Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

недеља, 06. новембар 2011.

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

 Вовед

Јаглерод диоксидот (хемиска формула: CO2) e хемиско соединение составено од два кислородни атоми и еден атом на јаглерод. Тоа е гас при стандардни услови за температура и притисок и во таа состојба го има во земјината атмосфера. Јаглеродот диоксидот е гас без боја и мирис. Потежок е од воздухот и не гори. Овие својства на јаглерод диоксидот се причина тој да се употребува за гаснење на пожари. Јаглерод диоксидот малку се раствора во вода при што реагира со неа образувајќи јаглеродна киселина. Таа е непостојана и се разложува на вода и јаглерод диоксид. Поради тоа, јаглерод диоксидот се употребува за газирање пијалаци. Растенијата го користат јаглерод диоксидот од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќи кислород. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на дишење, при што ослободуваат јаглерод диоксид. Овој процес се одвива постојано и е основа за животот на Земјата. Јаглеродниот диоксид се создава од различни извори, меѓу кои и вулкански ерупции, разградувањето на органската материја и од процесот на дишење кај живите организми. Исто така, тој се произведува и од ферментацијата на некои микроорганизми и од клеточното дишење. Растенијата го користат јаглеродниот диоксид при фотосинтезата, користејќи го притоа и кислородот за да синтетизираат јаглехидрати. По ова, растенијата испуштаат кислород во атмосферата, кој е исклучително важен за респирацијата кај хетеротрофните организми, притоа формирајќи циклус. Јаглеродниот диоксид го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

 Прибор: 

Тегла, гумена ракавица, мало пластично шише, продупчена затка со гумено црево, дрвце, шпиритусна ламба, чаша или потсечено пластично шише.


Хемикалии:

Оцет, сода бикарбона, течен детергент за миење садови, црвена боја за колачи, варова вода.

Тек на работа:

Опит 1.

Во теглата ставаме малку сода бикарбона и оцет. Отворот на теглата затвораме со гумена ракавица. Ракавицата ќе се наполни со јаглерод диоксид кој се создал со хемиската реакција помеѓу оцет и сода бикарбона:

CH3
COOH + NaHCO3 → CH3COONa + CO2 + H2O

Оцетната кисекина е посилна од јаглеродната и ја истиснува од нејзината сол.

Опит 2.

Во едно пластично шише стави сода бикарбона и оцет. Во отворот од шишето внеси запалено шкорче. Шкорчето ќе се изгаси оти ослободениот јаглерод диоксид не гори ниту го подржува горењето.

Опит 3.

  Во истато шише од претходниот обид долеј уште малку оцет и затвори го со затка низ која поминува гумено црево. Цревцето од затката нурни го во потсеченото шише со варова вода. Со воведување на CO2 во варова вода Ca(OH)2 таа се заматува. Причина поради која се заматува е создавање на калциум карбонат CaCO3 кој се создава при таа реакција но не се раствора во вода па е забележлив.
Ca(OH)2
+ CO2 → CaCO3 + H2O

 Опит 4.

Во помало пластично шише стави малку сода бикарбона, течен детерџент за миење садови и обоен оцет со црвена боја за колачи. Со реакцијата на сода бикарбона, течниот детерџент за садови и црвенообоениот оцет се создава јаглерод диоксид. Јаглерод диоксид со течниот детерџент создава пена, која како црвена лава излегува од вулканот ( шишето ).
Заклучок:

За изведување на многу експерименти по хемија можеме да се послужиме со супстанци кои секојдневно ги употребуваме за некоја наша потреба, од одржувањето на хигиена до исхраната, а сепак да бидат атрактивни и интересни за секого. Не мораме да употребуваме посебна апаратура, туку можеме да се послужиме со пластичните шишиња и стакленки кои ги фрламе како отпад,

                                                                                                                                                    А. П.

Нема коментара:

Постави коментар