Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 23. новембар 2011.

Марија Склодовска Кири

Марија Склодовска Кири

Марија Склодовска е родена на 7. ноември 1876 година во Варшава во фамилија на професори по математика и физика. Во Варшава завршила гимназија, а 1891 година заминала во Париз за да го продолжи своето образование. Студиите ги завршила во1895 година кода се здобила со диплома професор по математика и физика. Таа година се сретнала со францускиот научник Пјер Кири и стапила со него во брак. Кон крајот на 1897 год. Марија Кири започнала да се занимава со проучување на урановите руди. Веќе по неколку месеци таа објавила публикација во списанието “Comptes Rendus”, во која што ја известува научната јавност дека во ураниумовата руда, освен уран, има уште еден елемент кој е уште порадиоактивен од уранот. Пјер Кири, веднаш по откривањето на Марија, го свртува и своето внимание кон нови проблеми. Тие заедно ги откриле радиоактивните елементи: полониум и   радиум. Работејќи макотрпно, во примитивни услови, повеќе од 4 години, тие успеале од ураниумовата руда да издвојат само 1 грам радиум. За овие свои заслуги, тие двајцата, заедно со Бекерел, во 1903 година ја добиваат Нобеловата награда за физика. Физиолошкото дејство на радиумот, кое Марија и Пјер Кири го почуствувале на себе, не еднаш добивајќи рани на рацете, укажувало дека тој елемент може да има значајна примена во медицината. По откритието, Пјер Кири станал член на Француската академија на науките, но набргу по тоа , на 19 април 1906 год. тој трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа на улиците на Париз. На 13 мај истата година Марија Кири станала прва жена професор на познатата Сорбона. Таа прва во светот ги започнала предавањата за радиоактивноста, а како истражувач продолжила со работата врз радиоактивноста. Во 1911 година Марија Кири повторно станала лауреат на Нобеловата награда, овој пат за хемија. Така таа станува прв научник со две Нобелови награди. Во 1914 година во Париз е основан институт за радиумот, каде што Марија работела. Подоцна тука работела и нејзината ќерка Ирена, како и зетот Жолио. Освен двете Нобелови награди, Марија Кири има добиено и многу други признанија: 8 различни награди што се доделуваат на најголеми научници и 16 такви медали. Таа станала почесен доктор на науки на 19 светски познати институции, а 83 научни друштва од различни земји ја избрале за почесен член. Триесетгодишната работа на радиумот без користење какви и да било средства, се одразиле на здравјето на Марија Кири. По долгогодишна болест од тешка анемија, на 4. јули 1934 година, Марија починала. Оваа тажна 1934  година во науката е исто така многу значајна по една од двете ќерки на Марија, Ирена. Ирена со нејзиниот сопруг Фредерик Жолио истата година откриле вештачката радиоактивност.
        

Нема коментара:

Постави коментар