Кога воделе Христос на Голгота, за да
биде распнат, во толпата бил и Симеон од Кирин со двете деца. Едниот
син - Руфус носел со себе зајче. По
едно време крстот паднал на земјата. Потоа се слушнал детски пискот. Се
покажало дека крстот паднал врз зајчето и тоа умрело. Трогателниот плач
на момчето го натерал Исус да се сврти и, покрај своите маки, да го
допре животинчето и да му направи крстен знак. Зајчето оживеало и
исплашено побегнало. Набргу потоа се појавило под крстот на распнатиот
Христос. Кога вечерта учениците отишле да го земат телото на Спасителот,
тоа уште било таму, а очите му биле црвени од тага и солзи. Ова зајче
луѓето го нарекле Велигденски зајак.
Нема коментара:
Постави коментар