Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 02. децембар 2011.

КРОМИД


Кромидот во Европа е донесен од страна на Шпанците од Перу во 15 век. Во народната медицина, кромидот се употребува за лекување на разни болести, се користи во секојдневната исхрана и како зачин. Поради сулфурните хетерозиди кромидот има антибактериски својства и лут вкус. При процесот на сушење кромидот ги губи лутината и миризбата, а со тоа и лековитоста.
Младиот кромид изобилува со хранливи состојки. Тој е идеален додаток на јадењата и може да се приготви на повеќе начини. Младиот кромид се одгледувал во кинеските градини уште пред 5000 години. Древните Египќани сметале дека главицата на младиот кромид го симболизира универзумот. Младиот кромид се појавува на почетокот од пролетта. На храната ш дава свеж мирис и пријатен вкус. Содржи многу витамин Ц, Б, К, А, калиум, калциум, керцитин (силен антиоксиданс) и хранливи влакна. Се смета дека младиот кромид помага при многу заболувања: од настинка до срцеви заболувања, дијабетес, остеопороза, реума, рак. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства. Едно од тие хемиски соединенија е кверцетинот. Оваа состојка може да помогне во третирањето на рак на простатата, бидејќи ги блокира машките хормони што го стимулираат растот на раковите клетки на простатата, а докажано е дека помага и во лекувањето на воспалението на простатата. Кромидот има прочистувачки својства, ги стимулира регенеративните процеси во човечкиот организам. Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик и антиретик - благодарение на витаминот Ц и кверцетинот. Покрај тоа, кромидот (млад и стар) ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата.

Зошто плачеме од кромидот?

Кога чистиме или сечкаме кромид, нашите очи се нападнати од киселина. Додека расте, кромидот собира сулфур од земјата, кој потоа се спојува со аминокиселина во клетките на кромидот и на тој начин се создава аминокиселината - сулфоксид. Јапонските научници издвоиле ензим кој се наоѓа во кромидот, а благодарение на него се ослободуваат сулфоксиди кога се сече кромидот. Со реакцијата се произведува киселина која со голема брзина се претвора во гас пропанетиол С-оксид. Кога тој ќе стаса до површината на окото, реагира со водата од солзите, и се создава сулфурна киселина која почнува да пече, поради што доаѓа до поинтензивно лачење на солзите. Како да го решите овој проблем? Најдобар совет е кромидот пред сечење да се држи во ладилник, бидејќи со ладењето се забавуваат хемиските реакции кои го поттикнуваат „плачењето“.



Народно верување:

Кога се садел лук и кромид, прва засадувала некоја подебела жена за да биде дебел лукот и кромидот.


Нема коментара:

Постави коментар