Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

уторак, 27. децембар 2011.

Свиња обвинета за убиство



Во 1386 година во Франција, една свиња била обесена пред публика заради убиство на дете.


четвртак, 22. децембар 2011.

Нашата планета, Новата Година ја пречекува 24 пати


Нашата планета, 
Новата Година ја пречекува 24 пати
     Според локалното време, Новата Година се прославува 24 часа, секако низ засебните часовни зони. Први кои го започнуваат одбројувањето се островите Кирибати, после нив се Нов Зеланд, па Австралија, Јапонија, Русија, Кина, Индија, Пакистан, Авганистан, Иран, Турција, Бугарија, Грција, потоа следува нашата часовна зона, а после нас следуваат Британија, Франција, Шпанија, Гренланд, Португалија, Бразил, Канада, Венецуела, САД, a последни се островите од архипелагот Самоа, кои ја прославуваат новата година кога кај нас е 12 часoт на пладне на 01.01.2011 година. 
       Благодарејќи им на вселенските станици, астронаутите можат долго да живеат и работат во вселената. Научни опити, невозможни за на Земјата во вселената можат да траат со месеци па и со години, а сето тоа е причина астронаутите да ја пречекуваат Новата година далеку, далеку од дома. На нивните семејства и на пријателите Новата година им ја честитаат преку електронска пошта и тоа не еднаш, туку повеќе пати зошто повеке пати и ја пречекуваат. 
       Сè започнало со руската вселенска станица МИР, која во периодот од 19 февруари 1986 до 1996 година настана со спојување на повеќе модули. Орбиталната станица постоела до 23 март 2001, по што била намерно уништена по враќањето во атмосферата. Била тешка околу 400 тони, долга 58.2 а висока 27.4 метри. Соларните панели имале површина од 73.15 метри. Единствените жители на станицата, биле од 3 до 6 астонати кои живееле во простор од 356 кубни метри и на одредени периоди се заменувале со други. Оваа орбитална станица била заеднички проект меѓу Белгија, Бразил, В. Британија, Германија, Данска, Италија, Јапонија, Канада, Норвешка, Русија, САД, Франција, Холандија, Швајцарија, Шведска и Шпанија. Се работело за првата постојано населена станица во вселената, која го држи рекордот за најдолгиот престој на луѓето во вселената, кој изнесува речиси 10 години. На таа станица веќе престојувале астронаути од разни земји. МИР се оддржал во вселената преку успешното поврзување на неколку модули во споменатиот период. Меѓународната вселенска станица, лансирана од руската лансирна база во Бајконур, донекаде ја продолжувала работата на МИР. Станува збор за многу обемни истражувања во кои учествувала посебно одбрана посада која се менувала во одредени експедиции. Се вршеле експерименти од областа на медицината, технологијата и физиката. Од јуни 2006 се извршени 90 научни истражувања во специфичните, речиси бестежински услови. Наскоро ќе имаме можност и ние, да прошетаме низ вселената како туристи Британските научници се на добар пат да конструираат авион кој ќе носи туристи во вселената, со брзина пет пати поголема од брзината на звукот.
        Авионот наречен “Skylon” може да биде произведен за неколку години, ќе пренесува 24 патници, а неговото полетување ќе може да се прави од вообичаена аеродромска писта.
    Да ни е среќна и просперитетна 2012 гогина, да ги достигнеме височините, цврсто стоејќи на Земјата.

среда, 14. децембар 2011.

Christmas greetings

Christmas greetings intended for sale, money collected will be donated to charty.
School "Dimitar Miladinov" Macedonia 

 
Новогодишен базар 
ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје 
22.12.2011

понедељак, 12. децембар 2011.

"Trash for art" - ПАКОМАК


Уметничко дело од амбалажен отпад


      Со цел подигнување на еколошката свест во

 Македонија, компанијата Пакомак распиша конкурс 

 за најдобро уметничко дело од амбалажен отпад.

138 учесници во овој награден конкурс Trash for art ја пронајдоа убавината онаму каде што другите гледаат само отпад и создадоа уметнички дела кои се изложени во холот во МКЦ и салата на првиот кат од 12 до 16 декември. Жири комисијата ги разгледува пристигнатите дела и конечната одлука ќе биде објавена до крајот на неделата на  веб страната на Пакомак. 
Сакам да ги избришеме овие глетки: 
Да ги научиме сите начини на складирање на отпадот: 
Ќе препознаете некој драг стил: 
 Ќе сретнете премногу драги луѓе:
Направив вистински избор и дадов свој придонес:
 Универзален лек за секоја болест - пријател.
 Да и бидеме пријатели на нашата Планета. 

субота, 10. децембар 2011.

Дедо Мраз

 Дедо Мраз
      Дедо Мраз е личност која им носи подароци на децата за Бадник, Божиќ, за Свети Никола (во западна култура) или за Нова година (во источноевропски земји). Некои веруваат дека Дедо Мраз потекнува од Христијанството, други веруваат дека е митскиот бог Один, а некои пак мислат дека токму компанијата Кока Кола го измислила во раните години на ХХ век за да им се зголеми продажбата на нивниот производ преку зимскиот период. Во рано - христијанскиот период Дедо Мраз бил христијанскиот бискуп Св. Никола од Мира. тој им давал подароци на сиромашните жени да можат да соберат чеиз и што побрзо да пронајдат сопруг.
Во Белгија и Холандија се претпоставува дека Дедо Мраз е скандинавскиот бог Один, бог на мудроста, војната и смртта. Легендата вели дека Один правел забави за другите богови за време на божиќните празници за да им дадат почит на паднатите воини, а дека тој на забавата пристигал јавајќи го неговиот коњ Слепнир. Децата во овие држави имаат обичај во нивните чорапи да ставаат слама, моркови или шеќер за коњот на Один, за кои пак, тој им возвраќал со подароци кои им ги оставал во ноќта додека спијат.
Народните приказните од јужна Австрија и северна Италија го опишуваат Дедо Мраз како страшно и ужасно чудовиште кое направило многу гревови и да му се простат гревовите цел живот мора да разнесува подароци на сите деца ширум светот.
Во Британската верзија Дедо Мраз или Таткото Божиќ, бил брадест човек облечен во волнен зелен капут. Во Америка пак, Дедо Мраз, е весел старец кој во придружба на неговите ирваси им разнесува подароци на децата за Божиќ.
Денешниот Дедо Мраз живее во Лапонија со својата сопруга. Преку цела година, со голема помош од џуџињата, изработуваат подароци за сите добри деца ширум светот. Доколку сте биле добри можете да му пишувате:
Santa Claus
Arctic Circle
96930 Rovaniemi
Finland
Среќна Нова 2012 година!
(За да посакаш среќа, здравје и успех на секого, не ти е потребен часовник, но убаво е да знаеш како е создаден часовникот.)
     Една кинеска легенда зборува дека пред 3000 години пред нашата ера двајца кинески астрономи од тоа време биле осудени на смрт затоа што пропуштиле да го предвидат затемнувањето на сонцето. Низ историјата, многу народи и држави, својата историја ја означувале по времето на владеење на некои свои владетели или некој важен настан во нивната историја. Римјаните времето го сметале од основањето на нивниот град. Менувањето на годишните времиња и природните појави за определување на времето, за сите народи имало подеднакво значење и користејќи ги нив успеале да направат календари за подолги временски периоди кои служеле во практични цели, а најмногу во земјоделството. Некои од тие календари биле многу сложени, а други многу едноставни и точни. Во времето на Аристотел времето било толкувано и сфаќано како мера или функција на движењата и промените што настануваат во природата. Подоцна, во 17 век, во времето на ренесансата, толкувањето за времето претрпува измени. Сега тоа е сфаќано како универзална димензија спрема која можат да се мерат другите величини.
Англискиот физичар, астроном и математичар, Исак Њутн дал класична формулација за времето според која тоа е – апсолутно, реално и математичко време, по себе и по сопствената природа тече рамномерно, без никаква врска со било што надворешно – Од оваа концепција произлегло, времето да се сфати како идеален и апсолутен стандард, кој овозможува да се определи брзината и забрзувањето кај движењата, времетраењето на некоја појава и др. Постои само една стандардна мера за времето, во целата Вселена. Уште од самите почетоци во проучувањето на времето и неговото толкување се наметнува потребата за неговото мерење. Првиот и наједноставен часовник бил Сонцето. Колку повеќе Сонцето се издига над хоризонтот толку повеќе се доближува пладне, а колку пониско се спушта над хоризонтот толку повеќе се доближува ноќта. Пред повеќе од 3000 години, египетските астрономи времето во денот го определувале по должината на сенката на некое дрвено стапче наречено гномона.

        Вавилонците гномоната ја наместувале на полукружна плоча или полутопка на која биле нацртани кружни линии. Ваков часовник не требало да се навива. Тој можел да се користи само дење, кога има сончева светлина.
Старогрчкиот филозоф Платон направил воден часовник наречен клепсидра. 
         Клепсидрата претставува инка, наполнета со вода која истекува полека, во капки, а поделците нацртани на инката покажувале колку е часот. Денот и ноќта траеле 24 часа, но нивната должина не била еднаква. Денот започнувал со изгрејцонце, а завршувал на зајдисонце. Во лето часовите биле подолги, а во зима пократки.
Пред 800 години, во Европа се појавил првиот часовник со тркалезен механизам. Тој имал само една стрелка која ги покажувала само часовите. Во 1714 година англискиот парламент распишал награда за изработка на точен часовник кој нема да греши повеќе од четири минути за време од шест недели, колку што траело патувањето со брод од Англија до Америка. Таков часовник направил Англичанецот Џон Харисон и му додал и втора стрелка, која ги покажува минутите. Во 1760 год. На часовникот му е додадена и трета стрелка, која ги покажува секундите. Денес Часовниците се многу усовршени и со голема точност можат да го мерат времето, не само минутите и секундите, туку и илјадити делови од секундата.
Зошто Дедо Мраз секогаш знае да се врати дома?
    Северната страна на шумските дрвја има мов и лишаи. Тоа знаење им користело за многу загубени патници или ловци и ги спасило од многу непријатности.  
Но како да му се помогне на оној што се загубил во крај каде што нема стебла?
Како да се снајдете при облачно небо, ако се најдете на лединка без дрвја?
        Во Америка, ловците се снаоѓале според растението силфиум чии лисја секогаш се поставени во правец исток – запад. Истото растеније го пренесоа во европските ботанички градини, но тука не ја покажа својата необична особеност. Листовите му растеа во различни правци.
Во Европа расне едно растение со слични својства. Тоа е дивата лоѓика која е многу распространета. Ако ја најдеме на сува земја каде што нема други повисоки растенија и сенки, нејзините листови се поставени во правец север – југ. Поради тоа изгледа како да сме ја сплеснале со нешто од источна и западна страна. Кога расне меѓу повисоки растенија, листовите и се различно поставени. Кога се осамени, со положбата на листовите се бранат од дехидратација. Кога се поставени во правец север – југ, ги погодуваат само сончевите зраци од исток и запад, кога нивната сила е најмала. На пладне кога е најжешко, тесната страна од листот е свртена кон сонцето и на тој начин не губи многу течности. Положбата на лисјата на овие растенија ни покажува како растенијата се приспособуваат кон својата околина, како се борат за живот и ако го знаеме тоа можеме да го искористиме за снаоѓање во просторот.



четвртак, 8. децембар 2011.

GLOBE во Македонија


 ГЛОБЕ 
(глобално набљудување и учење во корист на животната средина)
во ОУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје

                   ГЛОБЕ официјално започна со работа на 22 април 1995 година на 25 – годишнината на Денот на Земјата. Програмата ја води владата на САД преку партнерства со други земји. ГЛОБЕ е светска научна и образовна програма која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина.
Нашето училиште ОУ “Димитар Миладинов” , стана членка на ГЛОБЕ семејството во 1998 година по иницијатива и во координација на МЖСПП (Министерство за животна средина и просторно планирање) Учениците од ОУ Димитар Миладинов веќе 13 години ја мерат температурата на воздухот (минимална, максимална, моментална), температурата на почвата, влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок, количество на врнежи и облачност. Собраните податоци преку интернет ги внесуваат во единствената Светска база на податоци.Поради својата исполнителност се  уште сме основно училиште со најголем број на испратени податоци, поради што често сме пофалувани. Од овој меѓународен проект произлегоа и многу училишни проекти од областа на природните науки (физика, хемија, метеорологија, екологија, астрономија) со кои учествуваме и на разни натпревари и освојуваме награди.


Од досега сработеното можеме да одговориме на често поставуваното прашање:
- ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНИЈА?
Од нашите мерења заклучивме:Температурите во некои периоди од годината енормно се зголемуваат, а во некои периоди од годината опаѓаат, така да има минимална разлика во вредностите на средни годишни температури. Такво колебање на температурите влијае на климата во Македонија и таа се менува. Немаме веќе остри студени зими ниту пак жешки лета. Завладеа умерената клима.
Доказ за промената на климата се и растенијата кои некогаш не можеле да опстојат на нашата почва, а денес се одгледуваат успешно и со се поголеми приноси. Тоа се маслинките, кивито, бананите, лимоните, кикирики и други јужни овошја.


субота, 3. децембар 2011.

ПИПЕРКА

МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
ПИПЕРКА
     Пиперките потекнуваат од Јужно Мексико и Централна Америка. Во Европа е пренесена во 15 век, а кај нас се одгледува од 16 век. Денес во светот се одгледуваат околу 15 вида пиперки.   Piperkite poteknuvaat od Ju`no Meksiko i Centralna Amerika. Тие се природен извор на витамин С. Во нашите домашни сорти на пиперки количество на витамин С изнасува околу110 mg. Освен витамин С, содржат многу каротин (провитамин А), витамините од групата B - B1, B2 и нијацин. Пиперката е многу хранлива, содржи 5,3 - 8 % јаглехидрати,1,2 - 1,5 % белковини, 0,2 - 0,3 % масти. Енергетска вредност на зелените и црвените пиперки е различна (Црвената пиперка има 164 kJ или 42 kcal, додека зелената 112 kJ или 28 kcal). Содржи многу минерални состојки како што се калциум, фосфор, железо, калиум и др. Најпрепорачливо е пиперките да ги јадете во свежа, сурова состојба, зошто созарење, пржење, печењеим се намалуваат количествата на витамин С.  Со киселење и длабоко замрзнување пиперките не губат многу од хранливите својства, а не се намалува ни количеството на витамин С, па обожавателите на овој зеленчук можат да го конзумираат во текот на целата година. Освен по својата форма, големина, боја, меснатост, пиперките се разликуваат  и по вкусот. Имаме слатки, лути и полулути пиперки. Пиперката има и лековити својства. Содржи алкалоид капсцин, кој е лут по вкус, а го има најмногу во семките и коренот, како и цитрин. Се препорачува на болните од атеросклероза, зошто состојката цитрин влијае на капиларната пропустливост и ги прави еластични крвните садови. SГо поттикнува лачењето на пробавните сокови и ја подобрува пробавата. Како зачин, лута пиперка не им се препорачува на луѓе со болен желудник и болни црева, а и здравите луѓе не треба да претеруваат зошто можат да ја оштетат слузницата во желудникот.
Пченкарен леб со лути пиперчиња
Потребно: 2 јајца, 400 ml јогурт 60 g путер, 400 g мешавина за пченкарен леб, 1 прашок за печиво, 2 лажици сол, 2 лути пиперчиња, 30 g лук, 200 g пченка, 100 g изрендан пермазан..
Подготовка:
1. Во голем сад изматете ги јајцата, додадете јогурт и тастопен путер. Потоа ставете ги брашното, прашокот за печиво и сол.
2. На лутите пиперчиња отстранете им ги семките и ситно исечкајте ги. Лукот ситно исечкајте го и издинстајте го со малку путер. 
3. Додадете ги на мешавината заедно со пченката и пермазанот. Сите состојки измешајте ги да добиете мазно тесто. Тестото растегнете го и ставете го во намастен плех (тепсија со големина 30 x 18 cm)
4. Печете до околу 45 минути на температура од 180°С.
5. По печењето оставете го лебот во плехот околу 10 минути, а потоа извадете го на решетка да се излади. 
ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ
Потребни состојки: 1,2 kg мелено месо, 20 големи бабури, 300 ml масло,100 g ориз, 200 g  кромид, 100 g брашно, 500 g домати, мелен бибер, магдонос, црвен пипер и сол.
ПОДГОТОВКА::
Ситно сечкан кромид се става да се пржи, кога е пржен се додава мелено месо, се упржува и се трга од оган. Во испрженото месо се додава ориз, сол, мелен бибер, ситно исечкан магдонос. Со овој фил се полнат отворените и добро очистени и измиени бабури кои потоа се затвораат со парчиња домат. Наполнетите пиперки се редат во сад и се налеваат со вода и се ставаат на тивок оган да се варат. Кога се варени се додава тенка црвена запршка, а потоа се варат уште 5 - 10 минути, а може да се потпечат во рерна. По вкус се додава мелен бибер, ситно сечкан магдонос и сол.  Уз оваа јадење се сервира кисело млеко. 
Сос од печени пиперки 
Потребни состојки:
2 големи печени црвени пиперки,
2 чешниња лук,
100 гр. крем сирење,
1 китка магдонос,
¼ лажичка оригано,
¼ лажичка сушен босилек,
¼ лажичка мелена црвена пиперка,
¼ лажичка сол,
¼ лажичка табаско сос,
Припрема:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете се додека сосот не се соедини. Префрлете го сосот во посебен сад и оставете го да се излади.
Ставете го сосот во подлабок мал сад за сервирање кој ќе го ставите во средина на голема чинија за сервирање. Околу сосот наредете леб, чипс или кифлички.

Пржени полнети пиперки

Потребно:
10 црвени ајварски пиперки,

3 јајца,

300 гр урда,
брашно,

сол по вкус.
Подготовка:

Пиперките ги печеме и лупиме, потоа полниме со урда. Ги валкаме во изматените јајца и брашно. Наполнетите и извалканите пиперки ги пржиме на загреано масло. Пржиме 3-4 мин од едната страна, а потоа ги вртиме и пржиме и од другата страна.