Камилицата (matricaria chamomilla) се користела како лек уште во стариот
век. Лекарите од тоа време ја употребувале
камилицата во терапија на болни, а нејзината употреба се задржала и до денес. Најделотворно е етерското масло од камилица. Етерското
масло е многу богато со корисни состојки, меѓу кои и хамазулен, бисаболол и
сескви терпени. Етерското масло од камилица има многу широк спектар на
фармаколошки својства, како што се антисептичните својства (ги
уништува микроорганизмите предизвикувачи на заболувања) и антивоспалителните
својства. Камилицата е една од најчесто употребуваните
билки против воспаление на слузницата на устата и грлото. Чај од билката се
дава при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на
крајници и на грло. При овие состојби може или да се прави гаргара или да се
инхалира пареата од концентриран чај. Многу поголема е ефикасноста кога за
инхалација се користи чисто етерско масло, кое се додава во затоплената вода и
потоа се инхалира три до пет пати на ден. Етерското масло од камилица има
голема моќ за омекнување на секретите од воспалените дишни органи и со тоа
придонесува за полесно искашлување. Затоа етерското масло се употребува при
бронхит, астма, грип и настинка. Се користи при астма
и други алергии со исклучок на алергиите предизвикани од поленов прав. Чајот од камилица предизвикува засилено потење и затоа е препорачливо да се пие при грип и настинка. Потењето е природен механизам
на организмот за намалување на телесната температура и за исфрлање на
токсините. Многу често
камилицата се комбинира со други билки за да се добијат ефикасни билни
препарати за искашлување. Таков пример се и таблетите "бронхал".
Покрај камилица, тие во својот состав содржат и екстракти од бозел, ленено
семе, ѓумбир, сладок корен (слатко дрвце) и босилек.
Екстрактите од камилица имаат и други фармаколошки дејства - против гасови во црева, диуретично дејство (го забрзува исфрлањето на течности) и спазмолитичното дејство (против болки и грчеви во внатрешни органи). Ваквите дејства се должат не само на присуството на етерско масло, туку и на флавоноиди, кумарини, смоли, слузи и танини. Поради спазмолитичното дејство, камилицата помага за ублажување на менструалните и другите стомачни болки. Се употребува при гастрит, чир на желудникот, дванаесетпрсно црево, воспаление на дебело црево, гасови во цреварта и воспаление на жолчката.
Кај новороденчињата камилицата се користи против грчеви во стомак. Надворешно, компреси од концентриран чај (2 големи лажици во 200 ml вода) од камилица лекуваат воспаленија на кожата, чиреви, апсцеси (насобран гној во ткиво), фистули во пределот на анусот, хемороиди и слично.
Покрај антисептичното и антивоспалителното дејство, за надворешната употреба е значајно и епителизантното својство (го обновува епителот). При изгореници и егземи најдобро е да се употребуваат компреси од ладна камилица. Камилицата може да се употребува и во купки за релаксирање на болните и заморени мускули.
Во козметиката камилицата се употребува за чистење и омекнување на кожата и за нега и хигиена на косата. Екстрактите од камилица се додаваат во разни козметички препарати,,шампони масти, кремови, лосиони и др.