Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 08. фебруар 2014.

Кристофер Колумбо


Кристофер Колумбо ќе остане запаметен како човекот кој прв во 1492 го препловил Атланскиот океан и успеал да ги открие земјите на западната полутопка всушност за време на неговиот живот немал ни приближна претстава што навистина направил. Таа чест ќе му припадне на уште еден Италијанец со познато име Америго Веспучи кој бил во состав на Шпанската експедиција која поминала долг пат покрај сверното  крајбрежје на Бразилија и кој прв утврдил дека станува збор за новоткриен континент. Сепак Колумбо ќе остане најголемиот синоним за најзначајното географско откритие било кога пронајдено.

          Општо познато е дека Колумбо е Италијанец роден во Ѓенова 1451 во семејство на ткајач што била една од причинитe да не се стекне со систематско образование за време на младоста. Во 1474 дошол во Португалија како претставник на една Ѓеновјанска трговска куќа. Живеел на краток период во Англија, на островите Мадеира и на соседниот остров Порто Санто каде што се оженил за ќерката на морепловецот Перестрело по потекло од Италија од кој останале многу поморски карти и дневници значајни за понатамошниот развој на кариерата на амбициозниот Колумбо.

          Уште во 1483 започнале безуспешните преговори на Колумбо со Португалската влада за организирање на патување на запад со цел откривање на нови земји и наоѓање на пократкиот пат за Индија. Всушност од оваа временска дистанца се гледа колкава била заблудата на тогашните морепловци кои толку го скратувале дијаметарот на земјата што сериозно верувале дека источниот брег на Азија е многу блиску веќе познатиот западен дел на Африка. Колумбо многу пати бил одбиван од Португалците со едноставно објаснување дека Источниот пат до Индија е веќе на дофат и безпотребно би било да се фрлаат пари за откривање на западниот.

По овој неуспех Колумбо преминува во соседна Шпанија каде по долги преговори и со подршка на многу влијателни луѓе и богати трговци конечно успеал од Кралот да добие одобрение за организација на експедицијата. Останатото е добро позната историја. Неговото откривање на Сан Салвадор(еден од Бахамските острови) именувањето на домородците во Индијанци(жители на Индија) и откривањето на Куба односно нејзиниот јужен брег кој Колумбо го сметал за јужниот дел на Азија. И за време на своето второ патување кога успеал да открие многу острови и нови земји морепловецот не бил ни прибижно свесен за што станува збор. Дури за време на третото патување му се родила идејата дека можеби открил нов континент но сепак бидејки бил длабоко религиозен човек веднаш овие идеи ги заматил со проекциите на земскиот рај за кој се сметало дека се наоѓа токму на источниот брег на Азија. Повторно не сакал да ги превери јасните сигнали и индиции кои му укажувале на јаснта реалност дека станува збор за нов континент.

          Неговото четврто патување во 1502-та всушност претставувало одговор на Васко Де Гама и неговиот поморски пат за Индија. Пловејки на југозапад од островот Куба и претпоставувајќи дека тој му го пресекува патот кон јужна Азија Колумбо упорно барал проток но пловејќи всушност по должината на централна Америка тој се разбира не можел да го најде.

          За време на неговиот животен век Колумбо бил сметан за една голема пропадната инвестиција на Шпанската влада. До самиот крај на својот живот капетанот морал да води судски спорови околу неговите права и обврски за преголемите средства одвоени од тогаш бедната шпанска државна фрлени во вода кои не донесле никаков повраток. Америка всушност била откриена но Колумбо не доживеал да ужива во богатствата и славата на новиот свет. 
Некои истражувачи тврдат дека Крис­то­фер Ко­лум­бо не ја от­крил Аме­рика и дека тоа е една од историските лаги....

Во 15 век мал­ку­ми­на ве­ру­ва­ле де­ка Зем­ја­та е тр­ка­лезна. Ду­ри ни­ту цр­ков­ни­те ин­кви­зи­то­ри не ги спа­лу­ва­ле лу­ѓе­то на кла­да по­ра­ди тоа. Инаку, прва­та те­о­ри­ја де­ка Зем­ја­та е ка­ко топ­ка ја ос­мис­лил уш­те Пи­та­го­ра во Ан­тич­ка Гр­ција. Всушност, Ко­лум­бо ги ко­рис­тел на­ви­га­цис­ки­те тех­ни­ки што се зас­но­ва­ат на фак­тот де­ка Зем­ја­та е тр­ка­лезна. Ис­то така, Ко­лум­бо не е први­от што ја от­крил Аме­рика, а пок­рај тоа ни­ко­гаш не стап­нал со но­га на тоа копно, би­деј­ќи тој, всушност, прес­то­ју­вал на ос­тро­ви­те Ба­ха­ми и Ка­риби. Ви­нов­ник за оваа заб­лу­да е ше­га­џи­ја­та по име Ва­шин­гтон Ир­винг, кој во 1838 го­ди­на на­пи­шал но­ве­ла за Ко­лумбо. А по­тоа си­те по­ве­ру­ва­ле во не­го­ви­те аван­ту­рис­тич­ки при­казни.
Вашингтон Ирвинг

Нема коментара:

Постави коментар