РИМСКИ БРОЕВИ
Римските цифри се запишувале и се уште се запишуваат со букви од латиница:
I (1), V (5), X (10), L (50), C (100), D (500), M (1000)
Римските броеви се запишуваат со комбинација од овие цифри.
При запишувањето на бројот неговата вредност зависи од местоположбата на цифрите.
На пример: 4 (четири) и 6 (шест) се запишуваат со исти цифри: IV (4), VI (6), како и многу други броеви.
ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ СО РИМСКИ ЦИФРИ:
- Вредноста на два исти знака кои стојат еден до друг се собираат.
(пример: II = 2 ; XX = 20)
- Вредноста на знакот кој се наоѓа од десната страна на знакот со поголема вредност се собира. (пример: LX = 60)
- Вредноста на знакот кој се наоѓа од левата страна на знакот со поголема вредност се одзема. (пример: XL = 40)
- Вредноста на знакот кој се наоѓа помеѓу два знака со поголема вредност, се одзема од вредноста на знакот од десната страна и добиената вредност се собира со вредноста од левата страна. (пример: LIX= 59)
- Бројот надвлечен со една црта, значи дека тој е зголемен 1000 пати.Пример:
- Бројот надвлечен со две црти, значи дека тој е зголемен 1000000 пати.Пример:
Римјаните не ги надвлекувале броевите со цртички за да обележат дека се зголемени 1000 пати, туку да се разликуваат од букви (зборови).
Пример:
Оваа правило се користело во средниот век, иако не го користеле сите автори.
Различноста во пишувањето на големите броеви, често доведувала до недоразбирање.
Се раскажува дека, сопругата на царот Август на еден римјанин му подарила 50 милиони тогашни пари (сестерции), што во документот запишала како:
Овие пари требало да ги исплати нејзиниот внук, кој во документот избришал дел од рамката и останало напишано:
(пет стотини илјади) и на тој начин исплатил износ намален сто пати.
Римските броеви денес ги користиме за означување на години, поглавја во книги, страници од некој предговор и друго.
Пример:
Римјаните бројот илјада го означувале со буква од грчката азбука “Ф” која ја запишувале вака:
Знакот петстотини се создал како половина од илјада:
За подоцна да се задржи знакот:
кој со времето се трансформирал во латинската буква D. Дури при крај на 17-ти век за илјада (1000) почнал да се користи знакот М, како прва буква од зборот MILLE (илјада)
На насловната страница од Декартовата Геометрија пишува:
Година на издавање: MDCXXXVII = 1637
Нема коментара:
Постави коментар