За успехот во училиште мотивацијата е поважна од интелигенцијата |
“Мотивацијата и навиките во учењето се главен фактор при постигнувањето на успех во училиште а не интелигенцијата. Ова важи и за математичките способности.” – тврдат истражувачите од Минхенскиот и Универзитетот во Билефелд. Според Др. Коу Муријама интелигенцијата е важна за раните фази на развој на математичките способности и неа може да ја измериме прек IQ тесатови, меѓутоа за развој на овие и другите способности значајни за постигнување на школски успех важна улога играат мотивацијата и навиките во учењето. За да го испитаат ова тој и неговите колеги истражувачи од споменатите универзитети проанализирале 6 годишни извештаи на една германска лонгитудинална студија која обезбедувала податоци за математичката способност на 3520 студенти. Во неа дијапазонот на оценување бил од 5 до 10. Тие испитале повеќе фактори меѓу кои мотивацијата, навиките за учење, вештините за учење како и интелигенцијата кои здружено придонесувале во предикција на долгорочниот развој на математичките способности на некој ученик во период од 5 години. Интелигенцијата била силно поврзана со математичките постигнувања на учениците, но само во првобитниот развој на способностите за овој предмет. Мотивацијата и работните навики и вештини се покажале како побитен фактор за развој на учениците (се мисли на кривата на развој во учењето и способноста за учење) и нивен раст во областа на математиката. Вежбањето на меморијата, или учењето напамет, воопшто не било фактор за успех во математиката. Од факторите кои влијаеле врз поголемо постигнување во математиката се издвоиле: чувството на самодоверба, внатрешната мотивација, употребата на вештини како што се сумирање на материјалот, објаснување и правење врска со друг материјал, како и избегнувањето на учење напамет. Интелигенцијата се покажала како фактор со помало значење во развојот на математичките постигнувања. Муријама и другите истражувачи во неговиот тим заклучуваат дека способноста на учениците да научат математика вклучува пред се фактори кои може да се обезбедат преку процесот на едукација и дека тоа не претставува последица на некоја вродена способност каква што е интелигенцијата.
Наставните програми кои се фокусираат на мотивацијата на учениците и на нивните вештини во учењето се можеби и најважниот начин за подигање на способноста во областа на математиката, а веројатно и останатите предмети.
Мотивацијата
е тесно поврзана со емоциите.
Емоциите го покреваат човекот, а мотивацијата
е енергија која човекот треба да ја користи кога превзема некаква акција.Кај деструктивната мотивација основа е негативноста која се јавува кај личноста. Напредувањето во животот се заснова на фактот дека сте среќни со она кое го правите во животот и ви дава мотив за понатаму да функционирате. Ако тоа не е така, во тој случај се јавува деструктивна мотивација која предизвикува бес и страв.
Конструктивната мотивација произлегува од човековото познавање за она што го сака во животот, она што сака да го оствари и неговите вредности. Главна улога има свесноста на личноста. Важно е човековите желби и вредности да бидат врамнотежени и меѓусебно да се поддржуваат. Голем позитивен мотиватор за човекот е стимулацијата на чувствата.
Едноставен пример кој не е врзан за успехот е тој дека човекот прво ја дегустира онаа храна која визуелно изгледа поубаво, па потоа онаа која ги нема тие карактеристики.
За мотивација многу е важно и високото ниво на енергија. Таа е потребна за да може да се покрене било каква акција. Без енергија човекот може да се движи само низ компромисни цели кои не можат да го исполнат.
Ретко кои луѓе го имаат овој квалитет. Работите кои не мотивираат се разликуваат од човек до човек. Сите треба да проучиме и да откриеме што е она внатре во нас кое ни дава сила и мотивација за понатаму. Некој е мотивиран рано наутро, некој доцна навечер. Некој се радува на работата пред комјутер, а некој има тотална аверзија кон тоа. Најдобрата потпора и мотивација доаѓаат од внатрешноста на човекот. Се што очекувате надвор од себе, нема да ги задоволи барањата кои ги имате и целите кои очекувате да ги остварите.
Нема коментара:
Постави коментар