СОВРШЕНО СРЦЕ
Едно момче имаше совршено срце. 
Немаше ниту една рана или лузна на него. Сите се сложуваа дека неговото 
срце е најубаво. Момчето беше среќно и со гордост го покажуваше своето 
преубаво срце. Одненадеш се појави еден старец и рече: - Зошто твоето 
срце не е толку убаво како моето? Срцето од старецот силно чукаше, но 
беше полно со лузни. На некои места имаше преместени делови, а на други 
места составени, но не одговараа комплетно. А имаше и места на кои 
недостасуваа цели парчиња. Луѓето го гледаа старецот со чудење - како 
може да помисли дека неговото срце е поубаво од на момчето? Момчето го 
погледна срцето од старецо и се насмевна: - Се шегуваш со мене. Спореди 
го своето срце со моето, моето е совршено, а твоето преполно со лузни. -
 Гледаш, секоја лузна е личност на која сум и дарувал љубов - вадев по 
едно парче од срцето мое и и го подарував. Најчесто тие мене ми подаруваа парче од своето срце, кое не баш совршено прилегаше на 
празното место во моето. А некогаш подарував парче срце, а не го добивав
 назад друго. Тука се создадоа големи празнини и вдлабнатини. Иако се 
отворените празнини болни, ме потсетуваат на љубовта која ја делевме. И 
за тие луѓе имам надеж дека еден ден ќе се вратат еден ден и ќе ја 
пополнат празнината. Момче. гледаш ли сега што е вистинска убавина? 
Момчето се подзамисли малку. Му пријде на старецот, посегна по своето 
младо и совршено срце и откина парче од него, па со растреперени раце му
 го даде на старецот. Старецот го прифати парчето од срцето на момчето, 
извади парче од своето и го смести во раната на срцето од момчето. 
Момчето го погледна своето, веќе не така совршено срце, но поубаво од 
било кога.

 
Нема коментара:
Постави коментар