Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

четвртак, 01. децембар 2011.

ДУЊА


Македонија ризница на здрава храна

ДУЊА
Дуњата потекнува од југозападна Азија, односно од Персија и Анадолија. Дрвото на дуњата може да израсне и до седум метри, а плодот е во форма на јаболко или круша, со златножолта до црвена боја и покриен со влакненца што лесно се симнуваат. Има пријатен мирис, а сировото месо етврдо и со киселкаст вкус. Оваа овошје било популарно кај старите Грци кои ја подготвувале така што го ваделе месото од средината на дуњата, ја полнеле со мед, ја ставале на плех и ја печеле. Дуњата во грчка митологија симболизирала љубов и среќа. 
Римјаните од оваа овошје добивале етерични масла, кои ги употребувале за парфемите.
Во франција е позната со векови, а не се употребува само во кујната туку и за козметички и медицински потреби.
Дуњата што ние ја познаваме се разликува од таа од западна Азија и од тропските предели каде што е помека и посочна. Во подрачја со поладна клима, оваа овошје е со правилна форма, со жолта боја кога е зрела и малку тежок мирис. Витамини и протеини има во изобилство. Сирово, оваа златножолто јаболко во 100 g има 238 килоџули енергија. 0,4% се протеини, 0,1 % масти, 15,3 % јаглени хидрати. Богата е со диетални влакна и со витамин С. Семките содржат 15% масло и протеини со мал дел амигдалин. Главната состојка на семките е слуз, а ја има и во обвивката. Содржи мали количества бета каротин. Поради присуство на пектин од оваа овошје се подготвува вкусен мармалад. Плодовите се берат од средината на септември до крајот на октомври, што зависи од климатските услови на местото во кое се одгледува дуњата. За лекови се употребуваат плодовите, лисјата и семките на овошјето. Слузот од семките на дуњата се добива со ставање на семките во вода, а се применува за лекување рани настанати поради долготрајно лежење на болниот, изгореници, отворена и распукана кожа, како и облоги при воспаленија на очите. 
КОЛАЧИ ОД ДУЊИ 
Потребни состојки: 120 g масло, 70 g шеќер, 2 јајца, 300 g пченично остро брашно од тип 400, половина вреќичка прашок за печиво. За преливот: лесен џем од праски, 1 kg дуњи, една лажица лимонов сок, 50 g грубо сечкани лешници, еден ванилин шеќер.
ПОДГОТОВКА:
Од маслото (путерот), шеќерот, јајцата, брашното помешано со прашокот за печиво замесете тесто. Оставете го во фрижидер неколку часа. Тестото расукајте го и оставете го во кружен калап и премачкајте го со џемот. Над џемот распоредете ги изренданите дуњи, кои сте ги наросиле со лимонов сок. Печете го во рерна 20 min на температура 180˚С. Потоа попрскајте го колачот со лешниците и ванилиниот шеќер и печете уште 10 минути.

СИРЕЊЕ ОД ДУЊА 
Дуњата е многу богата со пектин, поради што е особено погодна за подготовка за овошно желе и сирење.
Потребни состојки: 2 kg исчистени дуњи, 600 g шеќер, еден лимон, масло.
ПОДГОТОВКА:
Измијте ги дуњите, излупете ги, пресечете ги на половина, исчистете ги од семки, исечкајте ги на коцки и варете ги во вода додека не омекнат. Испасирајте ги и крчкајте ги на ниска температура 15 минути. Додадете лимонов сок, шеќер и оставете ги да се варат со постојано мешање уште 30 минути. Топлото сирење од дуњи излејте го во соодветни калапи, кои претходно сте ги намачкале со масло, изладете го сирењето, извадете го од калапите и исечкајте го.

Си заљубив едно моме

Нема коментара:

Постави коментар