Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 2. децембар 2011.

КОМПИР


МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
 КОМПИР
       Компирот потекнува од планинските краишта на Еквадор и Перу, во Јужна Америка. Дури и денес во тие предели компирот расте диво. Кога во Перу дошле Шпанците, го пренеле во Шпанија во почетокот на 16 век. Оттаму компирот се распространел низ сите европски земји и секојдневно почнал да се користи во исхраната. Денес компирот е многу важна храна, а тоа бил и во минатото. Одиграл многу важна улога во историјата на ирскиот народ. Пред повеќе од стотина години Ирците живееле исклучиво од компирот, кој што им бил главна храна. Кога во 1846 година им се уништил целиот годишен род на компирот, во Ирска умреле од глад над 600000 луѓе, а многу преживеани ја напуштиле татковината. Компирот е едногодишно зељесто растение и му припаѓа на истото семејство, од кое потекнуваат доматите и тутунот. Всушност компирот е здебелено подземно стебло, а окцата на компирот се неразвиени клетки. Денешниот компир се разликува од јужноамриканскиот предок. Овие промени настанале со примената на разни методи во одгледувањето. Земјоделците се трудат да го подобрат квалитетот и го зголемуваат приносот на компирот. Компирот обично не расте од семе, туку од парчиња компир што имаат клетки или окца. Од овие клетки израснува растение високо од 30 cm до1 m, а цветот има бела или розова боја. Штом цветовите ќе овенат, тоа е знак дека компирот може да се ископа. Компирот најмногу се користи за исхрана, потоа за производство на скроб и алкохол.
КОМПИР КАКО ЛЕК
Компирот спречува скорбут, отстранува вишок на желудочна киселина, ги ублажува болките од катар на желудникот, дејствува како диуретик, ја поттикнува работата на срцето, помага кај изгорениците и смрзнатините, кај реумата и кај акутниот артритис, кај воспалението на белите дробови, хроничниот бронхитис, ја отстранува главоболката и висока температура.
КОМПИР ПРОТИВ ЧИР НАЖЕЛУДНИК И ДВАНАЕСЕТПАЛЕЧНО ЦРЕВО:
Да се излупи 50 g компир и да се сомеле во машина за мелење месо и исцеди. Исцедениот сок да се пие наутро и пред ручекот. Оваа да се повторува до шест седмици, заедно со диетата што се препорачува за овие болести.
ВАРИВА И ГАРНИР ОД КОМПИР
Варива преставуваат безмесни јадења, поточно зарзават подготвен на едноставен или сложен начин, кои како готови производи може да се сервираат самостојно, иако најчесто се сервираат како додаток (гарнир) на некои меса или јадења. 
РЕСТОВАН КОМПИР
Потребно: 
1 kg компир, 150 g кромид, 75 g масло, сол, мелен бибер и магдонос.
Подготовка:
Измиени компири со лушпа се варат при што се додава малку сол. Варените компири се лупат, а потоа се сечат на тркалца. Посебно се става ситно сечкан кромид и се пржи. Кога кромидот е пржен се додаваат варените компири и се динста при што по вкус се додава сол, бибер и магдонос.  
ПИРЕ ОД КОМПИРИ 

Потребно:
1,5 kg компири, 250 ml млеко, 100 g путер, сол.
Подготовка:
Олупени компири се сечкат на парчиња и се варат со малку сол. Кога компирите се варени се цедат од водата и се пасираат. Пасираните компири се ставаат во сад погоден за мешање и се мешаат на оган при што се додава загреано млеко, путер и сол по вкус. 
ПЕЧЕН КОМПИР
Потребно: 
1,5 kg компир, 75 g масло, сол.
Подготовка:
Олупени компири се сечат на резанки, се посолуваат и се ставаат во намастен плех да се печат во рерна. Компирите се готови кога се меки и имаат убава румена боја.



Дали сте знаеле дека:

Компирот  почнал да се култивира пред приближно 5000 години во областа околу денешно Перу. Јужноамериканските Индијанци го обожувале компирот и во негова чест принесувале жртви. Од Јужна Америка во Европа компирот е донесен во средината на 16 век, а го донеле шпанските освојувачи. Историјата на компирот во Европа е преполна предрасуди и суеверија. На почетокот компирот го сметале за диво, нејестиво и отровно растение. Во тоа време се сметало дека  компирот предизвика заматување на умот, што донекаде е и оправдано зошто се обидувале да го јадат надземниот дел  од компирот , а не корените. Многу луѓе се отруле, а имало и голем број на смртни случаи. Долго време компирот не се применувал во исхраната. Корисните својства на компирот се согледале дури во 18  век. И тогаш жителите  одбивале да го садат поради лошата репутација од минатото. На трпезите и во градините е донесен со сила. Прускиот крал Фридрих Вилхелм I издал указ според кој, на сите оние кои одбивале да го садат компирот, требало да им се отсечат ушите и носот, додека во Англија било одлучено сосема поинаку. На оние кои ќе го садат компирот им доделувале златни медаљи. Виновник за ширење на компирот во Франција бил Антуан Огист Прамантје. Тој, во 1755 година, за време на војната бил заробен од страна на Германците. Во заробеништво во Германија прв пат пробал компир. Се воодушевил од неговиот вкус. Во тоа време во Франција владеела гладот и кога Прамантје се вратил од заробеништво, почнал да се занимава со одгледување на компир и да приготвува разновидни јадења од компир. Во тоа време, за намалување на  гладот, Париската Академија на науки понудила награда на оној кој ќе пронајде нови продукти за исхрана. Тоа го искористил Антуан Огист Прамантје со своите компири и успеал да ја добие наградата. Од тогаш компирот во Франција зазема важно место во исхраната. Во Русија, првата вреќа компири ја донесол Петар I. Суеверните жители не го прифатиле. Ако некогаш израснал компир кој наликувал на глава од човек, тие сметале дека таквиот компир ја јаде душата на човекот. Во првата половина на 19  век во Русија владеела суша и жетвата била многу намалена. Тогашната влада  промовирала одгледувањето на компири но жителите и понатаму одбивале поради суеверието и не сакале да го садат компирот. Се замешала и војската и овие судири помеѓу војската и селаните во историјата се познати како компир немири.
Денес со компир се хранат милиони луѓе и со право се нарекува храна на човештвото. 
Компирот може да биде отровен. Зелените вегетативни делови на растението содржат алкалоид соланин кој го штити растението од  штетници, а за човечкиот организам е многу отровен. Освен во надземниот дел, овој алкалоид може да се најде и на самиот компир, особено ако се чува несоодветно на светлина. 
Внимавајте: Ако наидете на компир кој има зелена боја на површината, задолжително исчистете го тоа место, или пак фрлете го целиот компир ако зелената боја се шири и во внатрешноста. Ваквиот компир не е за јадење. 20 до 30 mg соланин е безопасен, веќе 200 mg предизвикува тешки труења, а 500 mg предизвикува смрт.
Знаеме дека откако компирот ќе се излупи и  постои така излупен подолго време на воздух ќе потемни. Тоа се случува поради оксидација. Полифенолите од компирот лесно оксидираат со помош на некои ферменти кои се составен дел од компирот. При оваа оксидација се создава нова супстанца наречена меланин која има темно кафеава боја, а го менува и изгледот и вкусот на компирот. Оксидацијата може да се спречи ако излупените компири веднаш ги потопиме во вода и на тој начин нема да има контакт со кислородот од воздухот и ќе се спречи потемнеењето. Не смееме да ги  држиме компирите долго време во вода затоа што корисните состојки преминуваат во водата. При термичката обработка се сопира дејството на ферментите и термички обработениот компир не потемнува. Инаку, хемискиот состав на компирот зависи од сортата, условите на одгледување и чување на компирот, од составот на почвата, од тоа дали се применува ѓубриво како и од климатските услови. Најчесто компирот содржи околу 70 до 80 % вода, 18 % скроб, мало количество протеини, шеќери, прехранбени влакна, пектини, ферменти, алкалоиди, органски соединенија, полифеноли. Компирот е хранлив поради витамините и минералите. Во 100g компир има околу 12 mg витамин С, РР- 0,57mg; В1- 0,11 mg; В2 - 0,66 mg; B6 - 0,22 mg;  и мал процент витамини Е и К. Од минерали содржи: натриум, калциум, магнезиум, железо, сулфур, хлор и сосема малку цинк, бром, силициум, бакар, бор, манган, јод, кобалт. Минералите во компирот се сместени во кората, а сосема малку ги има во средината. Минералите од компирот лесно се апсорбираат во организмот на човекот и се алкални соли, кои се полезни за одржување на алкалната рамнотежа на крвта. Компир содржи и 2%  протеини. Младиот компир енајбогат со витамини, додека кај пролетниот компир количество на витаминот С во компирот се намалува за 70 %. Компирот го подобрува имунитетот на човекот. Жив компир е многу покорисен отколку печен, варен или пржен, но не е вкусен и затоа термички го обработуваме. Сок од свеж компир лечи гастритис (воспаление на слузницата на желудникот) и  го сопира прекумерното лачење на желудочниот сок. Пораради калиум (570 mg%), витаминот В1 (тиамин) -,0,30 mg% и фосфорот – 60 mg%, компирите се препорачуваат за лекување на кардиоваскуларните болести. Сокот од компири ја лечи главоболката, го намалува крвниот притисок, одличен е диуретик  и  лаксатив. Соодносот на витамините С и Е во компирот му обезбедува на телото заштита и лекување на многу болести како што се  ревматична треска, туберкулоза, скорбут, колитис, дијабетес.
Компирот може да се користи и за надворешни употреба. Свежо рендана каша од компир се користи за лекување на изгореници и чиреви, акутен дерматитис, егзема, особено гнојници на кожата. Пектинот и витаминот В6 во компирот овозможуваат прочистување на организмот од нитратите и нитритите и други токсични материи, а истовремено и го намалуваат холестеролот во крвта. 
Човек кој се храни исклучиво со компир може да живее долго и да ги задоволува сите потреби на организмот поради богатиот хемискиот состав.


КОМПИР ДИЕТА

За 3 дена – 5 килограми помалку.

За време на диетата се јадат варени компири и се пие јогурт со ниска масленост. Скробот од компирите заедно со млечната киселина обезбедуваат минимална дневна доза на калории.

Кога ќе дојде во контакт со вода, скробот набобрува во желудникот, а со тоа дава чувство на ситост.

Режим на исхрана:

Ден 1

Појадок: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт

Вечера: 2 чаши јогурт

Ден 2

Појадок: 1 чаша јогурт

Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт

Вечера: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Ден 3

Појадок: 1 варен компир без сол

Ручек: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Вечера: 1 чаша јогурт

Компирот содржи многу витамини и минерали, а поради содржината на влакната ја забрзува работата на цревата и варењето на храната. 100 gr компир содржи само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокал кој содржи 90 калории. Јогуртот ја регулира работата на системот за варење, со што се отстранува вишокот течности и отрови од организмот.

Нема коментара:

Постави коментар