Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

Приказивање постова са ознаком Македонија - ризница на здрава храна. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Македонија - ризница на здрава храна. Прикажи све постове

недеља, 21. јул 2013.

ГРОЗЈЕ

Македонија - ризница на здрава храна

ГРОЗЈЕ
Грозјето е топчест плод на виновата лоза, кој се одгледува низ целиот свет. Уште во античкиот период, Египќаните, Феничаните, Грците и Римјаните ја одгледувале и облагодарувале виновата лоза поради лековитото дејство на неферментираниот сок од грозје. Првите податоци велат дека винова лоза се одгледувалa уште пред 8.000 години на територијата на денешен Иран. И египетските хиероглифи покажуваат одгледување на грозје. Се одгледува на подрачја на кои има изобилство од сончеви зраци. 

Денес се одгледуваат голем број видови грозје, од кои 12 се основа за производство на најголем дел од вината во светот. Грозјето може да го поделиме на десертно и винско грозје, а во тие рамки на црно и бело грозје. Cabernet Sauvignon, Merlot, Nebbiolo, Pinot, Syrah и Sangiovese се најпознати сорти црно грозје. Од белото грозје ќе ги издвоиме Chardonnay, Traminec, Rizling, Semillon. Грозјето се користи како индустриска суровина за производство на сок, вино, вински оцет, коњак и други пијалоци. Од семките на грозјето се произведува ароматизирано масло. Грозјето е многу вкусно и здраво овошје. Тоа не само што освежува, туку се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии. Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно хранливо овошје. Содржи околу 20% шеќер, па е енергетска намирница. Грозјето е важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство. Поради разните антиоксидаси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите. Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на старењето, односно ја спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести. Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје. Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“ холерстерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести. Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул.
 СУВО ГРОЗЈЕ
Од одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите. Истражувањата покажуваат дека сувото грозје помага во ублажувањето на голем број на тегоби.
Сувото грозје поволно делува на срцето и мозокот, содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул и штити од срцев удар.
Сувото грозје превентивно делува против ракот. Помага во спречувањето на малигните заболувања, па дури може и да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.
Сувото грозје ги одржува здрави забите. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина. Сувото грозје е извор на енергија и помага при губиток на килограмите, се препорачува како ужина меѓу главните оброци, бидејќи брзо не заситува. Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ни помогне полесно да го издржиме физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе не засити и нема да чувствуваме глад. Сувото грозје ја подобрува работата на цревата, се покажало како идеален лек за проблемите со органите на варење. Ја подобрува работата на цревата и го забрзува нивното празнење, па е природен лек против запекот и сличните болести, кои го зафаќаат системот за варење. Сувото грозје помага при напнатост и нервоза, може да ни помогне да ја намалиме напнатоста и нервозата.
Сувото грозје има антивирусно дејство, состојките во сувото грозје имаат и антивирусно дејство. Тие го зајакнуваат природниот имунитет на организмот и му овозмозуваат поефикасно да се бори против вирусите и другите микроорганизми, се покажало особено ефикасно при инфекции со полиовирусот и херпес симплекс вирусот.
 Вински оцет
Винсиот оцет лади и стега, го смирува проливот и крварењето. Од вински оцет се приготвуваат облоги за разни заболувања. Повременото миење на целото тело со смеса од оцет и вода ја чисти кожата и ги отвара порите, ја подобрува циркулацијаата, а со тоа организмот станува поотпорен на разни болести и штетни влијанија од надворешната средина.

субота, 3. децембар 2011.

ПИПЕРКА

МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
ПИПЕРКА
     Пиперките потекнуваат од Јужно Мексико и Централна Америка. Во Европа е пренесена во 15 век, а кај нас се одгледува од 16 век. Денес во светот се одгледуваат околу 15 вида пиперки.   Piperkite poteknuvaat od Ju`no Meksiko i Centralna Amerika. Тие се природен извор на витамин С. Во нашите домашни сорти на пиперки количество на витамин С изнасува околу110 mg. Освен витамин С, содржат многу каротин (провитамин А), витамините од групата B - B1, B2 и нијацин. Пиперката е многу хранлива, содржи 5,3 - 8 % јаглехидрати,1,2 - 1,5 % белковини, 0,2 - 0,3 % масти. Енергетска вредност на зелените и црвените пиперки е различна (Црвената пиперка има 164 kJ или 42 kcal, додека зелената 112 kJ или 28 kcal). Содржи многу минерални состојки како што се калциум, фосфор, железо, калиум и др. Најпрепорачливо е пиперките да ги јадете во свежа, сурова состојба, зошто созарење, пржење, печењеим се намалуваат количествата на витамин С.  Со киселење и длабоко замрзнување пиперките не губат многу од хранливите својства, а не се намалува ни количеството на витамин С, па обожавателите на овој зеленчук можат да го конзумираат во текот на целата година. Освен по својата форма, големина, боја, меснатост, пиперките се разликуваат  и по вкусот. Имаме слатки, лути и полулути пиперки. Пиперката има и лековити својства. Содржи алкалоид капсцин, кој е лут по вкус, а го има најмногу во семките и коренот, како и цитрин. Се препорачува на болните од атеросклероза, зошто состојката цитрин влијае на капиларната пропустливост и ги прави еластични крвните садови. SГо поттикнува лачењето на пробавните сокови и ја подобрува пробавата. Како зачин, лута пиперка не им се препорачува на луѓе со болен желудник и болни црева, а и здравите луѓе не треба да претеруваат зошто можат да ја оштетат слузницата во желудникот.
Пченкарен леб со лути пиперчиња
Потребно: 2 јајца, 400 ml јогурт 60 g путер, 400 g мешавина за пченкарен леб, 1 прашок за печиво, 2 лажици сол, 2 лути пиперчиња, 30 g лук, 200 g пченка, 100 g изрендан пермазан..
Подготовка:
1. Во голем сад изматете ги јајцата, додадете јогурт и тастопен путер. Потоа ставете ги брашното, прашокот за печиво и сол.
2. На лутите пиперчиња отстранете им ги семките и ситно исечкајте ги. Лукот ситно исечкајте го и издинстајте го со малку путер. 
3. Додадете ги на мешавината заедно со пченката и пермазанот. Сите состојки измешајте ги да добиете мазно тесто. Тестото растегнете го и ставете го во намастен плех (тепсија со големина 30 x 18 cm)
4. Печете до околу 45 минути на температура од 180°С.
5. По печењето оставете го лебот во плехот околу 10 минути, а потоа извадете го на решетка да се излади. 
ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ
Потребни состојки: 1,2 kg мелено месо, 20 големи бабури, 300 ml масло,100 g ориз, 200 g  кромид, 100 g брашно, 500 g домати, мелен бибер, магдонос, црвен пипер и сол.
ПОДГОТОВКА::
Ситно сечкан кромид се става да се пржи, кога е пржен се додава мелено месо, се упржува и се трга од оган. Во испрженото месо се додава ориз, сол, мелен бибер, ситно исечкан магдонос. Со овој фил се полнат отворените и добро очистени и измиени бабури кои потоа се затвораат со парчиња домат. Наполнетите пиперки се редат во сад и се налеваат со вода и се ставаат на тивок оган да се варат. Кога се варени се додава тенка црвена запршка, а потоа се варат уште 5 - 10 минути, а може да се потпечат во рерна. По вкус се додава мелен бибер, ситно сечкан магдонос и сол.  Уз оваа јадење се сервира кисело млеко. 
Сос од печени пиперки 
Потребни состојки:
2 големи печени црвени пиперки,
2 чешниња лук,
100 гр. крем сирење,
1 китка магдонос,
¼ лажичка оригано,
¼ лажичка сушен босилек,
¼ лажичка мелена црвена пиперка,
¼ лажичка сол,
¼ лажичка табаско сос,
Припрема:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете се додека сосот не се соедини. Префрлете го сосот во посебен сад и оставете го да се излади.
Ставете го сосот во подлабок мал сад за сервирање кој ќе го ставите во средина на голема чинија за сервирање. Околу сосот наредете леб, чипс или кифлички.

Пржени полнети пиперки

Потребно:
10 црвени ајварски пиперки,

3 јајца,

300 гр урда,
брашно,

сол по вкус.
Подготовка:

Пиперките ги печеме и лупиме, потоа полниме со урда. Ги валкаме во изматените јајца и брашно. Наполнетите и извалканите пиперки ги пржиме на загреано масло. Пржиме 3-4 мин од едната страна, а потоа ги вртиме и пржиме и од другата страна.


СЛИВА

МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА 
 СЛИВА
Сливата потекнува од Азија, а популарна била уште во стариот век. Од старите записи дознаваме дека ги красела и висечките градини во Вавилон. Во стариот Рим дошла од Сирија, а Римјаните ја конзервирале и сушиле. Западна Европа ја запознала сливата благодарение на крстоносците. Сливата ни помага при психичките немири и тешкотиите со концентрацијата, го јакне срцето и имунитетот, го регулира варењето на храната, го чисти организмот, ја поттикнува работата на црниот дроб. Можеме да уживаме во нејзините свежи плодови, во вкусните џемови и компоти, а надалеку е популарна и преработката на сливите во ракија. Ова овошје има топчест или издолжен плод со сина, црвена или жолта боја на лушпата. Месото е слатко, со жолта боја и со семка во средина. Денеска се одгледуваат повеќе од 2000 видови, а најпознати се сортите италијанка, аченка, и мирабел. Од витамините најмногу има бета - каротин (провитамин А), витамин Ц, Е, фолна киселина, ниацин и витамин Б6 и големо количество минерали: калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, железо, бакар. Содржи и пектин. Сливите имаат ниска калорична вредност. Убавиот вкус е резултат на добрата рамнотежа меќу шеќерот и овошните киселини. Содржи и сорбитол - шеќерен алкохол што се користи како замена за шеќер при производство на слатки диететски производи наменети за дијабетичари и луѓе што можат да конзумираат ограничени количества шеќер. Сорбитолот има 60% од слаткоста на шеќерот, но помалку калории, добро ја задржува влагата, има соодветна кристална структура и не предизвикува појава на кариес. Во форма на концентриран сок сувите сливи се користат како природен засладувач, како појачувач на вкусот и како конзерванс. Поради изобилство на витамини, минерали, диететски влакна и природни шеќери, сливата завзема важно место во исхраната. Придонесува и за подобрувањето на исхраната, со тоа што нејзиниот состав човековиот организам лесно го прифаќа и со тоа употребливоста на поединечни состојки е зголемена. Лаксативното дејство на сливата има особено значење за современиот човек бидејќи поради малата физичка активност и начинот на исхрана е намалена активноста на сревата, а тоа го регулира сливата. Сливите што ќе ги купите треба да се со дршки, да се цврсти и неоштетени. По купувањето може да се чуваат 2 до 3 дена во фрижидер бидејќи брзо дозреваат. Ако сакате да ги чувате 2 до 3 месеци замрзнете ги но претходно исчистете ги од семки. Најпознат заштитен знак на кујната на нашите баби е мармалад или слатко од сливи. Варена во вода или во вино со шеќер, кора од лимон или портокал и со зачини дава вкусен компот. Најпознати се штрудлите и питите од сливи. Често се става и во солените јадења особено уз печените меса. Сливовата ракија - обична или препеченица, е одличен аперитив, а може да се користи и за фламбирање на слатките и солените јадења.
СЛАТКО ОД СЛИВИ:
1 kg сливи измијте ги и излупете ги, па ставете ги во варова вода да отстојат еден час. Потоа добро измијте ги, извадете им ги семките и оставете да се исушат. Шеќерниот сируп пригответе го од 1 kg шеќер и  1/2 l вода. Сливите варете ги околу 25 минути, а при крај додадете лимон исечен на тркалца и ванилин шеќер. Изладеното слатко спакувајте го во суви и чисти тегли.  
МАРМАЛАД ОД СЛИВИ  
5 kg сливи измијте ги, исчистете ги од семките, ставете во тенџере, посипете ги со 500 g шеќер и со една кесичка лимонтус. Печете ги во рерна на  200 °С. Повремено мешајте го мармаладот. Откако ќе биде печен, врелиот мармалад ставете го во загреани тегли, вратете ги во исклучената рерна да се фати тенка коричка. Кога ќе се излади затворете ги теглите.   
КОЛАЧ ОД СЛИВИ
Потребно:  • 4 јајца  • 200 g шеќер  • малку сол (на врв на нож) • 1 лажица сок од лимон  • 160 g  брашно  • 1 лажица прашок за пециво  • 80 ml зејтин  • 80 ml млеко  • модри сливи 
Подготовка:
1. Модрите сливи исечете ги на пола и извадете ја семката.   
2. Одделете ја жолчката од белката. Белките заедно со солта и сокот од лимон изработете ги во цврст снег, додека жолчката изработете ја со шеќерот.        
3. Додадете го млекото и зејтинот и изработете ги заедно со миксер на најголема брзина.     
4. Брашното измешајте го со печивото и постепено додавајте го во смесата со жолчката и постојано мешајте.    
5. На крај додадете ја смесата со белки. 
6. Четвртастото тавче поставете го со хартија за печење. Истурете ја смесата и нанесете ги сливите со исечената страна нагоре.    
7. Печете во загреана печка на 180 степени околу 35 – 40 минути. Откако ќе се олади колачот, исечете го на големи парчиња и ставете го малку да се олади во фрижидер. По желба, посипете го со шеќер во прав.

СПАНАЌ

   МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
СПАНАЌ
     Спанаќот е едногодишно растение што влегува во групата зелен листест зеленчук. Во средниот век се продавал свеж или варен, исечкан или во топчиња под називот espinoche, Арапите спанаќот го донеле во Шпанија во 15 век, од каде се проширил во северна и средна Европа, а во 17 век бил исклучително популарен и се подготвувал со шеќер. Спаначот има низа позитивни карактеристики - ја подобрува работата на срцето и мускулите, ги јалне нервите, ги негува кожата, косата и ноктите. Претставува идеална храна за трудниците. Богат е со вода, има ниска калоричност и лесно се вари. Во спанаќот има белковини, јаглехидрати, масти, минерали, витамини, а одличен извор е на фолна киселина, витамините А и Ц, железото, магнезиум, манган. Богат е со рибофлавин, витамин Б6 и Е, калциум и калиум. Освен комплексот витамини и минерали има и диетални влакна. Младиот спанаќ содржи помалку влакна од стариот така што количеството можеда варира. Листовите на спанаќот се со изразито зелена боја, која им дава големо колилество на хлорофил па со право се нарекува "крал на зеленчукот со хлорофил. Минералните елементи дејствуваатповолно на нашиот организам. Магнезиумот е неопходен за работата на мускулите и срцето, калиумот го поттикнува излачувањето на вода од организмот и со тоа ја олеснува рботата на бубрезите и срцето, го намалува крвниот притисок, го поттикнува варењето на храната, односно го чисти организмот. Спанаќот содржи и добра комбинација на витамините од комплексот Б, а тие се важни при метаболизмот на јаглехидрати, ги јакнат нервите, заслужни се за убавата коса и нокти. Витаминот С го засилува имунитетот на организмот, а бета-каротинот е важен антиоксиданс. Значаен извор е на фолна киселина, која игра голема улога во градбата на црвените крвни клетки. Диеталните влакна од спанаќот ја поттикнуваат перисталтиката на цревата, ја намалуваат можноста на запек и го подобруваат излачувањето отпадни работи од организмот. Спанаќот содржи и оксална киселина чии кристали можат да ги затнат бубрежните канали па на луѓето со бубрежни заболувања им се препорачува да го исфрлат од исхраната. Оксални киселини ги има најмногу во гранките на спанаќот, затоа при подготовка треба да се отстранат. Дејствувањето на овие киселини може да се ублажат со млеко или павлака, бидејќи оксалната киселина се сврзува со калциумот од млекото и создава калциумов оксалат кој се излачува од организмот. На пазарите може да се најде стар и млад спанаќ, кои се разликуваат според изгледот на листовите. Младиот спанаќ најчесто има еден лист со светлозелена боја и мазна површина, а стариот е составен од повеќе листови со темно зелена боја и набрана површина. За да се зачуваат што е можно повеќе драгоцените состојки и да се избегне создавањето на штетни соединенија се препорачува: 
- Да се конзумира спанаќ посеан во лето или есен, кој содржи помало количество оксална киселина и нитрати (спанаќот одгледан на сонце содржи помалку нитрати и оксална киселина отколку оној во сенка).
- Да се подготвува на пареа.
- Да се фрли водата во која се варел, бидејќи е заситена со нитрати.
- Да се подготвува секогаш непосредно пред конзумирањето зошто еднаш термички обработениот спанаќ не смее да се загрева (поради создавањето нитрати).
Како се подготвува спанаќот?
На спанаќот извадете му ги цврстите и жилави делови на стебленцето, а потоа добро измијте го за да ги отстраните земјата и песокот. Свежите листови потопете ги во сед со зовриена вода и варете ги околу пет минути. Можете да го подготвувате на пареа и на решетка под која врие вода (од 6 до 8 минути). Младите листови од спанаќот можете кусо да ди пржите во маслиново масло или путер. По варењето на пареа, спанаќот потопете го во ладна вода да се излади и да ја зачува убавата боја. Потоа добро исушете го и истиснете вишокот течност. Спанаќот исечкајте го и послужете го како додаток со месо или употребете го како добар додаток за подготовка на сос или супа, како фил за пита или палачаики. Можете да го зачините со пипер, лук, да му додадете сланина или потпечени коцки леб. Свежиот млад спанаќ можете да го користите во салата со зачини, маслиново масло и лимонов сок.
Ви предлагам да зготвите: 
Пита од спанаќ
Потребни состојки:
1 чаша јогурт
4 јајца
2 филџани масло за јадење
15 лажици брашно
1 печиво за печење
1 кафена лажичка сол
1/2 kg спанаќ

Подготовка: 
Исчистете го спанаќот, измијте го добро и исечкајте го како за секоја пита. Во брашното додадете ги сите останати состојки, добро измесете или измешајте и на крајот додајте го спанаќот. Подгответе едно тавче со тоа што ќе го премачкате со путер и потоа ставете ја смесата во него. Брзо до рерна, вклучете ја, ставете ја питата и печете 15 до 20 минути на умерена температура 150 или 200 C степени, зависи колку добро и брзо ви пече рерната. Сервирајте на маса со кисело млеко или јогурт, кој како сака. На здравје!
Чорба од спанаќ
Потребно:
500 g спанаќ
1 главица кромид
2 цешниња лук
6 лажици масло
1 l топла вода, сол и пипер

Подготовка: 
Спанаќот се вари во вода со сол 5 min. Се цеди и се сече ситно. Кромидот и лукот се пржат во масло. Се додаба спанаќот и се запржува. Потоа се додава водата во која се варел спанаќот, солта и црниот пипер и сето се вари на тивок оган уште 15 минути.
Салата од спанаќ
Потребно:
• 2–3 главици виолетов кромид, ситно исечкан
• 600 g спанаќ
• 100 g јагоди
• 40 g суви боровинки
•85 g лешници, крупно насечкани за сос
• ½ голема шолја маслиново масло
• 2 големи лажици оцет
• 2 мали лажици сенф
• 1 мала лажица шеќер
• 1 мала лажица морска сол
• бибер, свежо измелен

ПОДГОТОВКА
За да го подготвите сосот, потребно е да имате мал сад (тегла) и капак кој добро се затвора. Ги комбинирате маслиновото масло, оцетот, сенфот, шеќерот, солта и биберот. Затворете го убаво садот и добро протресете го. Оставете го на страна.

Во сад со средна големина, ставете го кромидот и прекријте го со студена вода. Оставете да отстои барем 30 минути. Добро исцедете го и ставете го на хартиени крпи или салфетки. Во мал сад измешајте ги боровинките со 2 големи лажици од сосот за салата. Оставете ги да отстојат 20 минути или најдобро до сервирањето на салатата.
На крај, во голем сад ставете ги спанаќот (може и малку да го проварите ако сакате), кромидот и јагодите. Сосот протресете го уште еднаш и полијте го врз салатата. Убаво измешајте и потоа попрскајте со боровинки и лешници.
СОВЕТ ПЛУС: сосот може да го подготвите еден ден однапред и да го ставите во фрижидер. Треба да го извадите од фрижидер два часа пред сервирањето. Кромидот и боровинките најдобро е да се подготват 4 часа пред сервирањето.
Потпечен спанаќ со јајца
Потребно: 
1 kg спанаќ
1 главица кромид
4 јајца
црвен пипер
сол

Подготовка:
Исчистете го спанаќот и измијте го. Кромидот ситно сечкан испржете го и во него ставете малку црвен пипер, посолете по вкус. Оваа смеса ставете ја во тавче, долејте мапку вода и ставете да се пече. Кога ќе биде напола печено, преку спанаќот скршете ги јајцата. Претходно направете вдлабнатина во спанаќот за да може јајцата да останат цели или изматете ги и прелијте го спанаќот. Вратете го тавчето во рерна и печете го уште десетина минути.

ДОМАТ


МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
ДОМАТИ
     Доматот за Европејците  бил непознат се додека Шпанците не го донесле од Америка во 15 век. Во тој период доматот не бил прифатен поради непријатната миризба на листовите и стеблото и се сметал за отровно растение, што во суштина и е, но неговите плодови не само што не се отровни туку се многу корисни и хранливи и изобилуваат со многу полезни супстанции.  Доматот се вбројува во најраспространети градинарски култури  и е застапен во сите кујни низ светот. Се користи свеж, како салата, варен или конзервиран. Има многу мала енергетска вредност (во 100 g домати  114 kJ или 25 kcal) што е разбирливо поради неговиот состав (94 % вода, 4,7 % јаглехидрати, малку белковини и масти). Многу е богат со витамини и минерални соли. Изобилува со витамин C, со витамини од групата  B (B1, B2, B3, B6), витамини E, K, PP и каротин кој во црниот дроб се претвора во витамин А. Од минералните соли најмногу содржи натриум, магнезиум, калциум и железо, а по малку има бакар, кобалт, никел и радиум. Доматот содржи и многу органски киселини и пектини кои го подобруваат апетитот, ги активираат пробавните процеси и го спречуваат негативното дејство на бактериите. Модерната прехрамбена индустрија во изобилство ги користи биохемиските својства на доматот и неговите кулинарски предности, па во продажбата може да се најде најширок асортиман на производи од доматите: пире, кечап, салца, сок, а во мноогуте производи доматот е незаменлив додаток и зачин. Доматот не е признат како лековито растение, но многу поволно дејствува на многуте болести. Го зголемува лачењето на водата од организмот, добро влијае на срце и крвните  садови, го намалува крвниот притисок, ја регулира столицата и др. Се препорачува на дијабетичари зошто ја поттикнува работата на штитната жлезда. Ниту една диетна кујна не може да се замисли без доматот во било која форма, особено свеж.
ВИ ПРЕДЛАГАМ ДА ЗГОТВИТЕ
 КЕЧАП
Потребни состојки:
- 2 kg црвени пиперки;
- 1/2 kg лути пиперки;
- 6 kg домати;
- 3 главици кромид;
- 2 - 3 ливчиња дафинов лист;
- 300 ml масло;
- 1 лажица шеќер;
- сол по вкус;
- 3 лажички бибер;
- 2 лажици сенф.
Приготвување:
Пиперките, доматот, кромидот и дафиновиот лист се варат 2 часа и се пасираат. Во садот се ставаат маслото, шеќерот, сота, биберот и повторно се ставаат на оган и се вари додека не згусне, а на крај пред да е готово се става сенфот. Варениот кечап се става врел во врели тегли или шишиња кои веднаш се затвораат. 

 ПОЛНЕТИ ДОМАТИ 
Потребно: 
12 помали домати, 8 топчиња моцарела сирење, 75 g туна од конзерва, 100 g зелена боранија, сечкан магдонос, сечкани бадеми, 1 младо кромидче, лимон, 4 лажици мајонез, 120 g ракчиња од конзерва, 1 жолта пиперка, 1 зелена пиперка, 1 младо лукче, 4 ливчиња босилок, 4 ливчиња нане, 1 лажица копар, маслиново масло, табаско сос, сол.
Приготвување: 
Измијте ги доматите, исечете им го горниот дел со петелката и зачувајте ги. Издлабете ги доматите со лажичка, внимавајќи да не го дупнете дното од доматите. Внатрешноста на доматите малку посолете ја и превртете ги да се цедат 1/2 час. Во меѓувреме измијте ја и исчистете ја боранијата. Исечкајте ја на парчиња долги 1 cm и варете ја 5 min во солена вода, па веднаш изладете ја под млаз студена вода. Во сад ставете ја боранијата, исцедената туна, 1 лажичка исечкан магдонос, сок од половина лимон, бадемите и младото кромидче исечено на тркалца. Исцедете ги ракчињата,исечкајте ги на парченца и измешајте ги со пиперките ситно исечкани, ситно исечкани перца од младиот лук, мајонез, табаско сосот и солта и сето тоа добро измешајте го. Моцарела сирењето исечете го на парчиња и ставете го да се цеди 15 min. Босилекот и нането исечете ги на тенки резанки, па измешајте ги со моцарела сирењето, копарот, солта и на крај прелијте ги со малку масло. Четири домати  полнете ги со смесата од туна и боранијата, другите четири домати полнете ги со смесата од ракчињата и пиперките, а преостанатите четири со салата од моцарела сирењето. Доматите поклопете ги со сопствените капачиња, прекријте ги со фолија и оставете на ладно за да се спојат вкусовите, па потоа послужете ги.
ЧОРБА ОД ДОМАТИ
Потребни состојки за 10 порции: 1 kg домати или 0,2 kg салца, 150 ml масло, 0,08 kg брашно, 0,1 kg кромид, 0,08 kg морков, целер, пола корен пашканат, 0,1 kg ориз, лорбер, бибер, сол и шеќер.  Се сечка зеленчукот (кромид, морков, целер, пашканат, магдонос) и се пржи, а потоа се додава лорбер, бибер во зрно, сол, можат да се додадат и разни окрајци од суви меса но не е задолжително. Кога зеленчукот е пржен се додава брашно, а кога се упржи и брашното се додава салца или варени свежи домати и се вари на тивок оган 30 min. Се трга од оганот и се пасира. Пасираната чорба се става повторно да зоврие при што по вкус се додава мелен бибер, малку шеќер и сиров путер. Кога се сервира се додава варен ориз или некои варени тестенини.