Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 12. август 2015.

ЗМИИ ОТРОВНИЦИ


Постојат околу 7000 видови змии на планетата, а околу  100 видови се отровни. На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни:  поскокот, шарката и остроглавата шарка, додека останатите се безопасни.
Змиите се присутни на Земјата повеќе од 100 милиони години, а ги има во природата околу нас во  поголем број. Затоа важно е да се знае како да избегнеме средба со овие непријатни влекачи. Змијата не е насилно животно и  бега од опасност, а напаѓа само ако е загрозена. За да го намалиме ризикот од каснување на змија отровница, потребно е да знаеме како да се однесуваме во природа:
1. Кога шетаме низ шумата треба да правиме врева носејќи стап со кој ќе шушкаме по околните лисја или грмушки. Кога змиите ќе почувствуваат вибрации ќе се сокријат самите.
2. Нетреба да трчаме затоа што така змиите нема да имаат време да се сокријат.
3. Да гледаме  каде газиме. Ако наидеме на змија веројатно сме ја начекале на спиење, а тогаш змиите се чувствуваат загрозени.
4. Змиите обично се во карпести и шумски предели близу вода.
5. Ако сретнеме змија треба да застанеме и не паничиме. Да почекаме да си оди. Треба да имаме стап со себе за во случај да тргне накај вас да можеме да ја оттурнеме.
Како ќе препознаеме и како да реагираме ако не касне змија?
– На местото на раната се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една. Не мора секогаш да значи дека змијата во раната оставила и отров. Во дури 22 % од испитаните рани немало знаци на труење.
Знаци на труење:
- Вртоглавица,
- Повраќање,
- Болка на местото на раната,
- Оток на лимфните жлезди во препоните доколку раната е на нога, или кај пазувите доколку раната е на рака.
 Постапка за лечење:
- Лицето треба да мирува
- Имобилизирајте ја ногата или раката на која е раната. Со тоа се забавува ширењето на отворот во организмот.
- Потребен е брз превоз до болницаИмобилизација е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошување на повредата и да се намали болката за време на превозот до болница. Во состојба на мирување се става ранетиот дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во исправена положба, а раката треба да биде завиткана кај лактот и доближена до телото.
Најчести грешки кои не треба да ги правите:
- Не го преврзувајте екстремитетот.
- Не ја допирајте раната.
- Не се обидувајте да го извадите отровот.
- Не ставајте мраз на местото на раната.
Најотровната змија во светот е Oxyuranus scutellatus а постојат два подвида: новогвинејски Тајпан (Ox. S. Canni) и северозападен Тајпан (Ox. S. Barringeri). Често се среќава во Австралија.
Обично на должина достигнува 2 - 3 метри, но се фатени и поголеми примероци 3,3 и 3,5 метри. По боја најчесто е во различни нијанси на кафеаво, во зависност од годишното време, со помош на способноста да апсорбира топлина. На пример, во лето е темно кафеава, а во зима е темно сива. Главата обично е потемна од телото. Очите се големи, тркалезни.
Отровните заби се предни, големи од 0,9 до 1,2 cm, а отровот е моќен невротоксин. При еден загриз испушта до 100 mg токсини, доволно за да убие 100 луѓе или 250000 стаорци. Отровот на континенталниот Тајпеј е од 100 до 400 пати посилен од оној на Кобрата и може да убие човек за 45 минути. Континенталниот Тајпеј избегнува контакт со луѓето и  претставува најсрамежлива змија.
Не се плаши од човекот, а живее на места во близина на него. Тајпеј е исклучително агресивна и брза змија. Кога е загрозена ја имитира кобрата, со тоа што го крева предниот дел на телото и едвај забележливо го надувува вратот. Се храни со глувци и стаорци, ретко со жаби, птици и други змии. Активна е рано наутро, приквечер и ноќе. Во 1950 година од загриз на Тајпеј загинал Кевин Буден кој бил еден од научниците со најголем придонес во проучувањето на оваа змија.
ШАРКА
Шарката е со многу кратка опашка, со елипсовидна и сплосната глава, која што јасно се одделува од трупот. Мажјаците се помали од женките и имаат сива боја, додека женките се црвенкасто-смеѓи.

ОСТРОГЛАВА ШАРКА
Возрасните единки се долги во просек 40–50 см, иако се најдени и примероци по 63–80 см. Женките се поголеми од мажјаците. Ова е најмала отровница во Европа, со дебело тело, тесна глава и груб изглед. По боја змијата е сива, драп или жолтеникава со темна кривулеста пруга на грбот, обрабена со црно.


ПОСКОК
     Јасна особеност на поскокот е рокчето (острица) на муцката, веднаш над клунената лушпа.
Шарите се разликуваат кај половите. Мажјаците имаат неправилни темнокафеави, темносиви или црни белези. Од зад окото до задниот дел на вилицата се протега широка црна пруга. Јазикот е црн, а очната шареница има златесто-бакарна боја. Мажјаците на тилот имаат темна дамка или белег во облик на буквата V кој често преоѓа во кривулестата шара на грбот. Долната страна на телото има различна боја кај различни единки, и тоа во разни нијанси на сиво, понекогаш жолтеникаво или розеникаво сива или пак жолтеникаво кафеава. Грбната кривулеста линија е темносива или црна, понекогаш со уште потемен раб. Од обете страни има ред темни (понекогаш жолтеникави) точки, понекаде поврзани со брановидна лент






Нема коментара:

Постави коментар