Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

четвртак, 13. септембар 2012.

Ѕуница (виножито, божилак)

Ѕуница (виножито, божилак)
Народни објаснувања:
Кога по дождот ќе се појави ѕуницата (божилак, ѕунка, виножито) народот верувал дека наскоро нема да заврне дожд. Исто така верувал дека оној што може ѕуницата да ја прескокне или да помине под неа, може да го смени полот: машко да се престори во женско и обратно. 
Тамо каде што краиштата на ѕуницата паѓаат, народот велел дека таа пие вода, а некои верувале дека таму било закопано благо. Народот ги толкувал и боите не ѕуницата: за црвената велел дека е вино, зелената - сеидбата (посевите), жолтата кожурци (чаури ), сината - пари. Која боја преовладувала, тоа ќе го имало во годината во изобилство. Другите бои на ѕуницата народот не ги препознавал.
 Научни објаснувања:
Ѕуница (уште наречена Божилак или Виножитото) е оптички и метеоролошки феномен кој се базира на принципот на дисперзија на светлината.
До појавата на Ѕуницата доаѓа поради појавите на прекршување на светлината, како и појавата на тотална рефлексија. Сите тие појави настануваат во ситните капки вода, кога истовремено врне дожд и грее Сонце. Во секоја капка доаѓа до разложување на белата светлина како во мали призми. Во водата, како и во стаклото светлината со различни бранови должини има различни брзини на ширење. Тоа значи дека различно се прекршуваат. Светлината која има најкуса бранова должина (виолетовата) најмногу се прекршува, а тие со подолгите бранови должини се прекршуваат помалку. Црвената светлина има најголема бранова должина и таа најмалку се прекршува. Во илјадници ситни дождовни капки даѓа до вакво разложување на белата сончева светлина во нејзините бои создавајќи прекрасн лак од боите на спектарот (црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, виолетова)

Нема коментара:

Постави коментар