Мирот е зелен - секое дело е важно
Во јуни
2021 година учествувавме во меѓународната иницијатива "Peace Is Green - Every
Act Matters" (Мирот е зелен - секое дело е важно), организирана по повод
Светскиот ден на животната средина. Овој настан имаше за цел да ја подигне
свеста за значењето на зачувувањето на природата, обновувањето на животната
средина, климатските промени и садењето дрвја. Преку нашето учество станавме
дел од една голема светска акција која испрати важна порака дека секој човек
може да придонесе за подобар и почист свет. За нас, оваа иницијатива беше
продолжение на една долгогодишна посветеност на екологијата и грижата за
животната средина. Повеќе од две децении сме дел од семејството на ГЛОБЕ
училиштата, а една и пол деценија сме и ЕНО училиште. Екологијата ја
имплементираме во наставата, соработуваме со невладини еколошки организации, се
грижиме за правилното управување со отпадот во училиштето и редовно садиме
дрвја. Преку сите овие активности ги поттикнувам учениците да развиваат еколошка свест, одговорност
и љубов кон природата.










