Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

четвртак, 12. јул 2012.

Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден

 Светите Апостоли Петар и Павле
 
Петровден
Македонската православна црква на 12 јули ги празнува двајцата велики апостоли Петар и Павле кои таа воедно ги нарекува и првоврховни, првопрестолници и вселенски учители. Овој празник се смета за еден од најголемите празници по Воскресението Христово - Велигден.
Светите Апостоли Петар и Павле го распространиле Словото Божјо во светот, претрпеле многу страдања и гонења и во своите посланија ги поставиле основните начела на христијанската вера и на христијанскиот живот.
Апостолите Петар и Павле се едни од најзначајните личности во историјата на Црквата. Овие апостоли се луѓето кои ја организирале Црквата. Ним Црквата им го должи својот развој, им го должи своето учење и можноста за напредување.
Со Петровден, нераскинливо е поврзана Галичка свадба, културна манифестација богата со оргинални свадбарски обичаи.
Секој Петровден, 12-ти јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО.
Галичката свадба е туристички настан и вистинска свадба, за која секоја година се избираат двајца млади кои ќе се венчаат на тој ден. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.






Нема коментара:

Постави коментар