Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 10. јул 2013.

Кљукуша со компир (босански) или мрзлива пита со компир (македонски)

КЉУКУША

Потребно: брашно, компир, масло за јадење, сол, бибер, павлака, сирење.

1.Се лупи и се сечка 1,2 kg компир.

2. Во исечканиот компир додаваме ситно исечкан лук, сол, бибер, 3 лажици масло за јадење и прелеваме со студена вода (2 cm над површината на исечканите компири)

3. Додаваме брашно, колку да добиеме ретко тесто (погусто од она за палачинки)

4. Добиената смеса ја лееме во намастен плех и печеме дваесетина минути (малку да се вцрви).

5. Испечената кљукуша ја мачкаме со павлака и посипуваме со рендано сирење.

6. Кљукушата ја ситнеме со лажица на залаци и ставаме во чинија.


7. Се служи со кисело млеко или јогурт.

Нема коментара:

Постави коментар