Постојат околу 100 вида урми, во
минатото се нарекувани „лебот на пустината“.Тие се плод на палма која се одгледува
на Средниот исток повеќе од 5.000
години. Станува збор за слатко овошје кое по формата многу наликува на маслинка, а се состои од
плод и семка. Се консумираат суви, полусуви и свежи. Се смета дека
овој плод потекнува од Северна Африка, а денес се одгледува во сите тропски
и суптропски краишта. Единствено нешто што ѝ пречи на урмата е големата
влажност, па затоа плодовите во тропските краишта се многу помали. Една плантажа се наоѓа во Европа, во
близина на шпанскиот град Елче. Урмите се консумираат на различни
начини. Некаде се глазираат со сируп од шеќер и се служат како брз оброк.
Може да бидат полнети со бадеми, ореви, кора од лимон, портокал или марципан.
Во многу земји тие се дел од бројни оброци. Во пудизни, торти, преливи, сирупи, оцет или алкохол. Урмите
содржат големо количество на танин и во медицината често се користат за
прочистување на организмот. Сирупот или пастата од урми може да се користи
при болно грло, настинка, намалување
на болки при грип. Коренот од палмата се користи при забоболка. Урмата има голема хранлива вредност. Тие содржат 80 отсто
јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии,
немаат холестерол и многу се здрави. Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се
најактуелни за време на божикните празници. Лесно се варат, го намалуваат
чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум,
железо, бакар и магнезиум. Урмите го засилуваат телото, го намалуваат
холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии. Оксидансите од
урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро
е да се јадат на празен стомак.