Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 21. април 2012.

Интеграција на еколошкото образование во редовниот образовен систем - 2

Прилози
ПРИЛОГ 1:
Функционален картон:
ГРУПА - 1 - ЅИДОВИ
ЦЕЛ – Макета на куќа со топлинско изолирани ѕидови.
- Да се увериме дека изолираните ѕидови ја задржуваат топлината.
Материјали и апарати:
- Две картонски кутии со различна големина, памук или стиропор, термометар, стоперица, тетратка, молив, плинско решо, сад со вода, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера.
Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај)
а) - Во помалата кутија ставаме чаша со зовриена вода.
- Ја затвораме кутијата и на покривот правиме дупче за термометар.
- Ја мериме температурата во куќичката - кутијата на секоја минута (10 минути).
- Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.
б) Помалата кутија ја ставаме во поголемата и засекуваме прозорци и врати.
- Просторот помеѓу кутиите го пополнуваме со стиропор или памук.
- Отворите за прозорци и врати ги затвораме со парче проѕирна фолија.
- Поставуваме покрив ( парче картон) со отвор за термометар.
- Во истата чаша налеваме зовриена вода и ја ставаме во куќичката.
- Низ отворот на кровот поставуваме термометар и ја мериме температурата во куќичката на секоја минута (10 минути).
- Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.
t (min)
0
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
t (ºC)






















неизолирани ѕидови
t (min)
0
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
t (ºC)






















изолирани ѕидови








































































































































































































Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress.
Одговори на поставените прашања:
  • Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?
  • Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?
  • Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели?
    ГРПА – 2 – ПРОЗОРЦИ
    ЦЕЛ – Изработка на двојни прозорци.
    - Да се увериме дека двојните прозорци ја штедат енергијата.
    Материјали и прибор:
    -Две картонски кутии со различна големина, памук или стиропор, термометар, стоперица, тетратка, молив, плинско решо, сад со вода, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера.
    Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај)
    • Куќичката изградена по упатството од група 1 (а и б), со таа разлика што прозорците ќе ги затвориме со двојна фолија на извесно растојание.
    • Поставуваме покрив ( парче картон) со отвор за термометар.
    • Во една чаша налеваме зовриена вода и ја ставаме во куќичката.
    • Низ отворот на кровот поставуваме термометар и ја мериме температурата во куќичката на секоја минута (10 минути).
    • Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.
    t (min)
    0
    1
    2
    3
    4
    5
    6
    7
    8
    9
    10
    t (ºC)






















    единечни прозорски стакла
    t (min)
    0
    1
    2
    3
    4
    5
    6
    7
    8
    9
    10
    t (ºC)






















    двојни прозорски стакла








































































































































































































    Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress.
    Одговори на поставените прашања:
    • Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?
    • Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?
    • Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели?
     
    ГРУПА - 3 – ПОКРИВ
    ЦЕЛ: - Изработка на покрив кој штеди енергија.
    - Да се увериме дека со правилна изведба на покривот штедиме енергија.
    Материјали и апарати:
    Две картонски кутии со различна големина, памук или стиропор, термометар стоперица, тетратка, молив, плинско решо, сад со вода, картонски плочи, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера.
    Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај)
    • Куќичката изградена по упатството од група 1 и 2 со таа разлика што покривот ќе го изолираме така што помеѓу греди и штици ке ставиме памук или стиропор и ќе го обложиме со уште еден ред штици ( штиците ќе ни бидат картонски плочи).
    • Ќе направиме мало оџаче за термометар.
    • Во една чаша налеваме зовриена вода и ја ставаме во куќичката.
    • Низ оџакот на кровот поставуваме термометар и ја мериме температурата во куќичката на секоја минута (10 минути).
    • Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.

    t (min)
    0
    1
    2
    3
    4
    5
    6
    7
    8
    9
    10
    t (ºC)






















    неизолиран покрив
    t (min)
    0
    1
    2
    3
    4
    5
    6
    7
    8
    9
    10
    t (ºC)






















      изолиран покрив








































































































































































































Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress.
Одговори на поставените прашања:
  • Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?
  • Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?
  • Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели?

Интеграција на еколошкото образование во редовниот образовен систем


I ЕКО-СТАНДАРД: ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Полиса: Рационално користење на електричната и топлинската енергија дома и во училишната зграда.
Цел: Намалување на потрошувачката на електрична и топлинската енергија.

Наставен предмет/ Одделение

Наставна тема
Наставна содржина/ лекција

Траење


Наставник

Физика
VII
Внатрешна енергија
Топлинска изолација

4 часа
Аида Петровска
ОУ "Димитар Миладинов"
Општина Центар - Скопје


Очекувани резултати:
Учениците:
- Решаваат проблемски ситуации, воопштуваат, извлекуваат заклучоци;
- Ги применуваат знаењата при решавање на проблеми;
- Да умеат да демонстрираат топлинска изолација и зошто одредени материјали се користат за таа цел;
- Да умеат да направат термос, облека, ѕид, покрив, прозор;
- Да откријат зошто двојните ѕидови и двојните прозорски стакла се подобри од единечните;
- Да се уверат дека со топлинската изолација се штеди енергија;
- Да развијат љубов кон архитектура, градежништво, текстилна индустрија;
- Да умеат да фотографираат и евидентираат;
- Да умеат да изработуваат презентации во OpenOffice Impress;
- Да знаат да организираат и земат интервју.

Потребни материјали и опрема за реализација:
- Функционален картон со насоки за изработка на макети на куќи, термос и облека, насоки за изведување на експерименти, насоки за изработка на презентација и прашалник за самооценување на работата на групата ( прилог 1);
- Потсетник за групна работа за секоја група (прилог 2);
- Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на час реализирана со решавање проблеми (прилог 3);
- 5 – 10 лаптопчиња, картонски кутии, памук, стиропор, пластични шишиња, алуминиумска фолија, термометар, чаша, вода, плинско решо, кибрит, коцки мраз, волнена и памучна чорапа.

Активности и насоки од претходниот час:
- На учениците им беше најавено дека 4 часа по наставата ќе работат на проблемски задачи за топлинска изолација (тема Внатрешна енергија);
- Учениците добија задача да обезбедат материјали за работа и ги добија упатствата за изработка на презентација.
- Наставникот е должен да обезбеди компјутери (лаптопчиња) за непречена работа.


Активности на часот:
а) прв час:
УЧЕНИЦИ:
- Се делат на групи;
- Им се поделува функционален картон (прилог 1) од каде се запознаваат како да изработат модел на куќа со примена на топлинска изолација, термос и облека.
- Го слушаат предавањето од наставникот и ги бележат информациите што им се потребни за поуспешна работа и поефектна презентација.
- Се запознаваат со изработка на добра презентација.
НАСТАВНИК:
- Ги запознава учениците со термоизолационите материјали, им дава совети како да ги применат во изградба на нивната макета на куќа, во термосот и облеката.
- Ги советува како да изработат добра презентација.

б) втор час:
УЧЕНИЦИ:
- Изработуваат макети на куќи со двојни ѕидови, двојни прозорци, изолиран покрив, термос и облека.
- Групите меѓусебно соработуваат и разменуваат мислења.
- Ги фотографираат изработките, а фотографиите ги сместуваат во своите презентации.
- Презентациите ги работат во OpenOffice Impress, зошто немаме функционални компјутери во училиштето и работат на наставничките лаптопчиња.
НАСТАВНИК:
- Обезбедува компјутери за секоја група (позајмува од колеги), обезбедува работна атмосфера, советува, помага.
Дава општа повратна информација за сработеното и најавува дека
наредниот час секоја група ќе презентира што сработила. Презентациите можат да бидат во OpenOffice Impress или во вид на постер.
в) трет ( отворен) час:
УЧЕНИЦИ:
- Презентираат трудови,
- Одговараат на прашања поставени од гостите,
- Раскажуваат за стекнатите искуства од оваа активност.
НАСТАВНИКОТ:
- Обезбедува успешна реализација на часот.
- Помага, советува, бележи јаки и слаби страни на секоја група.
- Ги пречекува гостите – наставници и разговара за успешноста на часот.

г) четврти час
УЧЕНИЦИТЕ:
- Се оценуваат за сработеното.
- Укажуваат на некои работи кои би ги смениле или доколку би работеле повторно на иста активност, што би направиле поинаку.
- Раскажуваат колку од нив преку оваа активност го засакале градежништво и архитектура и дали некој од нив ќе се определи за идна професија – градежник или архитект.

НАСТАВНИК:
- Го дополнува евидентниот лист за секоја група и им дава конечна повратна информација.
- Им дава задача на оние што се заинтересирале за градежништво да најдат некој
градежник или архитект и да му земат интервју, да ни се разјасни како се станува градежник или архитект.

Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат:
Ги следат активностите од секоја група, забележуваат, евидентираат и внесуваат на своите страници на “Thinkquest”(најголем некомерцијален светски програм за образование подржан од интернет), потоа дебатираат, внесуваат фотографии од активностите, шеми, донесуваат заклучоци и бараат мислења за сработеното од ученици и наставници од други училишта.
 

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:

а) прв час:
  • Учениците покажа особен интерес за проектната активност. Поставија многу прашања, дадоа многу предлози и идеи за проширување на активноста. Од предвидените четири часа, ќе имаме потреба од повеќе, Решивме да побараме помош од некој градежник или архитект.
б) втор час:
  • Учениците без потешкотии изработувале модели, соработувале и си помагале. Дел од работата ја носеле и дома, со цел побргу да завршат.
Малку имавме проблеми со лаптопчињата, некои без предупредување ни се гасеа и моравме многу работи да повторуваме, а и некои папки ни се губеа без причина.
Се на се интересно искуство. Изработивме доволно за да можеме да презентираме и да покажеме колку научивме.
в) трет час
  • Учениците ги презентираа своите трудови пред соучениците, педагог, психолог и наставникот по математика – Бети Стојоска Стојановска.
Секоја група изработи модел (според барањата) и презентација. Слушнавме многу полезни информации. Сите изработки беа уникатни, а најголем број на презентации ги задоволуваа правилата за изработка на квалитетна презентација.

г) четврти час
  Се оценувавме за сработеното.

За да ги видиш прилозите што се дел од подготовката, КЛИКНИ: ЅИДОВИ, ПРОЗОРЦИ, ПОКРИВ или ТЕРМОС и ОБЛЕКА.

(НАПОМЕНА – ПОДГОТОВКАТА Е ОД МИНАТАТА УЧЕБНА ГОДИНА, КОГА НЕМАВМЕ ФУНКЦИОНАЛНИ КОМПЈУТЕРИ)

петак, 13. април 2012.

УРАНИУМ


            Знаете ли дека пред еден век во некои рударски населби (Англија, Чешка, Германија) при ископување на јаглен и други руди се ископувало и извесно количество на ураниумски руди, поради чие зрачење се случвало рударите да се разболат, а голем број и да умрат. Тогаш не се знаела причината за тоа и оваа појава била наречена висинска болест. Во таквите населби бројот на жените бил неколку пати поголем од бројот на мажите (жените не работле во рудниците, туку во рударските домови). Се случувало една жена да има пет до шест мажи во текот на својот живот.

Ураниумот е радиоактивен хемиски елемент со реден број 92 во периодниот систем на елементите и со симбол U. Во составот на атомот има 92 протони и 92 електрони од кои 6 се валентни електрони. Бројот на неутроните се движи помеѓу 141 и 146, со 146 (U-238) и 143 во најголеми заеднички изотопи. Се користи како нуклеарна енергија во нуклеарни централи и е составен елемент и на нклеарна бомба . Ураниумот е доста распространет во природата и во мали количини и може да се најде во камењата, почвата и водата. Во воздухот концентрацијата на ураниумот е многу мала. Луѓето што се изложуваат на радијацијата на ураниумот имаат здравствени проблеми. Во природата, атомите на ураниумот постои како ураниум-238 (99.284%), ураниум-235 (0.711%), и во многу мала количина како ураниум-234 (0.0058%). Ураниумот се распаѓа полека со испуштање на алфа честички. Пола од векот на живеењето на ураниум-238 изнесува 4.47 милјарди години и на ураниум-235 704 милиони години,што значи дека постојат од формирањето на Планетата Земја.
НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ
 Предности:
  • Нуклеарните централи испуштаат релативно ниска количина на CO2, па така, придонесот на нуклеарните централи кон глобалното затоплување преку стакленички гасови е ралатино мал
  • Технологијата е веќе достапна и развиена, нема потреба да се измислува некој нов концепт
  • Се развиваат побезбедни реактори како и се вметнуваат нови мерки за безбедност како во градбата на централите, така и во самите системи
  • Можност за производство на огромна количина на електрична енергија од само една централа
  • Релативно ниски оперативни трошоци
  • Брзо враќање на почетната инвестиција за изградба на централата
Недостатоци:
  • Проблемот со складирање на радиоактивниот отпад е сѐ уште нерешлива загатка. Отпадот од никлеарните централи е екстремно опасен и мора со него да се ракува внимателно, да се најде безбедно и трајно складиште, бидејќи за негово распаѓање се потребни десетици илјади години
  • И покрај зголемените мерки на безбедност, несреќа може да се случи. Технички е невозможно да се изгради 100% безбедна централа. Ризикот може да дојде од секаде – човечки фактор (Чернобил, Островот Три милји), технички дефект, природна катастрофа (Фукушима)… Последиците од хаваријата би биле катастрофални како по луѓето, така и по природата
  • Нуклеарните централи и нуклеарниот отпад можат да станат цел на терористички напади. Ниедна нуклеарна централа во светот не би издржала терористички напад како онов на 11 септември во Њујорк
  • Радиоактивниот отпад од централите може да се користи за производство на нуклеарно оружје
  • Како гориво за производство на енергија се користи радиоактивен материјал (руда) како ураниум или плутониум, кои ги има во ограничени количини на Земјата. Се проценува дека со денешното темпо на експлоатација дека резервите на ураниум ќе се потрошатт за 30-50 години
  • од 20 до 30 години во западните земји. Што значи, илузија е да се мисли дека може да се изгради нуклеарна централа за краток рок (пренесено во наши услови, Мариово може да спие мирно)
  • Висока почетна сума за инвестиција



Дали знаете дека славата на Никола Тесла им припаднала на другите?


Дали знаете дека славата на Никола Тесла им припаднала на другите?
Разновидните технички иновации Тесла ги произведувал со голема брзина така да голем број од нив не ги патентирал. Прв успеал да воочи многу од природните појави за кои во тоа време не постоела соодветна терминологија. Многу подоцна тие појави го добиле името, но придонесот на Тесла, за истите, паднал во заборав.

  1. Денес многумина сметаат дека откритието на X зраците му припаѓа на Рентген, кој за тоa добил и Нобелова награда. Додека Тесла го опишувал замаглувањето на фотографската плоча во својата лабораторија, самиот Рентген уште не знаел што се тоа X зраци, ниту пак како би можеле да се исползуваат. Кога Рентген објавил дека ги открил X зраците, Тесла му ги испратил своите фотографии, а откривачот на X зраците му одговорил: "Многу интересни фотографии. Бидете љубезни и откријте ми го начинот на кој сте дошле до нив."

  2. Теслината необична светилка со јаглена круничка, со која ги заслепил научниците и студентите во Колумбија, е првот електронски микроскоп. Наелектризираните честички со голема енергија излетуваат праволиниски од мал отвор на круничката и на сферната површина од светилката го покажуваат ликот на микроскопските организми. Заслуга за откритие на електронскиот микроскоп 1939 година му припадна на Владимир Зворукин, иако Теслината светилка со јаглена круничка, која се користела во високовакумската цевка веќе била електронски микроскоп кој зголемувал до милион пати.

  3. На своите предавања во Париз 1892 година Тесла ја опишал својата светилка за молекулското бомбардирање. Светлинското празнење на електрицитетот во вакумските цевки во суштина е зрак од електрони и јони од гасните молекули. Овој патент по 30 години го користи Ернест Лавренц, професор од Калифорнија, кога го конструирал уредот за разбивање на атомот – циклотрон. Во самата градба на циклотронот е употребена Теслина намотка без која овој уред не може да работи.

  4. 1093 година Никола Тесла пријавил патент "Метод на работа и уред за далечинско управување на механизми од далечина" во кој се опишани основните начела на логичкиот елемент AND. Фактот дека современите компјутери и роботи логички одлуки донесуваат со користење на елементите AND и OR го прават Тесла пионер на роботиката и компјутерството.

  5. Своите визии за радар, Тесла прв пат ги спомнува 1900 година во списанието "Century", а 1917 година и во "Electrical Experimenter" ги опишува главните својства на современиот радар кој е произведен дури на почетокот од втората светска војна. Денес се смета дека радарот е изум на англичанецот Роберт Ватсон – Ват иако 35 години пред да се произведе го опишал Тесла.

  6. 1901 година Тесла своите намотки ги ладел со течен воздух, со цел да го намали електричниот отпор. Со тоа станал еден од основоположниците на криоген инженеринг. Оваа постапка почнала да се истражува дури 1970 година во Америка, Русија и Европа во проектите за суперпроводници. Слични постапки се користат и во работата на некои компјутери. Во оваа подрачје Тесла воопшто не се ни спомнува.

  7. Во својата осумдесета година од животот, Тесла објаснува дека електронот по напуштање на електродата со висок напон или во високовакумирани услови, има енергија поголема од вообичаено. Дури по 40 години , тројца американски физичари ги опишуваат слободните електрони, објаснувајќи ги зачудувачките резултати, дека имаат енергија поголема од самиот електрон. Тесла тогаш не знаел за субатомски честички, но и во оваа поле се покажал како единствен и најголем ум на сите времиња.

     Од овие примери можеме да заклучиме дека Тесла ја гледал иднината, а ние во неа живееме.