Денес имаме многу фестивали, меѓу кои и фестивали на храната кои се одржуваат во сите земји и имаат меѓународен карактер. Во некои земји траат по неколку дена, а во некои и по цел месец. Еден од попознатите фестивали на храната е Сингапурскиот фестивал, годишна манифестација која трае од крај на јуни до крај на јули. Обично храната е придружена со музика, пијалоци и многу забава. Овие фестивали придонесуваат за развивање на туризмот и афирмацијата на земјите учеснички.
Најневообичаени фестивали на храна во светот:
|
„Ла Томатина“ е најпознатиот фестивал на домати, кој се одржува во градот Буњол во провинцијата Валенсија, Шпанија. Се одржува секоја година и тоа во последната среда во месецот август. Тој е дел од поголема церемонија која се одржува во Буњол. |
|
Главна задача на секој учесник на „Ла Томатина“ е да погоди што е можно повеќе други противници со домати. Целата манифестација започнува уште наутро, кога прва задача е пријавените учесници да се искачат на измастен стап на чиј врв се наоѓа парче шунка. Притоа, учесниците танцуваат и пеат, додека од околните куќи ги полваат со големи количества вода. Моментот кога еден од учесниците ќе успее да ја „освои“ шунката на врвот на стапот, тоа е сигнал дека борбата со домати може да започне. Тогаш започнува комплетен хаос. Доматите се носат од Екстрамадура, каде се поефтини и се одгледуваат токму за потребите на фестивалот и поради тоа се со лош квалитет. Иако на прв поглед сликата изгледа хаотично, сепак постојат и определени правила. Учесниците би требало да носат заштитни очила и ракавици, а доматите претходно треба да се смачакни, за да се намали опасноста од повреди. По еден час, биката завршува. Сите се мијат и ги отстрануваат последиците од битката. |
|
ТУНАРАМА ФЕСТИВАЛ - првпат одржан 1962 год. |
|
ТУНАРАМА фестивалот се одржува во Порт Линколн Австралија. Веќе 50 години учесниците на овој фестивал се натпреваруваат во фрлање на 20 килограмски туни во далечина. 2008 година е поставен рекорд кој се уште не е соборен. |
|
CHEESE CURD FESTIVAL (Ellsworth, Wisconsin) |
|
CHEESE CURD FESTIVAL - Фестивал на сирење има долга историја, стар е 200 години. Учесниците на овој фестивал се натпреваруваат во изработка на скулптури од сирење. |
|
BugFest (South Florida) |
|
БугФест – можност да се вкусат најегзотични јадења подготвени од врвни готвачи, декорирани со инсекти. |
|
Chinchila Melon Festival |
|
Chinchila Melon Festival - На секои две години во февруари, во Австралија, се одржува фестивал кој привлекува многу туристи. На овој фестивал, храната не се јаде туку се користи за разни спортови како што е фрлање на лубеници, скијање на лубеници и други лудории. |
Нема коментара:
Постави коментар