Потребно:
- Два исти стаклени сада со широк отвор (чаши или тегли),
-
Ладна вода,
- Жешка вода,
- Боја за колачи или мастило,
- Парчe хартија или картон,
- Подлабок сад над кој ќе го изведете
експериментот.
Изведување на
експериментот:
1. Налеј
во една чаша до врвот студена вода, а во другата жешка вода.
2. Во
студената вода капни неколку капки сина боја за колачи или мастило, а во
жешката вода црвена боја за колачи или црвено мастило.
3. Со
парче хартија или картон затвори ја жешката вода и превртена постави ја на чаша
со студената вода.
4. Пополека
извлечи го картонот – хартијата и набљудувај што ќе се случи.
5. Експериментот
повтори го со затворање на чашата со студената вода, преврти ја и постави ја на
чаша со жешката вода.
6. Пополека
извлечи го картонот – хартијата и набљудувај што ќе се случи.
Што забележуваш?
Како ќе ги објасниш
однесувањата на жешката и на студената вода.