Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 13. април 2012.

УРАНИУМ


            Знаете ли дека пред еден век во некои рударски населби (Англија, Чешка, Германија) при ископување на јаглен и други руди се ископувало и извесно количество на ураниумски руди, поради чие зрачење се случвало рударите да се разболат, а голем број и да умрат. Тогаш не се знаела причината за тоа и оваа појава била наречена висинска болест. Во таквите населби бројот на жените бил неколку пати поголем од бројот на мажите (жените не работле во рудниците, туку во рударските домови). Се случувало една жена да има пет до шест мажи во текот на својот живот.

Ураниумот е радиоактивен хемиски елемент со реден број 92 во периодниот систем на елементите и со симбол U. Во составот на атомот има 92 протони и 92 електрони од кои 6 се валентни електрони. Бројот на неутроните се движи помеѓу 141 и 146, со 146 (U-238) и 143 во најголеми заеднички изотопи. Се користи како нуклеарна енергија во нуклеарни централи и е составен елемент и на нклеарна бомба . Ураниумот е доста распространет во природата и во мали количини и може да се најде во камењата, почвата и водата. Во воздухот концентрацијата на ураниумот е многу мала. Луѓето што се изложуваат на радијацијата на ураниумот имаат здравствени проблеми. Во природата, атомите на ураниумот постои како ураниум-238 (99.284%), ураниум-235 (0.711%), и во многу мала количина како ураниум-234 (0.0058%). Ураниумот се распаѓа полека со испуштање на алфа честички. Пола од векот на живеењето на ураниум-238 изнесува 4.47 милјарди години и на ураниум-235 704 милиони години,што значи дека постојат од формирањето на Планетата Земја.
НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ
 Предности:
  • Нуклеарните централи испуштаат релативно ниска количина на CO2, па така, придонесот на нуклеарните централи кон глобалното затоплување преку стакленички гасови е ралатино мал
  • Технологијата е веќе достапна и развиена, нема потреба да се измислува некој нов концепт
  • Се развиваат побезбедни реактори како и се вметнуваат нови мерки за безбедност како во градбата на централите, така и во самите системи
  • Можност за производство на огромна количина на електрична енергија од само една централа
  • Релативно ниски оперативни трошоци
  • Брзо враќање на почетната инвестиција за изградба на централата
Недостатоци:
  • Проблемот со складирање на радиоактивниот отпад е сѐ уште нерешлива загатка. Отпадот од никлеарните централи е екстремно опасен и мора со него да се ракува внимателно, да се најде безбедно и трајно складиште, бидејќи за негово распаѓање се потребни десетици илјади години
  • И покрај зголемените мерки на безбедност, несреќа може да се случи. Технички е невозможно да се изгради 100% безбедна централа. Ризикот може да дојде од секаде – човечки фактор (Чернобил, Островот Три милји), технички дефект, природна катастрофа (Фукушима)… Последиците од хаваријата би биле катастрофални како по луѓето, така и по природата
  • Нуклеарните централи и нуклеарниот отпад можат да станат цел на терористички напади. Ниедна нуклеарна централа во светот не би издржала терористички напад како онов на 11 септември во Њујорк
  • Радиоактивниот отпад од централите може да се користи за производство на нуклеарно оружје
  • Како гориво за производство на енергија се користи радиоактивен материјал (руда) како ураниум или плутониум, кои ги има во ограничени количини на Земјата. Се проценува дека со денешното темпо на експлоатација дека резервите на ураниум ќе се потрошатт за 30-50 години
  • од 20 до 30 години во западните земји. Што значи, илузија е да се мисли дека може да се изгради нуклеарна централа за краток рок (пренесено во наши услови, Мариово може да спие мирно)
  • Висока почетна сума за инвестиција



Нема коментара:

Постави коментар