Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 23. новембар 2011.

ТУТУН


ТУТУН



Кога Колумбо во 1492 год. Дошол на американскиот остров Куба, нашол Индијанци како пушат завиткани лисја тутун, токму онака како денеска постапуваат пушачите на пури. Други истражувачи од тоа време опишуваат дека американските дивјаци вовлекуваат чад од лулиња, а го испуштаат низ уста и нос, па со тоа се опијануваат. Од тоа се гледа дека пушењето е многу стар обичај во тие краишта. Американските Индијанци не оделе ни на лов, ни во војна без тутун. Тутунот се употребувал при верските и при закопните свечености исто како и при државничките работи. За домородците тутунот бил свето растение, добиено непосредно од самите богови. Кога непријателот ќе му подаде на непријателот луле на мирот запалено, тогаш тоа значело дека непријателството ќе го снема како што се изгубил чадот од лулето на помирувањето. Но домородците не само што пушеле тутунов лист, туку го џвакале и шмркале. Така ја гаснеле жедта и гладот на бојните полиња. Првите семки тутун во Европа ги донесол еден шпански  истражувач. Француски пратеник во Лисабон, Никот ги насадил и тие убаво пораснале. По него тутунот од ботаничарите го добил научното име Никотин. Се раскажува дека готвачот на пратеникот со преврска од тутунов лист му ја излекувал раната на раката. Тоа било доволно Никот да поверува во лековитоста на тутунот. Веднаш семето го испратил во Париз во кралскиот двор. Француската кралица Катерина Медичи која оттогаш со тутун го лекувала својот сопруг Фрањо II и тоа поттикнало многумина тутунот да го сметаат за особено лековито растение. Во едно лекарско дело од 1565 год. Пишува дека тутунот ги растерува болката и уморот, ја чисти устата и главата, ги ублажува забоболките и ждригањето, чува од колера, ги растерува вошките, лекува краста,отоци, рани и носи сон.

Тутунот по својата лековитост стана толку прочуен што научниците од седумнаесеттиот век расправаа за тоа дали е подобар студен или топол, влажен или сув. Го препорачуваа како средство за дезинфекција, како лек против каменот во бубрезите, против водена болест, црвите, астмата, епилепсијата, главоболката, болестите на градите и мозокот, крварењето и др. Некои други пишувале дека тутунот ги зголемува добрината и умот на човекот. Набргу тутунот го освои Стариот свет. Кога тутунот се рашири низ целата Европа, дојде и до први забрани на пушењето. Англискиот крал Јаков I во 1604 година строго го забрани пушењето. Сиромашниот народ што бил фатен да пуши или да шмрка тутун, бил тепан, а благородниците ги стрижеа и боси ги протерувале од Лондон. Кралот напишал книга против пушењето, џвакањето и шмркањето на тутун во која вели дека тој обичај грд за окото, одвратен за носот, штетен за желудникот, опасен за градите, го затапува мозокот, а смрдливиот тутунски чад сосема личи на задушлива пареа од ѓаволскиот пекол. Од тутунот човекот се пијани и станува луд. Кој пуши тој не може да се откаже од пушењето, значи маѓепсан е. Ако во вас, граѓани, има срам,оставете го пушењето.И во други земји започнала хајка на пушачите. Рускиор цар во 1633 година го забрани садењето, продавањето и пушењето на тутунот. Кој што се огрешел од таа заповед му го сечеле носот, му откинувале од усната, го протерувале и го прогонувале во Сибир. Турскиот султан Мурат IV најстрого го забранил пушењето. За да покаже колку е тоа грда навика, заповедал на еден Турчин да му се протне луле низ носот, а потоа го шетале низ улиците. Војниците што пушеле ги казнувал со бесење до некој прометен пат. Во борбата против употребата на тутунот влегле и црковните власти. Во 1624 година папата Инокенти VIII го проколнал секој што шмркал тутун во црква. Таа забрана во 1690 година ја повторил и неговиот наследник, а била симната дури во 1724 година, кога на папскиот престол дошол Бенедикт XIII голем љубител на шмркањето. Покрај сите забрани и казни употребата на тутунот се повеќе се ширела. По мажите почнале де пушат и жените. Тие особено го прифатиле шмркањето. Бидејќи забраните и казните не помагале, а на државните управи им биле потребни пари, тогаш тие самите го превзеле продавањето на тутунот. Прво Англичаните, а по нив Португалците, Венецијанците и други. Го откупувале тутунот од оние што го саделе и им го продавале на потрошувачите. Така тутунот станал најважниот извор на приходи. Денес на сите државни управи носи милијарди.


ШТО ЗНАЕ ДЕНЕС НАУКАТА ЗА ТУТУНОТ?

Со научни испитување е докажано дека тутунот воопшто не е лековито растение. Напротив, најдено е дека содржи неколку отровни супстанци. Во некои видови на тутун има и до 6% никотин. Тоа е извонредно силен отров. Доволно е да се земаат 30 – 60 милиграми никотин па да предизвика смрт. Толку никотин има во една помала пура или пет цигари. Човекот отруен од никотин прво чувствува потиштеност, а потоа настанува парализа на некои нерви. Крвните садови прво се стегнуваат, а потоа се прошируваат. Од никотинот се стеснуваат зениците, се стеснуваат цревата, а се лачи многу плунка и пот. Никотинот предизвикува пролив и го воспалува жекудникот, штетно дејствува на срцето и крвотокот. Докажано е дека пушачите почесто заболуваат од болести на органире за дишење, срцето, крвните садови, како и од најтешкото заболување – карциномот. По подолго и изобилно пушење доаѓа до нервни и душевни растројства. Ниедно средство за уживање не се проширило толку брзо како пушењето. Денес тоа го заробило преку половината од човештвото. Жртви на кралот на насладатастанале и многу жени. Иако моќта на навиките до сега била посилна од сите забрани, казни и од разумот, да се надеваме дека научните откритија во врска со карциномот и со сите страшни последици од пушењењто ќе не спасат од големи трошоци, тешки заболувања  и маченичка смрт.

Нема коментара:

Постави коментар