1923 - 2005 |
Џек Килби
(Jack Kilby) во 1958 година, работејќи на минијатуризација на електрични
кругови, но незадоволен од постигнатите резултати, доаѓа на идеја составните
компоненти на електричното коло да бидат направени во еден блок (монолит) од
полуспроводнички материјал и на тој начин го создава прв интегриран круг. Тој
го направил и прв интегриран круг кој профункционирал. Со изработката на сите
компоненти од еден блок на полуспроводен материјал и со додавање метален пласт
на крајот за нивно меѓусебно поврзување, отпаѓа потребата од дискретни
елементи, нема потреба од рачно поврзување и лемење, а процесот на
производството се автоматизира. За овој пронајдок Килби заслужено добива
Нобелова награда во 2000 година.
Од првиот
прототип на Килби до денес, развојот на интегриран круг поминува долг пат.
Неговата идеја води кон развивање на нова индустрија со масовно производство,
процесот на производството на интегрираните кругови станува автоматизиран со
најмодерни машини и материјали и во строго контролирани услови. Денешните
интегрирани кругови содржат повеќе од 100 милиони елементи на површина од 1 cm2.
Третата
генерација на компјутери се појавува во периодот 1965-1970 и е наречена ера на
интегрирани кругови (кола). Интегрираните кругови, кои се нарекуваат и
полупроводнички чипови се состојат од голем број на транзистори поставени на
заедничка полупроводничка основа. Роберт Нојс (Robert Noyce) од Fairchild
корпорацијата и Џек Килби (Jack Kilby) од Texas Instruments во 1958 година,
независно еден од друг, ги открија можностите за користење на интегрираните
кола. Поставувајќи огромен број на транзистори во еден чип и поврзувајќи ги во
компактна целина, овозможиле огромно зголемување на моќта на компјутерите и
значајно намалување на нивната цена. Џек Килби е добитник на Нобелова награда
за физика во 2000-та година, за ова негово откритие. Од изработката на првиот
интегриран круг, бројот на транзистори поставени во еден чип двојно се
зголемувал секоја втора година, намалувајќи ги истовремено големината и цената
на компјутерите и зголемувајќи ја нивната моќ. Третата генерација на компјутери
можела да извршува инструкции во милијардити дел од секундата (10-6s).
Физичката големината на компјутерите од третата генерација била многу помала од
нивните претходници. За разлика од просторот кој бил потребен за сместување на
компјутерите од првата и втората генерација (неколку десетици квадратни метри),
за сместување на еден компјутер од третата генерација доволно било едно работно
биро. И со третата генерација на компјутери продолжила генералната тенденција
во развојот на компјутерските системи: намалување на димензиите, намалување на
потрошувачката на електрична енергија потребна за работа на компјутерите,
намалување на ослободената топлина во нивното работење, зголемување на
доверливоста и зголемување на брзината на обработка на податоците.