Вашингтон
Ирвинг (Washington
Irving - 3 април,
1783 – 28 ноември, 1859) бил американски писател, есеист, биограф и историчар
од раниот 19 век. Најпознат е по раскази „Легендата на
Заспаната Долина“ и „Рип Ван Винкл“, кои
се дел од неговата книга „Книгата на скици на Џефри Крејон, Гент“. Неговите
историски дела ги вклучуваат биографиите на Џорџ Вашингтон, Оливер
Голдсмит и Мухамед, како и неколку
истории на Шпанија во 15 век, кои обработуваат теми како Кристофер Колумбо,
Маварите
и Алхамбра. Ирвинг, исто така,
бил американски министер на Шпанија во периодот 1842 – 1846 година.
Дебитирал во
литературата во 1802 година со низата набљудувачки писма испратени во Утринска
хроника, напишани под псевдонимот Џонатан Олдстајл. Откако се преселил во
Англија поради семејниот бизнис во 1815 година, постигнал интернационална слава
со издавањето на Книгата на скици на Џефри Крејон, Гент во 1819 година. До
крајот на животот продолжил постојано да издава свои дела, претежно успешни, и
напишал биографија за Џорџ Вашингтон во пет тома, само осум месеци пред
неговата смрт на 76 години, во Теритаун, Њујорк.
Ирвинг,
заедно со Џејмс
Фенимор Купер, бил меѓу првите американски писатели признаени и во
Европа, а поттикнал и автори како Натаниел Хоторн, Херман Мелвил, Хенри Водсворт Лонгфелоу и Едгар Алан По. Како
првиот вистински меѓународно докажан автор, Ирвинг се заложувал за пишувањето
како легитимна професија и расправал за посилни закони за заштита на авторските
права на американските писатели.
Нема коментара:
Постави коментар