Кристофер
Колумбо ќе остане запаметен како човекот кој прв во 1492 го препловил
Атланскиот океан и успеал да ги открие земјите на западната полутопка всушност
за време на неговиот живот немал ни приближна претстава што навистина направил.
Таа чест ќе му припадне на уште еден Италијанец со познато име Америго Веспучи
кој бил во состав на Шпанската експедиција која поминала долг пат покрај
сверното крајбрежје на Бразилија и кој прв утврдил дека станува збор за
новоткриен континент. Сепак Колумбо ќе остане најголемиот синоним за
најзначајното географско откритие било кога пронајдено.
Општо познато е дека Колумбо е Италијанец роден во Ѓенова 1451 во семејство на
ткајач што била една од причинитe да
не се стекне со систематско образование за време на младоста. Во 1474 дошол во
Португалија како претставник на една Ѓеновјанска трговска куќа. Живеел на
краток период во Англија, на островите Мадеира и на соседниот остров Порто
Санто каде што се оженил за ќерката на морепловецот Перестрело по потекло од
Италија од кој останале многу поморски карти и дневници значајни за понатамошниот
развој на кариерата на амбициозниот Колумбо.
Уште во 1483 започнале безуспешните преговори на Колумбо со Португалската влада
за организирање на патување на запад со цел откривање на нови земји и наоѓање
на пократкиот пат за Индија. Всушност од оваа временска дистанца се гледа
колкава била заблудата на тогашните морепловци кои толку го скратувале
дијаметарот на земјата што сериозно верувале дека источниот брег на Азија е
многу блиску веќе познатиот западен дел на Африка. Колумбо многу пати бил одбиван
од Португалците со едноставно објаснување дека Источниот пат до Индија е веќе
на дофат и безпотребно би било да се фрлаат пари за откривање на западниот.
По овој
неуспех Колумбо преминува во соседна Шпанија каде по долги преговори и со
подршка на многу влијателни луѓе и богати трговци конечно успеал од Кралот да
добие одобрение за организација на експедицијата. Останатото е добро позната
историја. Неговото откривање на Сан Салвадор(еден од Бахамските острови)
именувањето на домородците во Индијанци(жители на Индија) и откривањето на Куба
односно нејзиниот јужен брег кој Колумбо го сметал за јужниот дел на Азија. И за време на своето второ патување
кога успеал да открие многу острови и нови земји морепловецот не бил ни
прибижно свесен за што станува збор. Дури за време на третото патување му се
родила идејата дека можеби открил нов континент но сепак бидејки бил длабоко
религиозен човек веднаш овие идеи ги заматил со проекциите на земскиот рај за
кој се сметало дека се наоѓа токму на источниот брег на Азија. Повторно не
сакал да ги превери јасните сигнали и индиции кои му укажувале на јаснта
реалност дека станува збор за нов континент.
Неговото четврто патување во 1502-та всушност претставувало одговор на Васко Де
Гама и неговиот поморски пат за Индија. Пловејки на југозапад од островот Куба
и претпоставувајќи дека тој му го пресекува патот кон јужна Азија Колумбо
упорно барал проток но пловејќи всушност по должината на централна Америка тој
се разбира не можел да го најде.
За време на неговиот животен век Колумбо бил сметан за една голема пропадната
инвестиција на Шпанската влада. До самиот крај на својот живот капетанот морал
да води судски спорови околу неговите права и обврски за преголемите средства
одвоени од тогаш бедната шпанска државна фрлени во вода кои не донесле никаков
повраток. Америка всушност била откриена но Колумбо не доживеал да ужива во
богатствата и славата на новиот свет.
Некои
истражувачи тврдат дека Кристофер Колумбо не ја открил Америка и дека тоа е една
од историските лаги....
Во 15 век
малкумина верувале дека Земјата е тркалезна. Дури ниту црковните
инквизитори не ги спалувале луѓето на клада поради тоа. Инаку, првата
теорија дека Земјата е како топка ја осмислил уште Питагора во Античка
Грција. Всушност, Колумбо ги користел навигациските техники што се
засноваат на фактот дека Земјата е тркалезна. Исто така, Колумбо не
е првиот што ја открил Америка, а покрај тоа никогаш не стапнал со нога
на тоа копно, бидејќи тој, всушност, престојувал на островите Бахами
и Кариби. Виновник за оваа заблуда е шегаџијата по име Вашингтон Ирвинг,
кој во 1838 година напишал новела за Колумбо. А потоа сите поверувале
во неговите авантуристички приказни.
Вашингтон Ирвинг |
Нема коментара:
Постави коментар