Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

недеља, 5. фебруар 2012.

ФИЗИКА VII ОДДЕЛЕНИЕ - ГОДИШНО ГЛОБАЛНО И ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОУ Димитар Миладинов Општина Центар Скопје

Г О Д И Ш Н О   Г Л О Б А Л Н О
И
Т Е М А Т С К О   П Л А Н И Р А Њ Е

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ПО

Ф И З И К А ЗА V I I ОДДЕЛЕНИЕ

ЗА УЧЕБНАТА
2011/2012 ГОДИНА

Директор: Славјанка Димова           Предметен наставник: Аида Петровска





бр




Наставна тема







Обработка на нова наставна содржина


Нум.
задачи




Активности




Лаб. вежби




Тематски тест




Вкупно



реализација
1.
Тела, супстанци, физички величини и мерења на физичките величини

7+1

2

1


2

1

14

IX
X
2.
Движење и сили
11
2
3
3
2
21
X XI XII
3.
Енергија
7
3
3
2
2
17
I II III
4.
Внатрешна енергија и топлина
8
3
5
3
1
20
III IV V VI
Вкупно

34
10
12
10
6
72



ПЛАН И ПОДГОТОВКА НА ЧАСОТ
Вовед во физиката
Посебни наставни цели:
Ученикот/ученичката:
  • да се запознае со предметот на изучување на физиката;
  • да го разбере поимот материја и својствата на материјата;
  • да се запознае со поимот експеримент преку определени примери.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
  • објаснува за предметот на изучување на физиката;
  • набројува природни појави и дава примери за физичките појави;
  • врши класификација на физичките појави;
  • разликува супстанца и физичко тело, т.е. може да каже дали во природата има повеќе тела или супстанции;
  • дава примери за движење на материјата;
  • набројува постапки и методи што се користат при изучување на појавите;
  • објаснува зошто физиката е експериментална и теориска наука.
Корелации со темата и други предмети:
Историја,граѓанска култура, искуства од секојдневниот живот;
Природна група предмети: географија, хемија, биологија
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
  • Разговор за тоа што знаат или слушнале учениците за физиката, природните појави, експериментот и сл.
  • Разговор за големите откритија и биографијата на познатите физичари и нивната улога и значење за развојот на цивилизацијата.
  • Изведување на експеримент (за мотивирање на учениците): електризирање на стаклена прачка, дејство на магнет врз магнетна игла, презентирање на некои апарати и инструменти кои ги има во кабинетот.
Наставни средства и материјали:
- училница, училишен прибор, учебник, работна тетратка, нагледни средства: магнет, магнетна игла, стаклена прачка, свилена крпа, иситнета хартија, електроскоп и други апарати и инструменти.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
  • согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката при влезот во VII одд. преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
  • разговор и усна повратна информација;


ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема: 1
Тела, супстанции, физички величини и мерења на физички величини


Реден број
Структура на темата
Тела,супстанции, физички величини и мерења на физичките величини
Време на реализација
1
Запознавање со
програмата (лесно и интересно)


СЕПТЕМВРИ -ОКТОМВРИ
2
Дијагностички тест
3
1.1 Тела
4
1.2 Градба на телата
5
1.3 Мерење на физичките величини. Време
6
Лабораториски вежби
7
1.4 Мерење на должина
8
Нумерички задачи
9
1.5 Мерење плоштина и волумен
10
Нумерички задачи
11
1.6 Мерење маса
12
Лабораториски вежби
13
1.7 Густина на телата
14
Активности (повторување на темата)
15
Контролен (тематски) тест
Наставни цели:
Ученикот/ученичката:
  • да се оспособи да ги разликува различните агрегатни состојби на телата;
  • да го опишува преминувањето на телата од една во друга агрегатна состојба;
  • да ја свати градбата на телата;
  • да се запознае со поимот физичка величина и мерење и SI системот (величини, ознаки, единици мерки и нивни ознаки);
  • да знае да мери должина, време, плоштина, волумен и да ги изразува со соодветните единици мерки;
  • да знае дека масата е мерка за количество на супстанца и дека таа не се менува без разлика каде и да се наоѓа телото во космосот;
  • да ја опишува густината на телата.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
  • ги набројува агрегатните состојби на супстанцијата, давајќи примери за секоја;
  • ги објаснува својствата на агрегатните состојби;
  • дефинира што е атом, молекула, меѓумолекуларни сили и меѓумолекуларно растојание;
  • скицира градба на супстанцијата;
  • ги знае основните мерни единици во SI системот;
  • групира основни мерни единици од изведени;
  • употребува симболи за физичките величини и мерните единици;
  • набројува мерни инструменти за време, должина и маса;
  • ги набројува елементите на шублерот;
  • умее да мери време, должина, плоштина, волумен, маса и густина на телото;
  • математички ја изразува густината на супстанцијата;
  • претвора од една мерна единица во друга;
  • решава задачи во кои пресметува густина, маса и волумен на тело.
Корелации меѓу темата и други предмети:
Користење искуство од секојдневниот живот.
Користење знаења и вештини стекнати од предметите ЗПО, Природни науки, Техничко образование и Математика.
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
  • Набљудување на различни тела во непосредна околина;
  • експерименти: загревање вода до вриење, мешање капки калиев перманганат со вода, мешање вода и алкохол, ширење на мирис од парфем, мешање 100cm3 зрна од грав од една мензура и 100cm3 зрнца од ориз од една мензура во трета;
  • искажување на резултатите и разговор за нив;
  • проценување и мерење на време, должина, плоштина, волумен на тело со правилна геометриска форма;
  • определување волумен и маса на тело со неправилна геометриска форма;
  • покажување дека некои тела со еднаков волумен имаат различна маса и обратно;
  • разговор: потреба за воведување на поимот густина;
  • определување на густината на телата чија маса и волумен претходно беа определени, преку нивниот количник;
  • решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали: 
- училница, компјутер,табла, креда 
- училишен прибор, убник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: мензури, зрна грав и ориз, парфем, калиев перманганат, епрувети, решо, сад за загревање на водата, часовник, штоперка, шублер, метро, вага, тегови, коцки од дрво и ламарини со еднаков волумен и др.
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
  • согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката при влезот во VII одд. преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
  • континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските;
  • разговор и усна повратна информација;
  • следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (мерење на време, должина плоштина, волумен, маса и густина, решавање на задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
сумативно оценување
  • писмени одговори на однапред подготвено наставно ливче или тематски тест;
  • самооценување на учениците во однос на изведбените активности;


Забелешка од реализацијата на темата:


ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема 2 Движење и сили

Реден број
Структура на темата
Движење и сили
Време на реализација
16
2.1 Механичко движење. Рамномерно праволиниско движење


ОКТОМВРИ – НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ
17
2.2 Рамномерно забрзано движење
18
Лабораториски вежби
19
2.3 Сила
20
Активности ( повторување)
21
2.4 Еластична сила и мерење на силата
22
Лабораториска вежба
23
2.5 Инерција, aкција и реакција
24
2.6 Врска помеѓу силата, масата и забрзувањето
25
Активности
26
Контролен тест
27
2.7 Земјина тежа. Тежина
28
2.8 Триење
29
Нумерички задачи
30
2.9 Тежиште и рамнотежа на силите
31
2.10 Лост и негова примена
32
Лабораториска вежба
33
2.11 Притисок
34
Нумерички задачи
35
Активности
36
Контролен тест
Наставни цели:
Ученикот/ученичката:
  • да може да објасни што е механичко движење;
  • да определува кое тело се движи праволиниски, а кое криволиниски;
  • да научи кога едно тело се движи рамномерно, а кога забрзано;
  • да ги научи и разбере формулите со кои се изразува брзината, патот, забрзувањето;
  • да објасни што е сила и да ја прпознава во природата;
  • да го опишува начинот на кој делува гравитацијата, електричната и магнетната сила, да разбере како дејствува еластичната сила;
  • да го разбира поимот инерција и да знае дека мерка за инерција на телото е неговата маса;
  • да разберат дека силите секогаш дејствуваат во пар;
  • да ја осознае врската помеѓу силата, масата и забрзувањето;
  • да научи што е Земјина тежа и која е разликата меѓу Земјината тежа и тежината на телото;
  • да знае што е сила на триење и нејзиното значење во секојдневниот живот;
  • да се опише тежиште и рамнотежа на телата;
  • да научи што е лост и каде се применува;
  • да научи што е притисок, како се обележува, како се определува и да го препознава во примери од секојдневието.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
  • дефинира референтно тело и го објаснува поимот релативност;
  • дефинира патна линија или траекторија, знае што е брзина, со која единица мерка се изразува и ја користи формулата за брзина за да го пресмета патот или времето на движење;
  • дефинира забрзување, единица мерка за забрзување и решава едноставни задачи со примена на совладаните формули;
  • објаснува со кои четири елементи е дефинирана силата;
  • ги класифицира силите според дејството;
  • да ја црта и објаснува силата како вектор;
  • да црта графикон на зависноста на растегнувањето од силата;
  • да изработи динамометар и да мери сила со него;
  • дава примери за инерција од секојдневието;
  • демонстрира еднаквост на акција и реакција, го објаснува принципот на кој е заснован реактивниот мотор;
  • ја применува формулата со која се изразува врската меѓу масата, силата и забрзувањето при решавање на задачи;
  • го применува знаењето за Земјината тежа и тежината на едноставни задачи;
  • споредува силата на триење при лизгање и при тркалање и математички го изразува коефициентот на триење;
  • ги применува знаењата за тежината и рамнотежа на практични примери;
  • ја објаснува примената на лостот и решава едноставни задачи;
  • математички ја изразува зависноста на притисокот од површината и нормалата на силата и решавање на едноставни задачи.
Корелации меѓу темата и други предмети:
Користење искуство од секојдневниот живот.
Користење знаења и вештини стекнати од предметот ЗПО, природни науки, техничко образование, математика и географија.
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
  • експерименти: определување на брзината на автомобилче на батерии; воведување на поимот забрзување со помош на топче кое се тркала по наведена рамнина, демонстрирање на електрични, магнетни и еластични сили;
  • разговор со учениците за промената на движењето и обликот на телото под дејство на сила;
  • табеларно и графичко прикажување на зависноста на растегнувањето на пружината од силата;
  • мерење со динамометар и воведување на мерните единици;
  • воведување на поимот инерција преку примери;
  • демонстрирање на врската помеѓу силата, масата и забрзувањето преку соодветен експеримент во кој се менуваат овие величини;
  • експеримент: истражување на зависноста на силата на триење од видот на подлогата, тежината и допирните површини;
  • табеларно и графичко прикажување на триењето;
  • соодветни истражувања на учениците со кои ќе дојдат до одредени заклучоци за рамнотежата на телата, примената на лостот и зависноста на притисокот од силата и површината;
  • решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда;
- училишен прибор, учебник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: штоперка, автомобилче на батерии, метро, наведена рамнина, топче, стаклена прачка, свилена крпа, магнет, магнетна игла, пружина, статив, тегови, динамометар, прибор за одредување тежиште и рамнотежна положба на тела со различна форма, лост, пластични садови со ист и различни основи и др.
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
  • согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
  • континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските;
  • разговор и усна повратна информација;
  • следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (изработка на динамометар, изработка на тебели и графици, решавање задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
сумативно оценување
  • писмени одговори на однапред подготвено наставно ливче или тематски тест;
  • самооценување на учениците во однос на изведбените активности.


Забелешка од реализацијата на темата:

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема 3 : Енергија

Реден број
Структура на темата
ЕНЕРГИЈА
Време на реализација
37
3.1. Работа


Јануари - март
38
3.2. Енергија. Кинетичка енергија
39
Нумерички задачи
40
3.3. Гравитациска потенцијална енергија
41
Активности( повторување)
42
3.4 Енергија на еластична пружина
43
Лабораториски вежби
44
Активности – подготовка за тест
45
Контролен тест
46
3.5 Закон за запазување на енергијата
47
3.6. Моќност
48
Нумерички задачи
49
3.7. Прости машини
50
Лабораториски вежби
51
Нумерички задачи
52
Активности – подготовка за тест
53
Контролен тест
Наставни цели:
Ученикот/ученичката:
  • да научи што е работа, што е енергија, какви видови на енергија постојат;
  • да научи каква енергија е кинетичката енергија и од кои величини зависи;
  • да може да ја опишува гравитациската потенцијална енергија и да ја поврзува со работата преку различни примери на претворање на енергијата;
  • да ја опишува елестичната енергија и заедно со гравитационата енергија да ги објаснува како облик на потенцијална енергија;
  • да научи што е моќност, како се пресметува и со која единица мерка се изразува;
  • да може да ја разбери суштината на принципот на работа на простите машини, кои овозможуваат со помала сила да се изврши иста работа.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
  • дава примери кога едно тело врши работа;
  • дефинира: механичка работа и математички ја изразува зависноста на работата од силата и патот;
  • дефинира енергија, опишува видови на енергија и ја поврзува енергијата со работата;
  • дефинира потенцијална енергија, математички ја изразува и од неа ја изразува h;
  • дефинира кинетичка енергија, математички ја изразува a како и m, и v;
  • го дефинира законот за запазување на енергијата;
  • објаснува што претставува перпетум-мобиле;
  • дефинира моќност и единица за моќност, математички ја изразува моќноста, а од неа работата и времето;
  • математички го изразува коефициентот на полезно дејство;
  • решава задачи во кои пресметува потенцијална и кинетичка енергија, моќност и го применува законот за запазување на енергијата.
Корелации меѓу темата и други предмети:
Искуства од секојдневниот живот;
Знаења стекнати од темата 2: Движење и сили
природана група предмети, математика
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
  • изведување на експеримент-делување со сила на тело (при хоризонтално повлекување на подлога и при подигање);
  • воведување на математички израз за работа на сила;
  • изведување на експеримент со цел да се разбери поимот кинетичка енергија (судар на различни тела);
  • пресметување на Земјината тежа и поврзување со гравитациска потенцијална енергија;
  • изведување експеримент: определување на работата на еластичната сила;
  • изведување експеримент: топка што скока, Јо-јо, топче што се ниша, со кои на ученикот ќе му се покаже дека енергијата во природата преминува од еден во друг вид;
  • изведување експеримент со цел да се воочи како еднаква работа може да се изврши за различно време (качување и трчање по скали);
  • воведување на математички израз за моќност и изведување на мерна единица;
  • преку примери, разговор и демонстрација се приближува на учениците принципот на работа на простите машини;
  • решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда;
- училишен прибор, учебник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: неколку различни тела, пружина, пинг-понг топче, Јо-јо, математичко нишало, макари, наведена рамнина и др.
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигањата на учениците
формативно оценување
  • согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
  • континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските;
  • разговор и усна повратна информација;
  • следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (демонстрирање на законот за запазување на енергијата, примена на макари, решавање задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
сумативно оценување
  • писмени одговори на однапред подготвено наставно ливче или тематски тест;
  • самооценување на учениците во однос на изведбените активности;


Забелешка од реализацијата на темата:
ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема 4: Внатрешна енергија и топлина

Реден број
Структура на темата
ВНАТРЕШНА ЕНЕРГИЈА И ТОПЛИНА
Време на реализација
54
4.1. Внатрешна енергија и топлина


МАРТ - АПРИЛ - МАЈ - ЈУНИ
55
4.2. Температура. Мерење на температурата
56
Лабораториски вежби
57
Нумерички задачи
58
4.3. Промена на внатрешната енергија со работа и топлина
59
Активности( повторување)
60
4.4. Пренесување на топлина
61
Лабораториски вежби
62
4.5. Топлинско ширење на тела
63
Нумерички задачи
64
4.6. Топлинско ширење на гасовите
65
Активности ( повторување)
66
4.7. Количество топлина(определување на топлината)
67
Лабораториски вежби
68
4.8. Размена на топлина
69
Активности - повторување на темата
70
Активности – подготовка за тест
71
Контролен тест
72
Активности – анализа на тестот
Посебни наставни цели:
Ученикот/ученичката:
  • да научи што е внатрешна енергија и да ја објаснува промената на внатрешната енергија на телата;
  • да научи што е топлина, а што температура;
  • да се оспособи да мери температура и истата да ја изразува во 0С и К;
  • да научи на кои начини се пренесува топлината;
  • да разбере дека при загревање, телата, течностите и гасовите се штитат;
  • да разбере што е количество топлина;
  • до го опишува специфичниот топлински капацитет како својство на супстанцијата;
  • да објасни како настанува топлинската рамнотежа меѓу две тела со различна температура.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
  • дефинира внатрешна енергија на тело;
  • дефинира еден степен Целзиусов;
  • знае да мери температура на тело и истата да ја исчитува;
  • претвора температура од Целзиусови степени во Келвини и обратно;
  • објаснува што е тоа термостат, а што биметална лента;
  • дефинира: струење, зрачење, количество топлина, специфичен топлински капацитет, закон за топлинска рамнотежа;
  • објаснува што е коефициент на линеарно ширење;
  • објаснува што е линиско, а што волуменско ширење;
  • објаснува што е аномалија на водата;
  • може преку примери од секојдневниот живот да го објаснува значењето на специфичниот топлински капацитет;
  • може да ја објасни топлинската рамнотежа меѓу две тела со различна температура;
  • решава едноставни задачи;
Корелации меѓу темата и други предмети:
Искуства од секојдневниот живот;
природана група предмети: математика, географија, хемија;
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
  • изведување експеримент: мешање мастило во топла вода и во ладна;
  • врз основа на движењето на честичките на бојата, да се изведе поимот внатрешна енергија и поимот топлина како енергија која поминува од потопло кон поладно тело;
  • воведување на поимот температура и мерните единици;
  • вежба: мерење на температура со термометри и претворање на температурата од една во друга температурна скала;
  • изведување експеримент: удирање со чекан по метална плочка и воочување на промените на температурата на тие тела;
  • разговор за промената на температурата на дрвото и пилата кога се сечат дрвата, гумата од велосипедоти пумпата со која таа се пумпа и др. слични примени;
  • изведување експеримент: загревање метална прачка на која на еднакви растојанија се залепени восочни топчиња;
  • изведување експеримент со кој ќе се покаже струењето кај течностите со помош на струготини во вода;
  • работилница: облика и преминување на топлината од (човечкото тело на околината);
  • изведување експеримент: загревање на метална жица и воочување на промената на должината со загревањето;
  • демонстрирање на промената на волуменот и притисокот на определено количество гас со загревање;
  • графичко представување на промената на волуменот и притисокот од температурата;
  • изведување експеримент: загревање вода со одредена маса или мешање вода од различни маси;
  • решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда;
- училишен прибор, учебник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: решо, мастило, термометри, чекан, метална плочка, метална шипка, восок, струготини, метална жица, шпиртна ламба, колба и гумена тапа, садови за топлење на вода;
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
  • согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
  • континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските.;
  • разговор и усна повратна информација;
  • следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (мерење на температура и нејзино изразување во 0С и К, изработка на табели и графици, решавање задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
Сумативно оценување
  • писмени одговори на однапред подготвено наставно ливче или тематски тест;
  • самооценување на учениците во однос на изведбените активности;


Забелешка од реализацијата на темата:
ЕКО СТАНДАРДИ: 
Еко-Стандард 1 - Заштеда на енергија
- цел: подигнување на свеста на учениците за потребата од рационално користење на енергијата, како во училишната зграда така и надвор од неа;
  • време на реализација: континуирано;
  • точка на акција:
  1. истакнување на упатства за рационално користење на енергијата во училишната зграда;
  2. редовно чистење на прозорците (еднаш неделно) за максимално искористување на сончевата енергија.
  • индикатор:
  1. број на истакнати упатства за рационално користење на енергијата во училишната зграда;
  2. чисти прозорци.
  • имплементација на Еко-Стандард:
- прку одговори на еднставни прашања да ја сфатат потребата од заштитата на животната средина и искористувањето на енергијата;
-да изнајдат креативни начини да ја промоираат потребата од рационално користење на електрична и топлинска енергија;
 -да прктикуваат со чисти прозорци да го овозможуваат процесот на пренесување на топлината со зрачење.
Еко-Стандард 4 – Уреден и еколошки двор
- цел: подигнување на свеста на учениците за почист и поубав училишн двор, а со тоа и свеста за здрава животна средина;
  • време на реализација: континуирано, нагласено во март;
  • точка на акција: означени места со изработени и поставени знаци видливи за сите во дворот (за место за игра место за одмор, место каде не треба да се гази и сл.);
  • индикатор: изработени и поставени знаци во дворот;
  • имплементација на Еко-Стандард:
  • да ја измерат плоштината во делот од дворот каде треба да се нацртаат игри за малите деца, да направат скица и да изготват план.
Организирање на еко - работилници и еко - кампањи.

Нема коментара:

Постави коментар