Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 5. новембар 2011.

Историја на истражувањето на Месечината со космичките летала


А С Т Р О Н О М И Ј А

Историја на истражувањето на Месечината
со космичките летала

Да се запознае Месечината и да се задоволи човечката љубопитност не може да се оствари од површината на Земјата, туку човекот мора да се вивне во височините. Кога би располагале со најсовршени телескопи, Месечината би ја запознале само од едната страна, онаа што е свртена кон Земјата.
Единствен можен начин да ја запознаеме Месечината е да отпатуваме на нејзината површина.

Прва истражувачка станица кон Месечината е лансирана 15 месеци по лансирањето на првиот вештачки сателит на Земјата – Спутник – 1.
Истражување на Месечината започнало со научни експериментални летала кои без присуство на човекот биле во можност да прибираат многу корисни информации.
Овие автоматски космички летала за истражување на Месечината можат да се поделат во неколку групи:
  1. Летала што летаат околу месечината,
  2. Летала што паѓаат на Месечината,
  3. Летала што слетуваат на Месечината,
  4. Сателити на Месечината,
  5. Летала со релација Земја – Месечина – Земја.
1. Летала што летаат околу Месечината
Првите летала што летнале кон месечината се од оваа група. Тие се скромно опремени со инструменти, но се од големо значење зошто преку нив се истражени сите можности на автоматските летала.
Прво летало од оваа група (летала за летање околу Месечината) е Луна – 1. Оваа летало е лансирано н 02. јануари 1959 година од Русија. По 34 часа летање ова летало поминало на оддалеченост 5998 километри од површината на Месечината, а потоа на 07. јануари влегло во патека околу Сонцето помеѓу орбити на Земјата и Марс.

Пионер 1 – 4 ( Pajonir 1 – 4)
На 03. март 1959 Американците успешно го лансирале Пионер – 4 ( првите три обиди пионер 1, 2 и 3 беа неуспешни)
Пионер – 4 бил опремен со Гајгер – Милеров бројач и апаратура за снимање на површината на Месечина. Успеал да помине на 60000 километри од површината на Месечина и при тоа не детектирал месечинска радијација, а и до ден денешен се наоѓа во орбита околу Сонцето.

На 18 јули 1965 година, Русите го лансирале леталото Зонд – 3 , кое успешно ја заврши својата мисија. Тоа летало направило 25 фотографии од оддалеченост 11570 до 9960 километри од површината на Месечината во временски интервал од 68 минути. Леталото за прв пат ја фотографирало и онаа страна на Месечината која никогаш не се гледа од нашата планета. Притоа се откриени повеќе од 150 форми на релјеф кои ги нарекле според имиња на познати научници.

2. Летала што паѓаат на Месечината
Прво летало што паднало на Месечината е Луна – 2 лансирана е на 12 септември 1959 година од страна на Русите. Со ова летало е докажано дека Месечината нема сопствено магнетно поле.

Американските летала Ренџер од 1 до 9 се разликувале по својата форма, задачи и опрема. Ренџер 1 и 2 имаа задача да ги истражат својствата на леталото, 3, 4 и 5 имаа задача да се спуштат на Месечината, а опремени беа со радиоуреди. Успешно ја завршил мисијата само Ренџер 4, а 3 и 5 ја промашиле земјаѕа и до ден денешен се наоѓаат во опбитата околу Сонцето.
Ренџер 6,7, 8 и 9 имале задача да ја снимаат површината на Месечината.
Првата фотографија е направена на растојание 2000 километри од површината на Месечината. Овие летала направиле 17259 фотографии на Месечината.

3. Летала што слетуваат на Месечината
На 31 јануари 1966 година е лансирана, а на 03. февруари успешно спуштена на Месечината Луна 9. Таа се состоела од три дела: автоматска месечинска станица, ракетен систем и управувач со летањето.
  1. Луна 17 била двостепена автоматска станица, лансирана на 10 ноември 1970 година. Составена е од два независни дела. Првиот дел е степен за спуштање во кој се носел луноход 1 , а неговата задача била да се спушти на Месечината. Втор дел била подвижна научноистражувачка лабораторија која ја истражувала површината на месечината движејќи се по неа.
    Луноход 1, работел на Месечината 10 дена и поминал 10452 метри. Во
    тој период испратил повеќе од 200 панорамски фотографии од
    површината на Месечината, наповеќе од 500 места извршил
    физичко – механички мерења, а на 25 места хемиски анализи на
    Површината од Месечината.

СЕРВЕЈОР ПРОГРАМ се состоел од седум летала. Сервејор 2 и 4 не успеале да слетаат на Месечината, им се расипале моторите. Другите летала успешно слетале и ја извршиле својата мисија. Тие ја фотографирале површината на Месечината, анализирале, ја одредиле густината на почвата и отпорност на притисок. Овие испитувања ги направиле со цел да може и човекот да ја посети Месечината.

4. Летала со релација Земја – Месечина – Земја
Постојат два вида од овие летала: безпилотни и пилотни.
ЗОНД програм имал осум летала. Зонд 5 е првото летало кое се спуштило на Месечината и се вратило на Земјата.

КОСМИЧКА ПРОГРАМА : АПОЛО
Оваа програма почнал да се развива во 1962 година. Се работи за космичко летало наречено месечински брод или месечински модул.

Леталото претставува превозно средство за двајца астронаути до површината на Месечината и назад.
Аполо – 8 е прво летало со кое луѓето се доближиле до Месечината.

АПОЛО 11 е лансиран од Флорида (вселенски центар – Кенеди) на 16 јули 1969 година во 13 часот и 32 минути. Во орбитата околу Земјата поминал два часа и 33 минути, а потоа ги вклучил моторите и летнал кон Месечината.

По 100 часа и 14 минути од почетокот на мисијата астронаутите Армстронг и Олдрин влегле во лунарниот модул Орел и по 27 секунди се упатиле кон месечината. По 102 часа и 45 минути и 40 секунди од стартот на мисијата лунарниот модул Орел слетал на Месечината.
По слетувањето на модулот, Армстронг и Олдрин веднаш се подготвиле за враќање. Од модулот прв излегол Армстронг, а по него Олдрин. По површината на Месечината шетале нешто повеќе од два часа, а потоа одморале.
Враќање на Земјата се случило на 24 јули во 16 часот 50 минути и 35 секунди. Се спуштиле во Пацификот. Оваа мисија вкупно траела 195 часа, 18 минути и 35 секунди.
По АПОЛО 11, се извршиле и други мисии со луѓе (АПОЛО 12, 13, 14, 15, 16, 17). Единствено АПОЛО 13 не ја извршил својата мисија и принудно се вратил на Земјата.

Најзначајни резултати на оваа космичка програма АПОЛО, за посетата на човекот на Месечината се:

- За првпат човекот се спуштил на површината на некое друго небеско тело,
- По шест посети 12 астронаути донеле 388,4 килограми примероци од површината на Месечината, а направени се и 10000 фотографии.


Нема коментара:

Постави коментар