Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 11. јул 2012.

КАФЕ СО ПРИЈАТЕЛ


КАФЕ СО ПРИЈАТЕЛ
Професор стоел пред студентите на час по филозофија со неколку предмети пред себе. Кога часот почнал, зел тегла од кисели краставички, ја ставил на катедрата, ја наполнал со топчиња за тенис, ја подигнал високо и ги прашал студентите дали е полна. Сите се сложиле дека е полна. Потоа професорот ја зел кутијата полна со камчиња, ја истурил врз тениските топчиња во теглата, ја протресол, ја подигнал високо и повторно ги прашал дали сега теглата е полна. Повторно студентите се согласиле дека е полна. Следната кутија која ја зел професорот, била кутијата полна со песок. Кога ја истурил во теглата, песокот нормално ги исполнил сите празнини во теглата меѓу топчињата од тенис и камчињата. Уште еднаш прашал дали е сега полна теглата. Студентите, веќе зачудени, пак одговориле дека сега е сосема полна. Во тој момент, професорот од под катедрата извадил два филџани полни со веќе сварено кафе, ги турил во теглата и кафето го натопило песокот. Студентите тогаш почнале да се потсмевнуваат збунето. „-Ќе ни објаснете ли сега професоре повеќе за теглата од кисели краставички?- прашал некој студент.„ „-Секако-одговорил професорот. Оваа тегла почитувани колеги, претставува вашиот живот. Тениските топчиња, се големите и најбитни нешта во вашиот живот – вашата фамилија, вашите деца, вашето здравје, вашата верба и сите крупни нешта на кои им се предавате со најголема страст во животот. Тоа се оние нешта со кои и кога се друго би исчезнало, вашиот живот би бил исполнет. Камчињата , тоа се останатите нешта кои ви се важни во животот – вашата работа, успехот, кариерата, куќата, станот, автомобилите... Песокот, претставуваат сите мали нешта во вашиот живот, нештата кои ве опкружуваат во секојдневието и кои го надополнуваат вашиот живот. Редоследот на полнење на теглата не е случаен – со насмевка одговорил професорот. Ако на пример најпрво ја наполнев теглата со песок...немаше да има место во неа за камчињата и тениските топчиња. Истото важи и во животот. Ако го трошите целото свое време на мали нешта, нема да имате место за оние покрупните и поважните. Водете сметка за крупните нешта во вашиот живот кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со вашите деца, најдете време за да одите на лекар, изведете го партнерот на вечера или избегајте заедно на викенд некаде – секогаш ќе најдете време да се исчисти куќата, да се поправат дефектите дома, да се испеглаат алиштата или измијат садовите. Прво погрижете се за тениските топчиња, после за камчињата, а за песокот секогаш ќе има време.„ Завршил професорот со објаснувањето и седнал на столот задоволен гледајќи ги збунетите лица на студентите. Нешто не им било јасно. Станала една девојка и прашала: „- Професоре, а што претставуваат двата филџани со кафе?„ Благо се насмевнал професорот и рекол: „-Мило ми е што прашавте колешке. Кафето го турив на крај, за да ви покажам дека БЕЗ ОГЛЕД КОЛКУ И ДА МИСЛИТЕ ДЕКА ЖИВОТОТ ВИ Е ИСПОЛНЕТ, СЕКОГАШ ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА КАФЕ-МУАБЕТ СО ПРИЈАТЕ.

Нема коментара:

Постави коментар