Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

четвртак, 24. мај 2012.

Св. Кирил и Методиј

Св. Кирил и Методиј
Свети Кирил и Методиј  
на старомакедонски  јазик : Кириллъ и Меиодїи  ( СЛОВЕН - СВЛОВО БОГА - ЗБОРОТ БОЖЈИ, СЛОВЕНИ - ЛУЃЕТО ШТО ГО ШИРАТ СЛОВОТО БОЖЈО ИЛИ ЛУЃЕТО ШТО ГО ШИРАТ ЗБОРОТ НА БОГ), биле браќа родени во Солун во деветиот век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. 
  Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старомакедонскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. 
  Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав 13-ти ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за ко-патрони на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

                     Биографија
        Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонците . Потоа се оддалечи на светата гора (планината) Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.
  Во почетокот на 9 век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија.Во тоа време Pомеиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. 
  Во првите децении на 9 век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт,помошник на ромеискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е јасно македонска ,.. нивните имиња јаcно македонски . Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.
  
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Костантинопол (Цариград - Истамбул ) да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф. 
Фреска на Светите Браќа во манастирот св. Јован Бигорски, дебарско
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на ромеискиот двор.

Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Pомеја, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Pомеја и да им ја наметнат pомејаската црковна власт.
Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ.
По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги на македонски .  
На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.
   Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин.
  
Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.
   Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека:
  
  Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од pомеиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Pомеја.   
  Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до pомеискиот император Михаил 3 овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски (старомакедонски) јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан 2. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу Моравија го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови. 
  Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.
   Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание ''egrigae virtulis'' папата Јован Павле 2 на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле 4 на 26 октомври, 1964 година.

     Моравска мисија 
  Повод за Моравската мисија на Кирил и Методиј било писмото на моравскиот кнез Ростислав до pомеискиот император Михаило 3. Ростислав настојувал да ја осамостои и зацврсти својата држава, Моравија, на која и се заканувала опасност од германското свештенство. За да ја отсрани опасноста тој побарал проповедници кој ќе го шират Христовото учење на словенски јазик. Византија ќе ја прифати неговата порака зашто германско -бугарскиот сојуз бил опасност и за Моравија и за безбедноста на Византија.
  Кирил и Методиј ја прифатиле оваа задача, но наишле на многу проблеми, а еден од нив е немањето азбука на која би ги превел најпотребните книги за богослужба. Константин помогнат од Методиј ја создал првата ''словенска'' азбука,>>>>глаголицата <<<<која содржи 38 букви. Во глаголицата 24 букви биле по образец на ДРЕВНОТО МАКЕДОНСКО ПИСМО - венетското писмо, а останатите 14 според гласовниот систем на македонскиот јазик.
   Во 863 година пристигнале во Моравија каде отвориле голем број училишта и цркви во кои се ширела просветата на словенски јазик, а биле оспособени голем број нови учители. Латино-германското свештенство почнало да ги обвинува за ширење ерес, па затоа папата ги повикал во неговиот двор во Рим. На пат за Рим Константин, Методиј и нивните ученици се задржале во Панонија каде ги удриле темелите на словенската писменост и во оваа земја.
   Пред да пристигнат во Рим кратко се задржале во Венеција каде Константин, кој бил познат како добар филозоф и оратор спорел со тријазичниците т.е. оние кои што се застапувале за ширење на Христовото учење само на грчки, еврејски и латински јазик. Константин ги разбил обвинувањата велејќи дека секој народ има право на свој јазик.
   Кога пристигнале во Рим, Константин ги донел моштите на римскиот папа Климент кој бил маченички удавен во 100 година н.е. а кого подоцна Римската црква го прогласила за светец.
   Во Рим во 869 година папата Адријан ги посветил словенските книги, што значи дека Римската Црква официјално ја признала словенската писменост.
   Набргу по официјалното признание Кирил се разболел и умрел. По неговата смрт Методиј ја продолжил започнатата дејност, но бил постојано напаѓан и клеветен од германското свештенство и исцрпен од борбите со нив, од затворите и прогонствата умрел во 885 година.
   Кирил и Методиј превеле повеќе црковни книги како Неделното евангелие наменето за читање во неделните и празничните денови, Службеникот - книга што содржи молитви и читања при разни служби, Требникот - книга со молитви и читања за различни случаи од животот на луѓето.
   Методиј го превел Номоканонот што претставува зборник од правила и закони за црквата, Патерикот - зборник од кратки житија за разни црковни отци.
   Во житието на Кирил се спомнува и како оригинален автор на различни стихотворби.
 
  Кирил и Методиј врз основа на јазикот на македонските словени од околината на Солун го создале првиот литературен јазик за сите Словени познат како старословенски или црковно-словенски јазик, ја создале првата словенска азбука глаголицата, ги превеле првите книги на словенски јазик и преку ширењето на христијанското учење на словенски јазик ги удриле темелите на словенската писменост и култура.
                                       Г  Л  А  Г  О  Л  И  Ц  А
      Глаголското писмо или глаголица (ранохристијанска азбука) е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици.
  Името доаѓа од старословенскиот збор глаголъ, што значи збор (исто така и потекло на буквата „Г“).
   Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од ДРЕВНО МАКЕДОНСКО ПИСМО -  ВЕНЕТСКОТО ПИСМО , во глаголицата тие имаат орнаментален изглед.
   Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.
   Друга теорија - Црноризец Храбар : вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенската религија.

Историја

  Ростислав, кнезот на Велика Моравија, сакал да го ослободи словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источните франкски свештеници и затоа, во 862 побарал од pомеискиот император да му прати двајца мисионери, Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу 863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и 885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).
   Во 886, источнофранкскиот бискуп на Нитра по име Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот Борис 1 да ги образуваат свештениците на словенски јазици. Пои прифаѓањето на христијанството бо Бугарија во 865, верските церемонии биле изведувани на грчки од свештеници пратени од Pомеја. Заради се поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмои и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.
   Одтаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во Хрватска и Далмација, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во 1248, папата Инокентиј 4 им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во цркватаНајстариот текст каде е напишано името на X рватска е на глаголица
Некои од студентите на охридската школа отишле во Бохемија каде таа азбука се користела во 10-тиот и 11-тиот век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.

   КИРИЛИЦАТА E ПИСМО КОЕ Е ОСМИСЛЕНО ВО РЕГИОНОТ НА ТЕЧЕНИЕТО НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА ,... РЕКА КОЈА СЕ НАОЃА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. При крајот на 9-тиот век  ТАА Е ПРЕНЕСЕНА  во Преслав (Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа   од страна на Константин Брегалнички - Преславски., ЗА НЕЈЗИНИТЕ ПОТРЕБИ . Мора да се потенцира дека кирилицата НЕ е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни - тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од ДРЕВНО МАКЕДОНСКОТО ПИСМО - ВЕНЕТСКОТО ПИСМО, со (најмалку 10) уникатни букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на средниот век.
  Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска.
   Името „глаголица“ на чешки е hlaholice, на словачки hlaholika, на полски głagolica, на руски, македонски и бугарски глаголица, на хрватски glagoljica, на украински глаголиця, на белоруски глаголіца, на словенечки glagolica,на српски глагољица/glagoljica итн.

Зборот „Македонија“ на глаголица, заоблена форма
 Карактеристики
Азъ  - Аз - (А а)
Бoукъі - Бoукъі - (Б б)
Вѣдъі - Веди - (В в) - ВЕНЕТСКОТО
Глаголи - Глаголи (Глагол) - (Г г) - ВЕНЕТСКОТО
Добро - Добро - (Д д) - ВЕНЕТСКОТО
Естъ - Јест - je  - Руско (Е е), (Є є);
Живѣте - Живете - (Ж ж) 
Ѕѣло - Ѕело - (Ѕ ѕ) 
Земліа - Земља - (З з) -   (Θ θ) варијанта од  ВЕНЕТСКОТО 
Иже - Иже - и, ј - (И и) - (Ι ι) ВЕНЕТСКОТО
  И - и, ј 
Г'ервь - Ѓерв - (Ѓ ѓ) 
Како - Како - (К к) 
Людьѥ - Људи - (Л л) - ВЕНЕТСКОТО (Λ λ) 
Мъіслите - Мислете - (М м) - ВЕНЕТСКОТО 
Нашь - Наш - (Н н)
Онъ - Он - (О о) 
Покои - Покој - (П п) - ВЕНЕТСКОТО (Π π) 
Рьци - Р'ци - (Р р) - ВЕНЕТСКОТО (Ρ ρ)
Слово - Слово - (С с) 
Тврьдо - Твердо - (Т т) - ВЕНЕТСКОТО T
Оукъ - Ук - (У у) 
Фръть - Ферт - (Ф ф) - ВЕНЕТСКОТО (Φ φ) 
Хѣръ - Хер - (Х х) 
Отъ - От - (се користи само за транскрипција од ВЕНЕТСКОТО)
Шта - Шт
Ци - (Ц ц) - хебрејско цаде צ 
Чрьвь - Черв - (Ч ч) 
Ша - (Шш) - хебрејски шин ש 
Ѥръ - Јер - македонскиот знак ' пред зборови кои почнуваат со буквата Р ' (како во 'рж)
Ѥръі - Јери - ' + и 
Ѥрь - Јерј - мек знак 
ІАть - Јат - ја - ВЕНЕТСКОТО  A - (отфрлена од рускиот во 1917 и од бугарскиот во 1945)
  Је - Јо - је - Е јотирано (вон употреба)
Ју - Ју 
Ѧсъ (Юсъ малъіи) - [мало Јус] 
Ѩсъ - [Мало јотирано Јус] (вон употреба)
Ѫсъ (Юсъ большии) - [Големо Јус] - (вон употреба) 
Ѭсъ - [Големо јотирано Јус] (вон употреба)
Θита - Фита - ВЕНЕТСКОТО Θ θ
Ижица - Ижица - и (отфрлена од рускиот во 1917)

 (Превземено од ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА)


По повод Денот на македонските просветители Свети Кирил и Методиј (24.05.2012) 

Нема коментара:

Постави коментар