Старата
скопска чаршија се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Кале
до реката Серава. Отсекогаш била атрактивен простор за сите патеписци и
посетители на Скопје во минатото.
Турскиот
патеписец Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-61 година
забележал:
„Таа брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (Памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп.“

Првите
податоци за постоењето на чаршијата датираат од 12-ти век, а во тоа време кога
Македонија била под власт на Отоманската империја, на неа се наоѓале џамии,
сараи и анови, како и други турски споменици.
Чаршијата претпрела огромни шети со земјотресите во 1555 и 1963 година, пожарот во 1689, како и двете светски војни. Повеќе пати била обновувана.
Чаршијата претпрела огромни шети со земјотресите во 1555 и 1963 година, пожарот во 1689, како и двете светски војни. Повеќе пати била обновувана.
Од
Византискиот, од Отоманскиот, па и од перидот на српската власт во Македонија,
знаменитости кои биле изградени некогаш, а се’ уште ја красат чаршијата се
Капан ан (денес преуреден во пивница и национален ресторан на долниот спрат,
како и ноќен клуб на горниот), Куршумли ан, Даут-пашин амам (умтничка
галерија), Чифте амам (уметничка галерија), црквите Св. Спас и Св. Димитрија,
манастирот Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник , вилаетскиот конак „Уќимат“,
старата турска пошта, безистенот, Камен мост и тврдината Кале. Изграден е и
Музејот на Старата скопска чаршија.