Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 06. јун 2012.

МАНАСТИРОТ ПРЕПОЛОВЕНИЕ “РУСА СРЕДА”


МАНАСТИРОТ ПРЕПОЛОВЕНИЕ “РУСА СРЕДА”
Манастирот Преполовение Руса Среда се наоѓа во месноста Пеленица во близина на селото Драчево. Поточно манастирот се наоѓа на висорамнина  над селата Батинци и Драчево вднаш до патот кој води од Драчево кон Горно Количани и повеќе други села во подножјето на планината Китка. Покрај конаците во манастирот има повеќе летниковци и голема широка ливада на која редовно се одржува голем народен собр по поод празникот Преполовение – Руса Среда.
Руса Среда спаѓа меѓу подвижните празници, што значи дека нема постојан датум туку секоја година го менува. Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа во средината меѓу Велигден и Духовден но секогаш во среда. Затоа освен Руса Среда овој ден се вика и Преполовение што значи половина од Педесетицата, односно Дховден.
АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ:
Во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека на овој ден се изведувал обичајот Додоле за измолување дожд. „На Руса среда момите отбервет една от меѓу себе и над рутиштата од глава до нозе ја опашват со секакви треви, на пр. од боз и др. и ходат по куките пејеештем. 
 „Отлетала пеперуга, ој љуље ој!“ 

Одлетала пеперуга, ој љуље,ој!
Од орача на орача, од копача на копача,
од режача на режача
да заросит ситна роса
ситна роса бериќетна
и по поле и по море
да се родит с бериќет
с бериќет виножито,
чеиниците до гредите,
јачмените до стреите,
леноите до појаси,
уроите до колена:
да се ранат сиромаси.
Дарвете не со сито,
да је ситна година,
дарвете не со ошница,
да је полна кошница
Дарвете не со јамаче
да је тучна година.


Кога стигнат под некој прозорец, (пенџера), от озгора туривает вода на опасаната со тревје. Влегват во куќите и тркаљает сито, кое ако паднит ничкум, во таја куќа ќе бидит ск’пиа; ако паднит инаку, плодородје. Во секоја к’шта им давает брашно, или друго нешто и за ручек со собраните направјет гозба, на која пејет и играјет. Това се викат Ој љуље. И кога некој се (или некого) изводенит, се велит: се (или го) направих Ој-љуље.“ Овој податок го потврдува и Драги Стефанија во еден запис од поново време. „Ој љуље. 
Во Струга се праеше овој обичај. По Велигден 25 дена, то е половина Педесетница, ќе се соберевне деца и некое сиромашко ќе го облечее во зеленило и ќе одеше од куќа в куќа, ќе му пееја песмава“. Во Скопската Котлина на Руса Среда не се ора поради стоката, за воловите да не ги болат вратовите од јаремот (Мирковци). На тој ден се сади грав и друг зеленчук за Господ да го нароси (во Радишани). Општ обичај бил жените на овој ден да берат ума за миење глава.
06.06.2012

 

Нема коментара:

Постави коментар