Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

недеља, 17. фебруар 2013.

Астероид „2012 ДА 14“


Астероидот „2012 ДА 14“ пролета на рекордно блиско растојание од 27,7 илјади километри до Земјата

Астероидот широк 45 метри мина над Земјата во правец од југ кон север. Европската вселенска агенција информираше дека нејзините експерти утврдиле дека нема поврзаност меѓу овој објект и оној кој експлодираше во небото над Русија. Рускиот астроном Сергеј Барабонов рече дека нема доказ дека метеорот се движел по истата патека како и астероидот.

Веста дека утрото (15.02.2013), по локално време, јужна Русија ја погоди метеорски дожд го обиколи светот и предизвика паника поради најавите дека токму тој ден астероидот 2012 DA14 ќе помине на рекордна близина до Земјата.  Анализи на снимките објавени на Интернет, сепак, укажуваат на тоа дека овој метеор нема поврзаност со наведениот астероид.

Последиците од метеорот, како што беа распрснати прозори, срушени покриви и повредени луѓе (1200), се поврзани со ударите во атмосферата, поради брзината на движење на ова тело низ неа, но не директно поради падот на честичките на тлото.Сепак, се очекува на некои места да бидат пронајдени и остатоци од ова тело кое предизвика импресивна астрономска појава. По овој повод Игор Симолиќ од српскиот Институт за физика за B92 објаснил некои детали за овој необичен настан.




Што точно се случи?

На снимките објавени на Интернет забележан е лет на метеориди низ Земјината атмосфера. Исклучително силниот сјај укажува на тоа дека телото пред влезот во атмосферата имал димензии од повеќе метри и е од астероидно потекло. Вообичаено е поради големата брзина во високите слоеви на атмосферата ова тело да се распадне правејќи мала композиција од светли тела, кои исто така се гледаат на снимките.

На која висина се случи?

Звучните бранови кои настанале при прелетувањето и фрагментацијата, а биле толку интензивни што предизвикаа пукање на прозорите, зборуваат дека целата светлосна појава се случувала на оддалеченост од околу 35-40 километри.

Дали ова е метеорски дожд?

Не е во прашање метеорски дожд затоа што тоа е појава при која голем број ситни честички прав влетуваат во атмосферата при што предизвикуваат бројни метеори на небото.
Метеорски дожд

Метеор падна и во Куба




Само еден ден откако падна метеор во Русија и предзвика огромна штета, метеор ја погоди и општината Сиенфуегос во Куба. Според очевидци, на небото се појавила топка поголема и од Сонцето. Странските медиуми јавуваат дека метеорот експлодирал, но дека нема податоци за жртви. Жителите на општината Сиенфуегос изјавија дека во осум часот на небото забележале светол предмет, за кој велат дека бил во големина на автобус.