Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

четвртак, 08. децембар 2011.

GLOBE во Македонија


 ГЛОБЕ 
(глобално набљудување и учење во корист на животната средина)
во ОУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје

                   ГЛОБЕ официјално започна со работа на 22 април 1995 година на 25 – годишнината на Денот на Земјата. Програмата ја води владата на САД преку партнерства со други земји. ГЛОБЕ е светска научна и образовна програма која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина.
Нашето училиште ОУ “Димитар Миладинов” , стана членка на ГЛОБЕ семејството во 1998 година по иницијатива и во координација на МЖСПП (Министерство за животна средина и просторно планирање) Учениците од ОУ Димитар Миладинов веќе 13 години ја мерат температурата на воздухот (минимална, максимална, моментална), температурата на почвата, влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок, количество на врнежи и облачност. Собраните податоци преку интернет ги внесуваат во единствената Светска база на податоци.Поради својата исполнителност се  уште сме основно училиште со најголем број на испратени податоци, поради што често сме пофалувани. Од овој меѓународен проект произлегоа и многу училишни проекти од областа на природните науки (физика, хемија, метеорологија, екологија, астрономија) со кои учествуваме и на разни натпревари и освојуваме награди.


Од досега сработеното можеме да одговориме на често поставуваното прашање:
- ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНИЈА?
Од нашите мерења заклучивме:Температурите во некои периоди од годината енормно се зголемуваат, а во некои периоди од годината опаѓаат, така да има минимална разлика во вредностите на средни годишни температури. Такво колебање на температурите влијае на климата во Македонија и таа се менува. Немаме веќе остри студени зими ниту пак жешки лета. Завладеа умерената клима.
Доказ за промената на климата се и растенијата кои некогаш не можеле да опстојат на нашата почва, а денес се одгледуваат успешно и со се поголеми приноси. Тоа се маслинките, кивито, бананите, лимоните, кикирики и други јужни овошја.


Нема коментара:

Постави коментар