигнувањата на
учениците во седмо одделение преку:
- дијагностичко проверување и оценување ( во почетокот од
учебната година) со примена на диагностички тестови,
усни прашања, решавање на задачи.
- формативно оценување во текот на наставата за
формирање на повратна информација за постигнувања на
учениците.
- микросумативно оценувања на крајот од секое тримесечје,
врз основа на сознанијата од формативното оценување од
чиишто резултати се оформуваат тримесечните
вреднувања за постигнувањата на учениците.
- сумативно бројчано оценување е глобано оценување на
постигнувањата на учениците на крајот од прво полугодие
и на крајот од учебната година.
Е, ова е многу добро објаснето... мислам дека ќе ни послужи на секој...
ОдговориИзбришиКонечно јасно и точно сумирано што е потребно. Фала
ОдговориИзбриши