Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 30. новембар 2011.

Македонија - ризница на здрава храна




Македонија – ризница наздрава храна
Некои јадења изедени во големи количини можат да бидат штетни и да го нарушат човековото здравје. Затоа треба да се јаде здрава храна, а да се одбегнува штетната. Нашата земја изобилува со здрава храна, храна богата со протеини, јаглехидрати, целулоза, витамини и минерали, храна што го јакне телото, не дебелее и го одржува здравјето.  
Ќе ви предложам неколку зеленчуци и овошки кои треба секојдневно да бидат дел од вашата трпеза, да не тргате по нешто егзотично, далечно, туку да конзумирате и купувате наши производи, производи со проверен квалитет и надалеку познати лековити својства. Тука се јаболките, крушите, дуњите, сливите, грозјето, праските, лукот, кромидот, магдоносот, морковот, спанаќот, пиперот и многу други.
Зошто ни е потребна храната?
За растење и обновување.

Вашето тело расте со создавање на нови клетки. Нови клетки се потребни и за замена на изумрените,а за нивното создавање, потребна е храната.

За енергија

Енергија ви е потребна за работа на мускулите и сите други органи.
За одржување на здравјето.
Потребни ви се витамини и минерали од храната. Со нив ќе го зголемите имунитетот, ќе имате здрава кожа и гингиви, брзо ќе ви сраснуваат раните, ќе имате цврсти коски и заби.

Во состав на храната влегуваат: јаглехидрати, протеини, масти и масла, нинерали и витамини,.. 
Јаглехидратите – даваат енергија. Шеќерот и скробот се два вида јаглехидрати. 
Протеините – го градат телото. Тие се неопходни за растење и обновување.
Мастите и маслата – даваат двојно повеќе енергија од друга храна. Нив телото ги складира за затоплување и за користење во иднина.
Минерали – За правилна исхрана потребни се петнаесетина различни минерали. Тие немаат енергетска вредност, но имаат суштинско значење за здравјето. Ги има во месото, јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот.
Витамини – се супстанци без енергетска вредност, но тие се битни за растење и заштита на здравјето. Има тринаесет најзначајни витамини, а недостаток на некој од нив во исхраната предизвикува заболувања. Најмногу ги има во овошјето и зеленчукот.

  

КУЈНА
Секое поднебје (земја) зависно од климатските услови, изборот од прехрамбените продукти и начинот на живеењето има своја традиција за подготвување на храна и исхрана. Според тоа, зборот кујна не значи само просторија во која се приготвува храна, туку и тоа кој народ на каков начин ја приготвува храната и како се храни. Кујните според навиките, традицијата и поднебието се делат на: домашна и странска.
ДОМАШНА КУЈНА
Домашна кујна еонаа која ја употребува еден народ на потесно подрачје. Кујната која ја употребува Македонскиот народ за нас претставува домашна кујна. Кујната која ја употребува народот на територијата на Словенија за Словенците претставува домашна кујна итн. Во нашата домашна кујна се чувствува влијание на ориенталната кујна (поради долгото ропство на македонскиот народ). Македонската кујна се карактеризира по употреба на црвената запршка, разни тави (тавче грав, тава ориз, турли тава и др.), разни шербетасти слатки (баклави, тулумби, кадаиф, раванија и др.)
НАРОДНА КУЈНА
Народна кујна е онаа која ја употребува еден народ на пошироко подрачје – држава или држави. Таа е под влијание на повеќе странски кујни.
СТРАНСКА КУЈНА
Кујните кои се употребуваат надвор од Македонските граници, за нас претставуваат странска кујна. Странцки кујни има колку што има држави. Најпознати странски кујни за нас се француска, руска, италијанска, унгарска, англиска, кинеска и др. Многу јадења од овие кујни се одомаќиле и кај нас.
ЗАРЗАВАТ (ЗЕЛЕНЧУК)
Има многу видови зарзават, според тоа што од него се користи во исхраната се дели во шест групи: коренест, стеблест, листест, цветест, плодест и мешункаст.
КОРЕНЕСТ ЗАРЗАВАТ
Во оваа група спаѓаат оние зарзавати на кои им се употребува коренот за човекова  исхрана, а такви се: компир, корен од целер, магдонос, репка и др.
СТЕБЛЕСТ ЗАРЗАВАТ
Во оваа група спаѓаат оние зарзавати на кои им се употребува стеблото во исхраната, а такви се: млад кромид, млад лук, прас, шпаргла и др.
ЛИСТЕСТ ЗАРЗАВАТ
Во оваа група спаѓаат оние зарзавати на кои им се  употебува листот за човековата исхрана а такви се: спанаќ, зелка, кељ, прокељ, зелена салата и др.
ЦВЕТЕСТ ЗАРЗАВАТ
Во оваа група спаѓаат зарзавати на кои им се употребува цветот во исхраната, а таков е карфиолот.
ПЛОДЕСТ ЗАРЗАВАТ
Во оваа група спаѓаат оние зарзавати на кои им се користи плодот во исхраната, а такви се: домати, пиперки, бамии, краставици, тикви и др.
МЕШУНКАСТ ЗАРЗАВАТ
Во оваа група спаѓаат зарзавати на кои им се употребува мешунката или плодот од мешунката во исхраната, а такви се: грав, грашок, боранија, леќа и др.
ЗАЧИНИ
Зачини се разни миризливи растенија или производи од разни растенија кои се употребуваат за подобрување на вкусот на јадењата. При употреба на зачините треба да се внимава секогаш јадењето да го задржи својот природен вкус, односно да се ненаметнува вкусот на зачинот кој што е додаден во одредено јадење. Зачини има многу, а се делат според местото каде виреат, на домашни и странски.
ДОМАШНИ ЗАЧИНИ
Во групата на овие зачини спаѓаат: кромид, лук, магдонос, лист од целер, рен, црвен пипер, лорбер, сенф, нане, ким и др.
СТРАНСКИ ЗАЧИНИ
Во оваа група спаѓаат: црн и бел бибер, каранфилче, морско оревче, цимет, ванила и др.

 Ви предлагам да зготвите:

  

 

 

 

МАКЕДОНСКА ЈАНИЈА

Потребни состојки за 10-мина:

2kg овчо месо,
500 g кромид,
2 kg компир,
500 g тиквички, 
200 g модри патлиџани, 
500 g морков, 
500 g домати, 
500 g пиперки, 
1 главичка целер, 
300 ml масло, 
Црвен пипер, сол, бибер. 
ПОДГОТОВКА: 
Се сечка овчо месо, обично 2 парчиња за една порција. Одвоено се става ситно исечкан кромид да се пржи, во него се додава месото, малку вода и црвен пипер, се динста додека месото не стане меко. Потоа се додаваат компири, тиквички, модри патлиџани, морков и целер сечкани на парчиња. Кога се сварени се додаваат пиперките и доматот исто така сечкани на парчиња, а кога и тие се сварат се додава сол, мелен бибер и ситно сечкан магдонос.


Нема коментара:

Постави коментар