Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 21. април 2012.

Интеграција на еколошкото образование во редовниот образовен систем


I ЕКО-СТАНДАРД: ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Полиса: Рационално користење на електричната и топлинската енергија дома и во училишната зграда.
Цел: Намалување на потрошувачката на електрична и топлинската енергија.

Наставен предмет/ Одделение

Наставна тема
Наставна содржина/ лекција

Траење


Наставник

Физика
VII
Внатрешна енергија
Топлинска изолација

4 часа
Аида Петровска
ОУ "Димитар Миладинов"
Општина Центар - Скопје


Очекувани резултати:
Учениците:
- Решаваат проблемски ситуации, воопштуваат, извлекуваат заклучоци;
- Ги применуваат знаењата при решавање на проблеми;
- Да умеат да демонстрираат топлинска изолација и зошто одредени материјали се користат за таа цел;
- Да умеат да направат термос, облека, ѕид, покрив, прозор;
- Да откријат зошто двојните ѕидови и двојните прозорски стакла се подобри од единечните;
- Да се уверат дека со топлинската изолација се штеди енергија;
- Да развијат љубов кон архитектура, градежништво, текстилна индустрија;
- Да умеат да фотографираат и евидентираат;
- Да умеат да изработуваат презентации во OpenOffice Impress;
- Да знаат да организираат и земат интервју.

Потребни материјали и опрема за реализација:
- Функционален картон со насоки за изработка на макети на куќи, термос и облека, насоки за изведување на експерименти, насоки за изработка на презентација и прашалник за самооценување на работата на групата ( прилог 1);
- Потсетник за групна работа за секоја група (прилог 2);
- Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на час реализирана со решавање проблеми (прилог 3);
- 5 – 10 лаптопчиња, картонски кутии, памук, стиропор, пластични шишиња, алуминиумска фолија, термометар, чаша, вода, плинско решо, кибрит, коцки мраз, волнена и памучна чорапа.

Активности и насоки од претходниот час:
- На учениците им беше најавено дека 4 часа по наставата ќе работат на проблемски задачи за топлинска изолација (тема Внатрешна енергија);
- Учениците добија задача да обезбедат материјали за работа и ги добија упатствата за изработка на презентација.
- Наставникот е должен да обезбеди компјутери (лаптопчиња) за непречена работа.


Активности на часот:
а) прв час:
УЧЕНИЦИ:
- Се делат на групи;
- Им се поделува функционален картон (прилог 1) од каде се запознаваат како да изработат модел на куќа со примена на топлинска изолација, термос и облека.
- Го слушаат предавањето од наставникот и ги бележат информациите што им се потребни за поуспешна работа и поефектна презентација.
- Се запознаваат со изработка на добра презентација.
НАСТАВНИК:
- Ги запознава учениците со термоизолационите материјали, им дава совети како да ги применат во изградба на нивната макета на куќа, во термосот и облеката.
- Ги советува како да изработат добра презентација.

б) втор час:
УЧЕНИЦИ:
- Изработуваат макети на куќи со двојни ѕидови, двојни прозорци, изолиран покрив, термос и облека.
- Групите меѓусебно соработуваат и разменуваат мислења.
- Ги фотографираат изработките, а фотографиите ги сместуваат во своите презентации.
- Презентациите ги работат во OpenOffice Impress, зошто немаме функционални компјутери во училиштето и работат на наставничките лаптопчиња.
НАСТАВНИК:
- Обезбедува компјутери за секоја група (позајмува од колеги), обезбедува работна атмосфера, советува, помага.
Дава општа повратна информација за сработеното и најавува дека
наредниот час секоја група ќе презентира што сработила. Презентациите можат да бидат во OpenOffice Impress или во вид на постер.
в) трет ( отворен) час:
УЧЕНИЦИ:
- Презентираат трудови,
- Одговараат на прашања поставени од гостите,
- Раскажуваат за стекнатите искуства од оваа активност.
НАСТАВНИКОТ:
- Обезбедува успешна реализација на часот.
- Помага, советува, бележи јаки и слаби страни на секоја група.
- Ги пречекува гостите – наставници и разговара за успешноста на часот.

г) четврти час
УЧЕНИЦИТЕ:
- Се оценуваат за сработеното.
- Укажуваат на некои работи кои би ги смениле или доколку би работеле повторно на иста активност, што би направиле поинаку.
- Раскажуваат колку од нив преку оваа активност го засакале градежништво и архитектура и дали некој од нив ќе се определи за идна професија – градежник или архитект.

НАСТАВНИК:
- Го дополнува евидентниот лист за секоја група и им дава конечна повратна информација.
- Им дава задача на оние што се заинтересирале за градежништво да најдат некој
градежник или архитект и да му земат интервју, да ни се разјасни како се станува градежник или архитект.

Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат:
Ги следат активностите од секоја група, забележуваат, евидентираат и внесуваат на своите страници на “Thinkquest”(најголем некомерцијален светски програм за образование подржан од интернет), потоа дебатираат, внесуваат фотографии од активностите, шеми, донесуваат заклучоци и бараат мислења за сработеното од ученици и наставници од други училишта.
 

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:

а) прв час:
  • Учениците покажа особен интерес за проектната активност. Поставија многу прашања, дадоа многу предлози и идеи за проширување на активноста. Од предвидените четири часа, ќе имаме потреба од повеќе, Решивме да побараме помош од некој градежник или архитект.
б) втор час:
  • Учениците без потешкотии изработувале модели, соработувале и си помагале. Дел од работата ја носеле и дома, со цел побргу да завршат.
Малку имавме проблеми со лаптопчињата, некои без предупредување ни се гасеа и моравме многу работи да повторуваме, а и некои папки ни се губеа без причина.
Се на се интересно искуство. Изработивме доволно за да можеме да презентираме и да покажеме колку научивме.
в) трет час
  • Учениците ги презентираа своите трудови пред соучениците, педагог, психолог и наставникот по математика – Бети Стојоска Стојановска.
Секоја група изработи модел (според барањата) и презентација. Слушнавме многу полезни информации. Сите изработки беа уникатни, а најголем број на презентации ги задоволуваа правилата за изработка на квалитетна презентација.

г) четврти час
  Се оценувавме за сработеното.

За да ги видиш прилозите што се дел од подготовката, КЛИКНИ: ЅИДОВИ, ПРОЗОРЦИ, ПОКРИВ или ТЕРМОС и ОБЛЕКА.

(НАПОМЕНА – ПОДГОТОВКАТА Е ОД МИНАТАТА УЧЕБНА ГОДИНА, КОГА НЕМАВМЕ ФУНКЦИОНАЛНИ КОМПЈУТЕРИ)

Нема коментара:

Постави коментар