Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

недеља, 16. септембар 2012.

ВОДА

ВОДА
Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот.
Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор.
Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини.
АНОМАЛИЈА НА ВОДАТА
Аномалија на водата. На температура од + 4°С, водата има најголема густина. На пониска температура, волуменот на водата се зголемува, а густината се намалува. Така, мразот има поголем волумен од иста маса течна вода, што значи помала густина. Сите други супстанци се однесуваат обратно (во цврста состојба супстанците имаат поголема густина отколку кога се во течна). Поради тоа ова својство на водата се вика аномалија на водата. Како полесен (со помала густина), мразот плива на површината на водата и не дозволува водата под него да замрзне. Ова својство на водата е многу важно за одржување на животот во природните води, при ниски температури. Од друга страна, оваа неправилност е причина за ронењето (ерозијата) на карпите и пукањето на водоводните цевки.
ВОДОРОДНИ ВРСКИ
Разликите во јачината на водородните врски во течната вода и во мразот се причина за аномалијата на водата. Течната вода има поголема густина од мразот, поради што мразот плива на површината на водата. Ова се должи на послабите водородни врски во мразот во однос на течната вода, што значи дека молекулите во мразот се на поголемо меѓусебно растојание отколку во течната вода. Тоа, пак, од друга страна значи дека иста маса мраз во однос на течната вода зафаќа поголем волумен , односно има помала густина.
ПЛОДОВА ВОДА
Амнионската течност или плодова вода, е течност што го штити бебето од надворешни повреди, удари и бучава, му овозможува слободно движење и создава предуслов за симетричен развојот на скелетот (коските) и мускулите на плодот.
Што е амнионската течност и која е нејзината улога?
Ако стомакот на мајката го замислиме како базен на бебето, тогаш водата во која тоа плива е плодова вода или амнионска течност. Таа е бистра, малку жолтеникава течност, а нејзината улога е повеќекратна: го штити бебето од надворешни повреди, удари и бучава, му овозможува слободно движење, со што се создава предуслов за симетрични развојот на скелетот (коските) и мускулите на бебето. Обезбедува соодветна развојот на белите дробови, бубрезите и гастроинтестиналниот тракт. Амнионската течност циркулира постојано - така бебето ја голта и вдишува, а со издишувањето и мокрењето ја исфрла во својот мал базен.
Како се создава амнионската течност и колкава е нормалната количина?
Амнионска течност се создава во бубрезите и белите дробови на фетусот, особено по 18 недела. Во текот на бременоста, волуменот се зголемува. Најголем е околу 34 недела од бременоста, кога е 1000 - 2000 милилитри, а пред раѓањето (во термин) 800 - 1200 милилитри. Количеството на амнионската течност не треба да биде ниту зголемена ниту намалена. Тоа може да биде показател за одредени пореметувања во развојот на плодот.
Од што се состои амнионската течност?
Аминионската течност се состои главно од вода, протеини, шеќер, натриум и калиум, антибактериски елементи итн. и до почетокот на раѓањето е стерилна. Таа содржи клетки на плодот (обично тоа се клетки од кожата).
 Што е дехидрација?
Дехидрација е состојба која се јавува кога некој ќе изгуби повеќе течност од што прима со што ја пореметува рамнотежата на минерали во телото. Се јавува аномалија со која клетките на телото се без потребната количина на вода.
Водата секојдневно се губи со дишење, потење, уринирање и со пробавата, затоа мораме да ја надоместиме со конзумирање на течности и со храна која содржи вода ( супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).
Просечен возрасен човек, кој живиее во земја со блага клима излачува со урината 1,5 л вода. Додатен литар вода губи со дишење, потење и со пробавата. Храната обично содржи приближно 20% од сите течности кои ги внесуваме. По тие пресметки 2л дневно е доволна количина на течности која треба да ја внесеме во телото.
Препораките на експертите за прехрана се дека мажите треба да внесат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно. Вообичаено (ако го имаме во предвид горниот пристап) знак дека сте внеле доволна количина течности е реткото чувство на жед и излачувањето на приближно 2 литри светло жолта урина.
 РИБАРСКА ПРИКАЗНА Двајца рибари отишле на риболов. Едниот бил искусен рибар, а другиот не. Секојпат, кога искусниот рибар ќе фател голема риба, ќе ја ставел во голема кутија со мраз, за да ја одржува свежа. А кога неискусниот рибар ќе фател голема риба, тој ја враќал назад во водата. Искусниот рибар го набљудувал тој ритуал цел ден, па на крајот од денот, уморен од гледањето како неискусниот рибар ги враќа големите риби назад во водата, го прашал: „Зошто постојано ги враќаш назад во водата сите големи риби, кои преку денот ги фаќаш?“ Неискусниот рибар одговри: „Затоа што имам мала тава!“. ............ Понекогаш и ние самите личиме како тој неискусен рибар, ги отфрламе нашите големи планови, големи сништа, големи работи и големите можности, кои ни се нудат во животот. И сето тоа, само затоа што нашата тава е премала за нашата риба.

Нема коментара:

Постави коментар