ЃУЛЕ - кугла,
топка, обично железна, за спортски натпревар, а топка е
просторот кој се наоѓа внатре во сферата.
Сфера
(грчки: σφαῖρα - „топка“) - совршено тркалезно геометриско тело. Како и кај
кружницата (во две димензии), сферата претставува множество точки, сите
подеднакво оддалечени (r) од дадена точка во просторот. Растојанието r е радиус на кружницата, а дадената
точка О е нејзиниот центар.
Најголемото растојание помеѓу две точки на сферата се нарекува дијаметар. Тој
минува низ центарот на и е еднаков на два радиуса (2r).
Геометријата
прави разлика помеѓу сфера (која е впрочем дводимензионална затворена површина
вметната во тридимензионален простор) и топка, која е вистинско
тридимензионално тело бидејќи го вклучува и внатрешниот простор на сферата.
Топка –
ѓуле - претставува дел од просторот заграден со сферна површина.
Постојат
два вида на топки:
отворена топка и затворена топка.
Отворена
топка со центар во точката е множеството од сите точки од просторот кои се
наоѓаат на растојание помало од r
од центарот О.
Затворена
топка со центар во точката O е множеството од сите точки од просторот кои
се наоѓаат на растојание помало или еднакво на r од центарот.
Значи, за
разлика од отворената, затворената топка ја содржи и самата сфера како гранична
површина.
Топката е
незаменлив дел од многу облици на физички игри и затоа сигурно води потекло од
најстари времиња. Помали топчиња имаат многу разни намени: во техниката како
лагери, како тегови за мамци во риболовот, како зрна за муниција,...
Фрлање на ѓуле – е атлетска дисциплина која вклучува “ставање”
на металната топка на рамото и со засиелн шут
фрлање колку е можно подалеку.
Нема коментара:
Постави коментар