петак, 11. мај 2012.

Понекогаш растенијата се однесуваат како интелигентни суштества

Понекогаш растенијата 
се однесуваат како интелигентни суштества
                                  Кога тело се наоѓа во подвижна флуидна средина, се спротиставува на движењето на флуидот. Поинаку кажано, на него се појавува сила на отпор при движењето на флуидот. При движењето на воздухот со голема брзина (ветер), дрвјата се изложени на големи сили на аеродинамичен отпор кои можат да ги уништат, да ги искршат, откорнат, оголат.
Распоредот на лисјата на гранките од дрвјата е направен така да сончевите зраци паѓаат нормално на нив и на тој начин се обезбедува ефикасно апсорбирање на сончевата светлина за процесот на фотосинтезата. Дебелите сенки под дрвјата ни укажуваат на тоа дека светлинските зраци се искористуваат до максимум. Големата површина на зелената маса на едно дрво (стотици метри квадратни) придонесува за квалитетна апсорпција на сончевата светлина, но придонесува и за поголема сила на аеродинамичкиот отпор, односно поголема сила на дејство на ветровите врз гранките, стеблото, коренот, која може да доведе до уништување на дрвото. Значи, поголема површина, поголема сила на отпор, поголема веројатност за уништување на дрвото.
Во случаи на силни ветришта, лисјата се заштитуваат, а со тоа ги заштитуваат и дрвјата. При дување на силни ветрови, лисјата на гранките од дрвјата, се реорганизираат на тој начин што, секој лист посебно или група лисја ја менуваат својата форма во конусна, со што го намалуваат коефициентот на аеродинамички отпор, а со тоа и силата на ветрот. При дување на силни ветрови, лисјата се организираат да се заштитат, себе си, а и сопственото дрво. Со тоа го штитат екосистемот во кој се наоѓаат, а не заштитуваат и нас, луѓето. Најчесто, при дување на силни ветрови, лисјата завземаат конусна форма, додека при мирно време имаат рамна површина. Врвот на конусот е наспроти правецот на ветрот. Коефициентот на аеродинамичкиот отпор, во случај кога лисјата се со форма на конус е помал, а со тоа и силата на аеродинамичкиот отпор. Лисјата секогаш се организираат пред време. На секој силен ветер му претходи слаб. Тогаш лисјата ја реорганизираат формата во конусна. Ако ветрот е посилен, конусот е поостар. Понекогаш, лисјата се беспомошни (иако се обидуваат да помогнат), зошто постојат силни ветрови кои ги корнат дрвјата, ги кршат гранките, но за среќа ретки се во нашите краишта.

Нема коментара:

Постави коментар