Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 3. октобар 2015.

ЕКСПЕРИМЕНТ - Густина на водата


Потребно:
- Два исти стаклени сада со широк отвор (чаши или тегли),
- Ладна вода,
- Жешка вода,
- Боја за колачи или мастило,
- Парчe хартија или картон,
- Подлабок сад над кој ќе го изведете експериментот.


Изведување на експериментот:
1. Налеј во една чаша до врвот студена вода, а во другата жешка вода.
2. Во студената вода капни неколку капки сина боја за колачи или мастило, а во жешката вода црвена боја за колачи или црвено мастило.
3. Со парче хартија или картон затвори ја жешката вода и превртена постави ја на чаша со студената вода.
4. Пополека извлечи го картонот – хартијата и набљудувај што ќе се случи.
5. Експериментот повтори го со затворање на чашата со студената вода, преврти ја и постави ја на чаша со жешката вода.
6. Пополека извлечи го картонот – хартијата и набљудувај што ќе се случи.
Што забележуваш?
Како ќе ги објасниш однесувањата на жешката и на студената вода.