Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

уторак, 18. јул 2017.

ЛАВАНДА


Лавандата е повеќегодишна густа полугмушка, со многу вертикални фиданки, со висина до 1 m. По потекло е од јужна Франција.
Целото растение е сиво поради изобилството од влакненца. Листовите се прави, на двата краја малку стеснети, слични на листовите од рузмаринот.
Цветчињата се ситни, виолетово-сини, пршленесто групирани по неколку цветови и собрани на врвовите од фиданките во цветови како класје.
Цвета во јуни и јули. Таа е медитеранско растение и сака топла клима, но и поголема надморска височина, иако некои видови се распространети и во континенталниот дел. Се размножува вегетативно и со семе.
Во народната медицина цветовите од лаванда се користат за лекување кардиоваскуларни болести, како желудочно средство, против песок во урината и против воспаление на мочниот меур. Исто така, се употребува за подготовка на лековити купки при воспаление на зглобовите и изработка на ароматични, миризливи перници. Надворешно, билката се употребува како додаток кон купките. Маслото предизвикува слаба локална анестезија. Служи и како коригенс за мирисите од многу лекови. Маслото се употребува и како лек, а освен тоа, многу се користи во парфимеријата и козметиката. Исушениот цвет се става меѓу облеката за да добие пријатен мирис, а во медитеранските земји букетите од лаванда служат за бркање комарци, тавтабити, молци и други инсекти.
Лекувањето со цветни есенции или флоритерапија подразбира ублажување на многу здравствени проблеми по природен пат.
Лавандата е фантастична за намалување на стресот, ја поттикнува релаксацијата и е одличен лек против несоница. Можете да ставите неколку капки на перницата за да успеете да заспиете. Исто така  може да се меша со неколку капки масло за масажа, па користете го за масажа на вратот и рамениците. Или уште подобро, дозволете му на некој друг да го направи тоа .
Исто така е многу корисно во намалувањето на главоболки и болки на забите. Втријте неколку капки на челото или на дел од вилицата каде ве боли заб. Лавандата е позната по своите смирувачки ефекти. Таа е особено ефективна како третман за изгореници, исекотини и рани. Можете да ја ставите на стерилна газа и да ја покриете раната. Исто така е едно од најпопуларните масла кои се користат за време на породувањето, бидејќи  релаксира, ја намалува анксиозноста и болката. Ова масло е добро за лекување на каснувања од инсекти, бидејќи помага да се ослободите од чешањето. Тоа може да се стави директно на каснатото место или претходно измешано со крема .

уторак, 20. јун 2017.

КОПРИВА

Лековитиот чај од коприва е богат со  витамини, минерали и хлорофил, кои го јакнат имунитетот и помагаат во лекување на разни болести, настинка и сериозни воспаленија.
Копривата содржи многу железо поради што се смета за верен борец против анемија. Оваа болест често ги погодува децата, адолесцентите, бремените жени и постарите лица, а железото многу тешко се надоместува преку храната. За да избегнете разни таблети, најдобро е да пиете чај од коприва.
Лицата кои се борат со вишок килограми, можат да ја користат копривата која создава чувство на ситост и поволно влијае на регулирањето на телесната тежина. Помага при побрзо исфрлање на урината поради што се смета за природен чистач на организамот.
Мажите можат да имаат голема корист од копривата бидејќи таа со години се користи за лечење на простата по природен пат и спречување на појава на малигни тумори на оваа жлезда.
Чајот од коприва е одличен и за лица кои имаат проблеми со поленска грозница која предизвикува неконтролирано чешање, иритација, црвенило на очите и кивавица.

Ајдучка трева

Ајдучката трева, или столисникот, е исправена билка со висина до 80 сантиметри. Бојата на стеблото е светлозелена ил црвено-кафеава. Има безброј перјасти ливчиња, и ја карактеризира прекрасна миризба.
Ботаничкото име (Achilea millefolium) и’ е дадено по грчкиот јунак Ахил, и има значење дека дава сила. Најземниот дел од билката во цветањето содржи еден отсто етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја ахилеин, смоли, стереоли, танини и друго. Етеричното масло на ајдучката трева се добива со дестилација со помош на водена пареа, а содржи пинен,тујон, камфор, лимонен, цинеол, борнеол.
Оваа билка е распространета по целата Европа, расте поединечно или во големи колонии на ливадите и пасиштата.
Лековити делови на билката: за време на цветањето се собираат цветовите со кратки петлици, и целата билка најмногу до 30 сантиметри должина. Поради високата содржина на горчливи материи и етерични масла, ајдучката трева се вбројува во горчливи дроги. Цвета преку целото лето. Се користи во облик на чај за подобрување на апетитот, кај желудечните тегоби, како и за тешкото варење. Во народната медицина се користи за зараснување на раните како хемостипик и за ублажување на болката.

Ајдучката трева се наоѓа во составот на горчливите чаеви за чистење, засилено лачење на жолчка, за нормализација на метаболизмот и за смирување. Однадвор се употребува како антифлогистик, слично на камилицата, за испирање, како купка, и за облоги. 
Поради витаминот Ц се препорачува кај крварење и хемороиди. При употребата на ајдучката трева треба да се знае дека кај пречувствителните лица може да предизвика алергија. Затоа луѓето со чувствителна кожа треба да користат само млада, штотуку расцветана билка, а чај да пијат во мали количества.
Лековито дејство: ја чисти и зајакнува крвта и дигестивниот систем, посебно е корисна за лечење на црните дробови, слезината, против жолтица, преголем доток на крв во главата, воспаление на цревата и желудникот, кај грчевите, грозницата, силно лупање на срцето, несоница, разни осипи и чирови, болки во коските и грбот, нередовна менструација...
Чајот од ајдучка трева успешно лечи и испукана кожа, ранливи брадавици кај доилките, како и псоријаза. Исто така се употребува и за ангина пекторис како чај.

Кај лицата со нервни заболувања се препорачува често миење на телото со студен чај и тоа наутро и навечер. Ги намалува тешкотиите од гихт и ревматизам. Спаѓа и меѓу средствата кои делуваат со својот горчлив вкус на слузокожата на желудникот, па така поттикнува излачување на желудечен сок, а со самото тоа и го пробудува апетитот.